Повторно Онколози во Битола: по реакциите, закажани февруарски термини за пациенти


Онколози во Битола повторно ќе вршат прегледи откако клиничката болница преку објава информираше дека е надминат прекинот поради кој пациентите од Пелагонија повеќе од еден месец повторно патуваа во Скопје за терапија и контроли. Во објавата се наведува дека визитинг-онколозите од Скопје продолжуваат со редовни прегледи и дека веќе се отворени и закажани термини за […]

Во Битола поскапува паркирањето, градинките, ѓубретарината, гробните места…


  БИТОЛА – Три месеци по локалните избори во Битола поскапуваат комуналните давачки за повеќе услуги. Корекции ќе имаат сметките за ѓубретарина, гробно место, паркирање, градинка и старски дом. Ова е денешната жешка тема на која се дискутира во Советот на Општина Битола. Градоначалникот Тони Коњановски вели дека едно семејство со станбен простор од 50 […]

За пет години СДСМ во Битола изгубил 15 илјади гласачи


  БИТОЛА – Пет години наназад СДСМ во Битола тоне во освоени гласови. Лоши резултати за Битола се презентирани на Конгресот на партијата што се одржа овој викенд. Всушност ОО на СДСМ Битола покажува голем пад на гласачкото тело за близу 15.000 гласачи, стои во извештајот на Централниот изборен штаб (ЦИШ) во делот за Битола, […]

Бистра, првото девојче новороденче во Битола


Првото новороденче во Битола е женско и ние како родители одлучивме да се вика Бистра, истакна мајката Елена Бојковска, прворотка од Битола. Градоначалникот на Битола Тони Коњановски претпладнево беше посета на Клиничката болница-Битола каде рече дека убав е поводот како и секоја година, првиот ден од годината да ја дочекаме заедно и да ја прославиме […]

Возовите за Битола нема да запрат, туку ќе бидат редуцирани


  Редовниот железнички сообраќај на релација Битола-Скопје и обратно ќе има една рестрикција, но не и целосно запирање во периодот на најавената реконструкција на пругата Скопје-Зелениково. Од битолската Железничка станица потврдија дека секојдневно и без пречки од Битола за Скопје ќе се поаѓа во 03,10 часот наутро и во 18,22 часот попладне, додека од Скопје […]

Со песните на Есма, Balkan Zoo и Нина Ќориќ ја освоија Битола


За време на изминатиот викенд, во Центарот за култура за првпат во Градот на конзулите настапија ценетите хрватски музичари Balkan Zoo, предводени од фантастичната фронтменка Нина Ќориќ. Како што известуваат од Битола, Центарот беше исполнет со експлозивна world music-фузија од фламенко и балкански ритми, како дел од 17. Фестивал на музика од светот. Не сокривајќи […]

Битола изгради две нови градинки, но листата на чекање и натаму е долга – илјада деца


  БИТОЛА – Во Битола се изградија две нови градинки и уредувањето е во финална фаза, а една градинка се адаптира во функционален објект и се отвори пред еден месец. Новите градинки, коишто се очекува да бидат ставени во функција во 2026 година, се со вкупен капацитет од 460 деца. Градинката што се отвори неодамна […]

Битолскиот Совет го прифати грантот од милион евра преку кредитот од ЕИБ


  БИТОЛА – Новиот Совет на Општина Битола деблокира големи инфраструктурни проекти за градот и го прифати грантот од владата од еден милион евра, како дел од кредитот од Европската инвестициска банка. На вонредна седница средствата од грантот се прифатени, а ќе бидат наменети за реконструкција на водоводни мрежи на седум локации во Општина Битола, […]

Социјалдемократи го повикуваат Филипче кадовските промени да ги почне од Битола


  БИТОЛА – Социјалдемократи од Битола го повикуваат претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кадровските промени да ги почне од Битола. „Одговорност за изборниот пораз во Битола мора да има“, вели членот на Централниот одбор на СДСМ,  битолчанецот Зоран Стојчевски. СДСМ Битола на локалните избори освои 5 мандати на советници со околу 5.400 гласови, а кандидатот […]

Во Битола веќе ќе нема „кочничари“, ВМРО-ДПМНЕ ја има целата власт


  БИТОЛА – Во Битола локалните избори завршија во првиот круг. Убедлива победа на Тони Коњановски и ВМРО-ДПМНЕ. После четири години локална власт на Коњановски, битолчани вчера го избраа уште во првиот круг (со освоени 18.813 гласа) и направија разлика од близу 11.000 гласови од второпласираната, независната кандидатка Габриела Илиевска. На овие избори сите ученици […]

