Битола не живее на стара слава, градот продолжува да создава култура (фото)


  БИТОЛА – Градот под Пелистер има богато културно наследство, но и актуелно творештво, каде културата е поставена високо на приоритетите на локална власт. Тоа годинава, како ретко кога досега го потврди и културното лето Бит Фест 2022, каде на културните настани, ни повеќе ни помалку што би рекле битолчани имаше посетеност како од половина […]

Трчај Бе: Професионалци и рекреативци ја трчаа Битола која се развива во спортска туристичка дестинација


Најмасовниот спортски настан, кој по четврт пат ја става Битола на мапата на градови со трки, синоќа се одржа пред бројна публика која од раните утрински часови на патеките ги бодреше 1.500 учесници, од дури 17 држави. Атлетски ѕвезди, пасионирани рекреативци, јавни личности, политичари, компаниски тимови, а трчаа заедно и цели семејства и поединци кои […]

Селото на генералот Васко Карангелевски пропаѓа во кал и заборав


  БИТОЛА – Потпелистерското село Брусник, на два и пол километри од Битола, наместо да живее и да се развива, за жал тоне во кал, без основната инфраструктура. Брусник како и неколкуте други потпелистерски села, има прекрасни услови за развој на еко и рурален туризмот, сепак недостигот на инфраструктурни објекти и проблемите во сферата на […]

Русија го затвори конзулатот во Битола. Причина биле санкциите


  БИТОЛА – Почесниот конзулат на Руската федерација во Битола сместен во срцеото на градот на Широк Сокак и официјално е затворен. После точно 6 години (свеченото отворање беше на 31 август 2016 година) од отворањето на руското конзуларното претставништво во градот денеска просториите на плоштадот „Магнолија“ се целосно испразнети, а мебелот и инвентарот отсранети. […]

Затнатите шахти го „рушат“ мнозинството во Совет на Општина Битола


  БИТОЛА – Своевиден ултиматум денеска преку својата Фејсбук страница јавно упати независната листа „Поинаку“ до локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Незадоволството воглавно се однесува, на како што велат, затнатите одводни шахти во градот, кои прават поплави низ улиците во градот после секој летен пороен дожд. „Поинаку“ на последните локални избори во Битола освои три […]

Почна отстранувањето на гаражите во центарот на Битола, власта ветува уредени простори и паркинзи


  БИТОЛА – Почна отстранувањето на гаражите во строгиот центар на Битола, локалната власт ветува уредeни простори и паркиралишта, но жителите се собраа со негодување и побараа сообраќајно решение и проект, па рушење. Станува збор за гаражите зад позната зграда „ЈАТ“, околу седумдесеттина на број, каде општината констатирала дека во најголем дел се нелегални и […]

Почнува рушењето гаражи во центарот на Битола за нов паркинг- револт кај битолчани


  БИТОЛА – Следната работна недела почнува рушењето на гаражите во строгиот центар во Битола, зад поранешната зграда „ЈАТ“. Ваквата намера на локалната власт во Битола, ги револтира станарите од околните згради и куќи, кои најавуваат дека ќе се спротивстават. Одлуката помина на седница на Совет во мај годинава, и уште тогаш ја разбранува јавноста. […]

ЦУК: Пожар кај стариот млин на патот Битола – Прилеп


Центарот за управување со кризи информира дека гори стрниште кај стариот млин на патот Битола – Прилеп. Пожарот е се уште активен и екипите се на терен. Се интервенира со едно возило и со двајца пожарникари. – Во атарот на селото Беловиште кон Куново гори депонија која може да предизвика штети и во шумскиот појас. […]

Училиште во Битола трошело пари од „ЕРАЗМУС +“ без да распишува јавни набавки и да плаќа персонален данок, покажа ревизијата на Општина Битола


БИТОЛА – Проект од програмата „ЕРАЗМУС +“ во ООУ „Елипида Караманди“ во Битола се реализирал без спроведување на постапка за јавна набавка, без да се плати персонален данок, а дел од парите за патни трошоци биле префрлани на сметки на родителите. Ова го утврди меѓу другото општинскиот ревизор од Битола, при контрола на финансиското работење […]

КСЗД: Присуството на бугарскиот конзул за време на најавениот увид во Културниот центар во Битола, Комисијата го доживува како обид за влијание


 Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) присуството на генералниот конзул на Бугарија, Димитар Иванов за време на извршувањето на најавениот увид во просториите на Културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола, го доживува како обид за влијание врз нејзината работа. Од КСЗД, информираат дека по поднесена претставка за дискриминација од здружение на граѓани против […]

