Кражбите на надгробни бисти веројатно се поради нелегална трговија со метали и легури


Во изминатиот период зачестија пријавите до полицијата за кражби на надгробни бисти од гробиштата во Скопје. Во неколку наврати беа пријавувани и кражби на бисти од споменици во училишта и паркови низ Скопје На територија на СВР Скопје во 2025 година, споредбено со 2024 година, овие кражби се зголемени, потврдуваат од полицијата за Скопје Инфо. […]

Украдени бронзени бисти – ги снема Крсте Петков Мисирков и Ѓорѓија Пулевски, а оштетена таа на Кочо Рацин


Вчера во 09.30 часот во СВР Скопје, од ЈП „Паркови и зеленило“ било пријавено дека во Градски парк, кај бараките на Град Скопје, бил одземен споменикот на Крсте Петков Мисирков, а спомен бистата на Кочо Рацин била оштетена. Истиот ден во 13.25 часот, од Основно училиште „Ѓорѓија Пулевски“, на подрачјето на општина Аеродром, било пријавено […]

Украдени бронзени бисти од гробиштата во Бутел


На 14.04.2025 во СВР Скопје, С.А.М.(47), С.Ш.(68) и М.Г.(69), сите од Скопје, пријавиле дека на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје, со употреба на физичка сила и подесен алат биле одземени три бронзени бисти. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Се изработуваат бисти за 12 младинци стрелани во минатото во Ваташа


Во чест на 12 -те Ваташки младинци, кои во минатото беа стрелани во Ваташа, во тек е изработка на 12 бисти кои ќе бидат претставени на 16 јуни, како и Спомен соба која ќе биде свечено отворена на денот кога се навршуваат 80 години од нивната смрт, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев. […]

Обезглавени бисти и исчезнати натписи, додека надлежните мижат – некој заработува


Двата моста преку Вардар, кои никнаа како дел од проектот „Скопје 2014“, а на кои од двете страни се наредени бројни статуи на уметници, државници, свештеници и историски личности, сѐ повеќе остануваат без плочките со објаснување чија фигура е претставена. Речиси од секоја се извадени, а без штитот остана и Александар Први. Тие се изработени […]

Фрлени бисти на Чеде Филиповски и Злате Малакоски


Во Маврово се фрлени бистите на народните херои Чеде Филиповски и Злате Малакоски. Според информациите од полицијата, 74-годишен маж вчера околу 11 часот пријавил дека во населбата Маврови Анови, две непознати лица со употреба на физичка сила, ги турнале двете бронзени статуи и побегнале. „Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, велат од МВР.