Како Силвио Берлускони изгради бизнис империја вредна милијарди евра


  Силвио Берлускони зад себе остави голема деловна империја која го направи милијардер, а беше и премиер на Италија. Засега не се знае како ќе се подели богатството меѓу неговите роднини. Според проценката на американскиот деловен медиум Блумберг, богатството на Берлускони е седум милијарди евра. Но, како заработил човекот со најдолг мандат како премиер во […]

Берлускони пуштен од интензивна нега, но и натаму во болница


Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, кој боледува од хронична леукемија, е пуштен од одделот за интензивна нега, но се уште е во болница во Милано, каде се лекува од инфекција на белите дробови, изјави денеска неговиот брат Паоло Берлускони. „Сè е во ред, тој е надвор од интензивна нега“, пишува миланскиот весник „Кориере дела сера“ […]

Берлускони има леукемија


Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони има леукемија, пишуваат Corriere della Sera и Reuters повикувајќи се на свои извори. Му била дијагностицирана леукемија откако завршил во болница со проблеми со дишењето. „Тој е во стабилна состојба“, изјави братот на Берлускони, Паоло, откако вчера го посети. 86-годишниот Берлускони во последните месеци неколку пати беше во болница, но […]

Хоспитализиран Силвио Берлускони


Поранешниот италијански премиер и лидер на партијата Форца Италија, Силвио Берлускони е хоспитализиран поради силни болки од непозната причина, објавија локалните медиуми. Според весникот „Кориере дела сера“, 86-годишниот политичар и бизнисмен најверојатно ќе ја напушти болницата во среда, на 29 март. Берлускони последен пат беше хоспитализиран пред нешто повеќе од една година, во јануари 2022 […]

Бунт во ЕПП по негативните изјави на Берлускони за Зеленски


  Шефот на европските конзервативни партии во вторникот се соочи со внатрешен револт поради коментарите на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони кој го критикуваше претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Политичарите од девет земји ги критикуваа коментарите, а неколку рекоа дека планираат да го бојкотираат претстојниот собир на конзервативците во Неапол, Италија, доколку Берлускони присуствува. Берлускони, […]

Мелони го нападна Берлускони поради пофалбите за Путин


  Фаворитот да стане нов лидер на Италија, Џорџа Мелони, упати силен прекор до нејзиниот сојузник во десничарската коалиција, Силвио Берлускони, откако тој даде приватни коментари со кои ја оправдува војната на рускиот претседател Владимир Путин во Украина. Радикалниот про-Путин став на Берлускони ризикува да ги попречи шансите на Мелони да води нова десничарска администрација, […]

Берлускони се пофали со контактот со Путин: За роденден добив 20 шишиња вотка и честитка


Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони изјави дека повторно е во контакт со рускиот претседател Владимир Путин и дека неодамна разменил пријателски писма со него, пренесе Ројтерс, повикувајќи се на аудио снимка што денеска ја објави италијанската агенција „La Presse“. Берлускони во обраќањето пред пратениците на Долниот дом на италијанскиот парламент рече дека за роденден од […]

Берлускони на 85-годишна возраст активно се враќа во италијанската политика и е реизбран за сенатор


Силвио Берлускони, лидерот на екстремно десничарската партија „Форца Италија“, дел од десничарската коалиција, успеа да освои место во италијанскиот Сенат на вчерашните избори. Осумдесет и петгодишниот Берлускони е избран од Монца, централна Италија. Таму тој е сопственик на локалниот фудбалски тим. Станува збор за негова деветта изборна кампања. За неа, тој се придружи и на […]

Берлускони: Путин ја нападна Украина за постави „пристојни луѓе“ во Киев


  Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони предизвика бурни реакции со изјава за Владимир Путин непосредно пред општите избори во Италија во недела, пренесе ДПА. Берлускони (85) синоќа во ТВ интервју тврдеше дека лидерот на Кремљ бил притиснат да ја нападне Украина. – Путин беше притиснат од рускиот народ, од партијата, од неговите министри да ја […]

Берлускони на „бунга бунга“ забавите ги користел жените како сексуални робинки, тврди обвинителката


Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (85) користел жени како сексуални робинки на злогласните забави „бунга бунга“ кои ги организирал во неговата вила за време на неговиот мандат како премиер, беше соопштено денеска во судот. – Тогашниот премиер ги зачинувал своите вечерни забави со доведување платени сексуални робинки во куќата. Берлускони е многу богат и моќен […]

Берлускони е „длабоко разочаран“ од однесувањето на Путин


Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони изјави дека е „длабоко разочаран и тажен“ од однесувањето на рускиот претседател Владимир Путин, објави Би-Би-Си. Додека беше на власт, Берлускони беше близок пријател со Путин, дури и го покани на одмор во неговата вила на островот Сардинија. – Го познавам околу 20 години и отсекогаш изгледаше како демократ и […]

Берлускони симболично се ожени по трет пат со 54 години помлада политичарка


Италија- Свадбената забава на лидерот на партијата Форца Италија, долгогодишниот поранешен премиер на Италија, бизнисмен и политичар Силвио Берлускони кој во септември ќе полни 86 години и неговата избраничка на срцето 32-годишната Марта Фашина  се случи викендов како  „трезвена и непомпезна церемонија во американски стил“. Свадба имаше, ама таа не беше официјализирана со потпис, односно […]

Берлускони хоспитализиран во Милано


Италија- Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони од четвртокот се наоѓа во миланската болница „Сан Рафаеле“, изјави во неделата лице кое знае за ова прашање, откако 85-годишникот одлучи да не се кандидира за претседател. Новинската агенција АНСА претходно во неделата објави дека хоспитализацијата на Берлускони е поврзана со рутински медицински прегледи. Портпаролот на Берлускони не одговори […]

Берлускони нема да се кандидира за претседател на Италија


Италија– Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (86) одлучи да не се кандидира за претседател на Италија. – Одлучив да направам уште еден чекор на патот кон националната одговорност, барајќи од оние што ме предложија да се откажат од наведувањето на моето име за Претседателството на Републиката, изјави Берлускони. Италијанскиот парламент утре ќе го почне гласањето за нов […]

Тајани се извини за пофалните зборови за Мусолини


Претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани денеска се извини поради неговата изјава дека италијанскиот фашистички диктатор Бенито Мусолини „направил и некои позитивни работи“. – Како убеден антифашист, им се извинувам на сите оние кои можеби беа навредени со она што го реков. Во ниту еден случај немав намера да го оправдам или банализирам тој антидемократски […]

Берлускони подготвен за формирање влада на десниот центар


Поранешниот италијански премиер и лидер на конзервативната партија Форца Италија (ФИ), Силвио Берлускони вечерва соопшти дека е подготвен да учествува во формирањето на нова влада на Италија на коалицијата на десниот центар. Ваквата изјава Берлускони ја даде по средбата со лидерот на десничарската и антиимигрантска партија Лига, Матео Салвини, која заедно со неговата ФИ и […]

Италијанската РАИ емитуваше пренос од фудбал без коментатор


Италијанската државна телевизија РАИ го емитуваше преносот од последниот натпревар од четвртфиналето на фудбалскиот куп меѓу Јувентус и Торино (2-0) без коментатор поради протест што првпат во историјата нема да ги пренесува мечевите од престојното Светско фудбалско првенство во Русија. Правата за пренос на сите 64 натпревари ги откупи приватната Медиасет, сопственост на Силвио Берлускони, […]