Фекалии се излеваат од шахтите на „Партизанска“ во Нова Битола


  БИТОЛА – На оваа летна жега, Нова Битола е без вода за пиење, откако фекалии се излеваат од шахтите на обновената улица „Партизанска“ во овој дел на градот. Улицата пред две години ја реконструираше претходната локална власт и за неа беа платени над половина милион евра. Битолчани се револтирани од новонастаната ситуација во Нова […]

„Партизанска“ во Битола – пример за лошо изведена и скапо платена улица


  БИТОЛА – Две години од реконструкцијата на улицата „Партизанска“ во Нова Битола и потрошени над половина милион евра, таа е нефункционална после секој дожд. Спорни се над 700 метри од улицата. Има улици во Битола кои по реконструкцијата траат со години и децении, ама не и „Партизанска“. Оваа улица се реконструираше за време на […]

Во последниве шест недели притворени 26 дилери на дрога во Битола


  БИТОЛА – Битолската полиција влезе во отворена битка со дилерите на дрога, ретки се деновите во полицискиот извештај да нема информација за фатен дилер на дрога. Според анализата на СВР Битола дадена за „Независен“, само во последните 45 дена, лишени од слобода се дури 26 дилери на дрога во Битола. При претрес кај нив […]

Од Тони Цетински до Ареа – во Битола почнува фестивалот „Балкан Гала 2022“


Со Рок симфонија и настап на домашни, балкански, како и интернационални артисти, вечер на ракометното игралиште во Битола почнува дводневниот фестивал „Балкан Гала 2022“. Дел од вечерашното отворање ќе бидат Ристо Вртев, Гиле (Електрични Оргазам), Ружица (Ареа), Пеце (Суперхикс) и добро познатите и редовни гости на Рок симфонијата на Камерниот оркестар на Битола (КОБ), Михајло […]

АЛГА во Битола- мода, графити уметност и електронска музика на една изложба


Синоќа во фоајето на Центарот за култура во Битола отворена концептуалната изложба АЛГА која претставува симбиоза помеѓу современиот моден дизајн на брендот LOM Label, уличната уметност од Hybrid Minds и електронската музика на една селектирана група на ДЏ артисти од Битола со едноставна мисија, да се промовираат локалните уметници и нивното ново создавање со еко порака која […]

Театарот од Плевен со „Хамлет“ го затвора „Битола Шекспир фестивал“


Ансамблот на Драмски театар „Иван Радоев“ од Плевен вечер со претставата „Хамлет“, ќе го затвори годинешниот „Битола Шекспир фестивал“. Според режисерот Ованес Торосјан текстот за „Хамлет“ е предизвик за секој режисер, а да се игра во ремек делото на Шекспир е желба на секој актер. –Ова е улога од соништата што сите актери сакаат да ја играат. […]

ВМРО против ВМРО во борба за директорски фотелји во Битола


  БИТОЛА – Рашомонијада се случува во игрите за назначување на директори во основните училишта во Битола. Во исто време и министерот за образование Јетон Шаќири и градоначалникот Тони Коњановски поставуваат директори на училиштата во Битола. Шаќири на функција поставува и кадри на ВМРО-ДПМНЕ и кадри на СДСМ за кои градоначалникот Тони Коњановски не дал […]

Италијанската актерка Каролина Пагани на „Битола Шекспир фестивал“


 „Битола Шекспир фестивал“ вечер продолжува со настап на актери од Италија кои пред публиката во Битола ќе се престават со две уметнички дела, монодрама и балет. Актерката Каролина Пагани ќе ја изведе монодрамата „Хамлетелиа“, авторски проект за кој ги подготви текстот и режијата, но и сценографијата и костимографијата. -Актерката Пагани на „Битола Шекспир фестивал“ ги […]

Утре свечено отворање на реновираните простории на САРИЛ во Клиничката болница во Битола, донација на Големата Ложа на Македонија


Утре свечено ќе бидат отворени реновираните простории на Службата за анестезиологија, реанимација и интензивно лекување (САРИЛ) како дел од Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола, организирано и помогнато од страна на Големата Ложа на Македонија. На свечената церемонија ќе зборуваат д-р Александар Обедниковски, директор на Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“, Марјан Бојаџиев, Голем Мајстор […]

Берза на винили: Плочите се вратија на голема врата во Битола


На младинскиот арт фестивал Битола Отворен Град, кој започна пред три дена, за прв пат се организираше „Берза на винили“. Пред битолското култно кафуле Јагода, деновиве, десеттина излагачи им понудија на музичките познавачи и љубители на плочи, во понудата имаше и CD и касети, но доминираа винилите.  „Ја прифативме со радост иницијативата во Битола да се […]