Битола доби двајца министри, СДСМ остана без пратеник од градот


  БИТОЛА – Битолчани како никогаш досега добија две министерства во новата влада на мандатарот Димитар Ковачевски. Битолските социјалдемократи добија министерство, но во исто време останаа без ниту еден пратеник. Сега градот го претставуваат двете пратенички од ВМРО-ДПМНЕ. Позитивни се првичните оценки во политичката јавност во Битола откако Битола доби двајца министри во новата влада […]

Утрово нов земјотрес кај Битола, три степени по Рихтер


Утрово, во Битола беше почувствуван нов земјотрес. Според податоците објавени на сајтот на Европско-медитеранскиот сеизмолошки ценар (ЕМСЦ), станува збор за земјотрес со јачина од  3 степени според Рихтер, а епицентарот бил на 17 километри од Битола, на длабочина од два километри. Инаку, во текот на ноќта уште еден посилен земјотрес беше регистриран од епицентралното подрачје […]

Ситуацијата со ковидот во Битола станува многу тешка


  БИТОЛА – Расте бројката на ковид заболени во Битола по новогодишните и божикните празници. Граѓаните панично бараат здравствена заштита, вели градоначалникот на Битола Тони Коњановски. Вчера Битола го достигна врвот на потврдени позитивни случаи со дури 164 нови инфекции, како никогаш досега од почетокот на кризата до денес. Во последниот период, пред и по […]

Бессона ноќ за битолчани, нема повредени, се бројат материјални штети


  БИТОЛА – Непреспана ноќ имаа битолчани по синоќешниот земјотрес, шокот и паниката попуштаат, но се бројат материјалните штети. Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, по седницата на Кризниот штаб објави дека нема пријавени повредени од синоќешниот земјотрес, но дека владее многу паника помеѓу граѓаните. „Затекнавме паника, што е нормално во вакви ситуации, излезени граѓани од колективните […]

Нови земјотреси утрово во Битола, урната една постара куќа, паднати балкони


По неколкуте земјотреси кои вчера ја исплашија Македонија, тлото не престана да се тресе ни во текот на ноќта. Најсилниот во текот на ноќта беше со јачина од 3,2 степени, а беше регистриран во 2:32 часот. Утрово нов потрес во 7:28 часот, од истото епицентрално подрачје кај Лерин и со јачина од 3,6 степени според […]

Состанок на општинскиот кризен штаб во Битола по земјотресот


Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, за денес во 11 часот, закажа состанок на општинскиот кризен штаб во проширен состав. На состанокот главниот акцент ќе биде ставен на две точки: Првата, состојбата во Битола после вчерашните серија земјотреси и Втора точка, состојбата со Ковид-19 во Битола. На состанокот ќе бидат разгледани и дополнителните мерки кои […]

Земјотресот ги вознемири жителите на Битола, Охрид и Кичево, некои ноќта ќе ја минат на отворено


Земјотресот со магнитуда од 5,3 степени што вечерва во 22:43 часот беше почувствуван во земјава, ги вознемири жителите на Битола, Охрид и Кичево кои во голем број ги напуштија своите домови. Граѓани од трите града велат дека потресот предивикал напукнување на ѕидовите во некои објекти, но информации за посериозни штети засега нема. Тресењето на станбените […]

Советникот Чулакоски вели дека само 10 минути „славел“ на балконот на Офицерски во Битола


  БИТОЛА – Советникот од независната листа „Поинаку“, Иван Чулакоски, вели дека само 10 минути спроти Нова година се задржал на балконот на Офицерски дом во Битола и „свечениот“ момент го овековечил со фотографија. Неговото појавување на балконот предизвика бура од реакции во Битола, во кои се велеше дека некои луѓе од општинските структури имаат […]

Дали Офицерски во Битола станува „село без кучиња“  


  БИТОЛА – Советникот од независната листа на „Поинаку“, Иван Чулакоски, кој во Советот на Општина Битола е дел од владејачкото мнозинство, на дочекот на Новата година се фотографирал со своето семејство на балконот на реконструираниот Офицерски дом, додека битолчани прославуваа под ведро небо околу домот во дворот. Посакувајќи им на битолчани среќна Нова годна […]

Интервју со Наташа Петровска: Кога велеа губиме – победувавме, кога велеа победуваме – губевме


  БИТОЛА – Донеодамнешната градоначалничка на Битола, Наташа Петровска, вели дека до ден-денес никој не ѝ објаснил зошто не била кандидирана за втор мандат на локалните избори. Во интервју за „Независен“ таа дава нејзино видување зошто СДСМ ги загуби изборите во Битола и што би требало да направи новата раководна структура во партијата. Таа вели […]

