Бугарските медиуми за настанот во Благоевград: Клубот е приватна работа


  Иако имаше многу новинари на денешното отворање на македонскиот клуб во Благоевград (и домашни и македонски), самиот настан доби релативно мало покривање на бугарските медиуми. Според она што го јавија медиумите, речиси еднодушен е заклучокот дека клубот „Никола Вапцаров“ е приватен и дека со него нема ништо ниту бугарската држава ниту општината. Медиумите известуваат […]

Македонскиот клуб во Благоевград отворен без тензии и со смирувачки пораки


  Мирно, без проблеми и инциденти, денеска напладне во бугарскиот град Благоевград беше отворен македонскиот клуб „Никола Вапцаров“, именуван по поетот роден во Банско, Пиринска Македонија. Вревата околу отворањето на клубот беше далеку поголема отколку самиот настан, кој помина со засилено полициско обезбедување, а самата акција ја командувал министерот за внатрешни работи, Иван Демерџиев. Во […]

Ковачевски: Ќе испратиме барање за отворање македонски културен центар во Благоевград


Премиерот Димитар Ковачевски информира дека веќе се подготвува документација за отворање македонски културен центар во Благоевград и најави дека барање за тоа ќе биде испратено до бугарската Влада. На новинарско прашање Ковачевски денеска рече дека во недела, за кога е најавено отворањето на клубот во Бугарија, ќе биде во Скопје. Порача отворањето вакви клубови да […]

Заев и Борисов повторно заедно на Илинден


Благоевград – Премиерите на Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, попладнево заедно чествуваа 115 години од Илинденското востание пред споменикот на Гоце Делчев на плоштадот во Благоевград. Како што пренесе Бугарската новинаска агенција БТА, Заев во говорот искажа благодарност за поканата од Бугарија да биде дел од одбележувањето и посочи дека денеска […]

Борисов: Се чувствува нов дух на соработка со Македонија


Благоевград – Само една година откако го потпишавме Договорот за пријателство, соработка и соседство, веќе се чувствува позитивен резултат во нашите заемни односи, изјавил премиерот на Бугарија Бојко Борисов за време на средбата со македонскиот премиер Зоран Заев попладнево во Благоевград, каде што се одбележуваат 115 години од Илинденското востание. Повикувајќи се на прес-службата на бугарската […]

Заев и Борисов заедно на Илинден во Благоевград


Македонскиот премиер Зоран Заев и бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска во Благоевград заедно ќе ја одбележат 115-годишнината од Илинденското востание, соопшти владината прес-служба. Двајцата премиери ќе учествуваат на церемонијата на положување венци и цвеќе на споменикот на Гоце Делчев, на плоштадот „Македонија“ во Благоевград. Ова ќе биде втора заедничка прослава, по потпишувањето на Договорот за […]