Битола може да се грее и од отпадните води на пречистителната станица


  БИТОЛА – Битола е во завршна фаза на изградбата на топловодот и после 13-14 години дел од институции во градот ќе добијат греење. Топловодот зависи од енергијата од РЕК „Битола“. Градот под Пелистер е пред нов и голем предизвик, а тоа е како да се обезбеди континуиран извор на енергија за топлификацијата, бидејќи РЕК […]

„Не ве каниме на дебата, туку на лет“ – Духовит повик од аероклуб од Битола до кандидатите за градоначалници


Во пресрет на локалните избори, аероклуб „Мирко Тодоровски“ од Битола на социјалните мрежи објави духовит, но суштински повик до сите кандидати за градоначалници и советници, да не зборуваат само за височини, туку и да ги почувствуваат. „Повик до сите кандидати за градоначалници и советници: аероклуб „Мирко Тодоровски“ ве кани – не на дебата, туку на […]

Дождот го „изеде“ булеварскиот влез на Битола од страната на Прилеп


Изведбата на новиот булеварски влез во Битола од страната на Прилеп ги покажа недостатоците уште по првите поинтензивни дождови. По вчерашниот дожд новиот асфалт во должина од околу 200 метри наместа е спуштен под нивото, а наместа шахтите се повисоки од патот. Ваквата слика денеска ја обелодени преку видео независниот советник Иван Чулакоски од Битола. […]

Коњановски потроши цел мандат – Драгор не го погледна! Сега ветува осветлување, а во реката се излеваат…


Актуелниот градоначалник на Битола, Тони Коњановски, ветува осветлување на реката Драгор и чистење на коритото, откако четири години мижеше, а во реката како што појаснуваат некои советници, се излеваат фекалии. – Во следниот мандат, една од најголемите заложби ќе биде реализација на многу значаен проект, уредувањето на коритото на реката Драгор, симбол на нашата љубов […]

Побаран притвор за четири лица поради сомневање дека подметнале експлозивна направа пред куќа во Битола


Постапка против четири лица поведе Основното јавно обвинителство Битола, за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик. Јавното обвинителство информира дека постои основано сомнение дека заеднички, со учество во дејствие на извршување или друг особен придонес подметнале експлозивна направа пред една куќа. -Според доказите прибрани по наредба на […]

Битола: Туризам со приказни и дигитална моќ


БИТОЛА – Битола има историја, култура, археологија со која може да живее и да се претстави преку привлечна туристичка промоција. Приказните за Хераклеја, Старата чаршија, Саат кулата, Широк Сокак, конзулите, Пелистер… можат да се редат во зависност од туристите, а најбројни се  Турците, Грците, Евреите, поради поврзаноста со историјата, културното наследство, приказните, па и личните […]

„Манаки“ ѝ дава посебен живот на Битола во седумте денови филмска магија


БИТОЛА – Започнува ИФФК „Браќа Манаки“ која дава посебен шарм во секојдневието на Битола. Едноставно, градот во седумте филмски фестивалски денови ја живее магијата на големото платно. Во Битола се слават кинематограферите, а публиката ужива во визуелната естетика. Низ градот е развижено, со многу странски гости, со еден збор кажано, градот живнува  и културно и во […]

Конечно, повторно ќе се полагаат возачки испити во Битола


БИТОЛА – Почнува полагањето на испитот за возачка дозвола во Битола откако повеќе од еден месец беше прекинато поради недоследноста на работата на фирмата Авто мото испитен центар „Супер возач“ ДООЕЛ Битола. Од правното лице „Супер возач“ ДООЕЛ Битола кое организира и спроведува испити за возачи на моторни возила за сите категории и национални категории […]

Испитниот центар за возачки испити во Битола ќе проработи само никој не кажува кога


Испитниот центар за полагање за возачки дозволи во Битола и околните пелагониски општини ќе проработи, потврди министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Министерот најави дека се бара законско решение за да се реши проблемот со неквалитената услуга и недостатоците во работата на испитните центри, а како можно решение наведе јавно приватно партнерство. Испитниот центар Авто […]

Левица за градоначалник на Битола ќе го поддржи независниот кандидат Зоран Николовски


БИТОЛА- Партијата Левица јавно даде поддршка за независниот кандидат за градоначалник за Битола, Зоран Николовски. Денеска веста ја објави советникот Горан Велевски со заедничка фотографија на која на Широк Сокак се седнати на кафе кандидатот Николовски, пратеничката Јована Мојсовска и битолските советници на Левица, Велевски и Гаврил Трајковски. -Почитувани битолчанки и битолчани, чест ни е […]