„Зимската приказна“ во Битола заврши на врвот на Пелистер


Симболично, со изгрејсонцето на првиот ден од новата 2022 година на врвот Пелистер заврши празничната „Зимска приказна“ во Битола, која беше своевиден претпразничен фестивал кој траеше девет денови. 34 планинари своето новогодишно зимско искачување „Први на 1-ви” го започнаа од платото пред Офицерскиот дом, кое во декември беше претворено во празничен плоштад каде се одвиваа […]

Виена во Битола- новогодишен концерт со најубавите валцери на Штраус


Прекрасен новогодишен подарок подготви Камерниот оркестар на Битола со новогодишната бајка „Виена во Битола“, објави тера.мк На програмата на концертот беа најубавите валцери, полки и арии од Штраус, Шостакович, Верди, Лехар и други, кои ги слушаме секој први јануари на изведбата на познатиот виенски концерт во Виена , а овојпат таа бајка имавме можност да […]

Мостот кај Безистенот во Битола приемен испит за Тони Коњановски


  БИТОЛА – Реконструкцијата на мостот кај Безистенот во Битола по сѐ изгледа ќе биде „приемен испит“ и проверка на способностите за менаџирање на новиот градоначалник Тони Коњановски. Мостот стар повеќе од еден век стана првата главоболка за новата власт која се соочи со неажурната администрација на локално и централно ниво и незадоволството на граѓаните […]

Општина Битола ќе ја поддржи реконстуркцијата на планинарскиот дом „Копанки“


Општина Битола со пари од буџетот ќе  ја помогне реконструкцијата на планинарскиот дом „Копанки“ на Пелистер.  Според нив, тоа е место  „за чаенки на нашите сограѓани, но и атракција за гостите на Пелистер“. „После повеќе состаноци со вљубениците во планината и планинарските спортови, првпат после 9 години, како претставници на локалната самоуправа се наоѓаме пред […]

Едногодишно сираче од домот во Битола починало од Ковид-19


Институтот за јавно здравје информира дека во денешната ковид статистика во однос на починатите лица пронајдени од регистарот, пријавено е дете на една годишна возраст починато на 29.11.2021. Како што наведуваат од ИЈЗ, според податоците добиени од Клиниката за детски болести, станува збор за дете кое престојува во дом за деца без родители во Битола. […]

„Патувачки театар Шопаловиќ“ – нова премиера на Битолскиот театар


Ансамблот на НУ Народен театар-Битола е подготвен за изведба на претставата „Патувачки театар Шопаловиќ“ во режија на Љупчо Ѓоргиевски-Бубе. Претстава заборува за нашата верба во професијата со која се занимаваме и за нашата неисцрпна енергија да го сочуваме театарот како институција, но и театарот во нас, истакна режисерот Ѓоргиевски на прес-конференција во Битола. – Зошто […]

Битола како зимска бајка- со 57 проекти и над 60 часа активна програма ќе се пречека Новата година


Со голем концерт на битолчаните „Фолтин“, од четврток, 23 декември – па сѐ до новогодишниот дочек на 31 декември, платото пред неодамна реконструираниот Офицерски дом ќе биде претворено во празничен плоштад на кој 9 денови под отворено небо ќе се случува програма насловена како “Зимска приказна”. 57 различни проекти, во кои ќе настапат музички групи, […]

Кривичен суд: Техничкиот факултет во Битола не прифаќа да го изврши супервештачењето за „Ласкарци“


 Од Техничкиот факултет во Битола, каде по наредба на судот за супервештачење беше испратен предметот поврзан со автобуската несреќа во село Ласкарци, на 17 декември 2021 година добиено е известување дека Факултетот не прифаќа да го изврши супервештачењето неопходно за затварање на доказната постапка по предметот и донесување првостепена пресуда, соопшти Основниот кривичен суд Скопје. […]

Во пакет сменети директорите на клучните јавните претпријатија во Битола


Со клучните јавни претпријатија во градот ќе раководат исклучиво кадри на ВМРО ДПМНЕ, додека во досегашниот состав покрај кадри на СДСМ имаше и од ЛДП   Анета Блажевска БИТОЛА – Две жени и тројца мажи ќе ги водат клучните пет јавни претпријатија во Битола, по смената на локалната власт и доаѓањето на Тони Коњановски за […]

Приведена жена од Битола барана по потерница


Полициски службеници од Полициска станица Радовиш вчера во 12.00 часот во Радовиш, ја лишиле од слобода М.Е.(42) од Битола. Од МВР денеска информриаа дека за неа била распишана потерница за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“. Лицето било спроведено во Казнено – поправна установа „Затвор Идризово“.