„За жал, кризата во Заливот ќе потрае“: Мицкоски го „чува“ намалувањето на ДДВ за бензините за понатаму?


Премиерот Христијан Мицкоски смета дека кризата во Заливот ќе потрае, а со тоа и состојбата на пазарот на нафтени деривати, чија цена изминатите неколку недели е повторно во пораст, а согласно одлуката на РКЕ од понеделникот дизелот чини 101,5 денари за литар, а бензинот 95 денари за литар, што е нивна највисока цена уште од […]

Дизелот „отиде“ на 101,5 денари за литар


  Дизел горивото од утре ќе чини 101,5 денари за литар, што е за 3,50 денари повеќе од цената која што важи до полноќ вечерва, според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика објавена пред малку. Од полноќ, нови пови цени ќе имаат и бензините, кои поскапуваат за 1,50 денари за литар. Така, бензинот од […]

Собранието ја донесе Одлуката за продолжување кризната состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври


Со 88 гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржани“, Собранието денеска ја донесе Одлуката за продолжување кризната состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври. Владата на седницата одржана на 17 јули ја донесе одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради можност за настанување на пореметување на […]

Ќе има намалување на акцизите кај дизелот и безоловните горива


Премиерот Христијан Мицкоски очекува зголемување на цената на горивата со оглед на ситуацијата на Блискиот исток, но најавува и намалување на акцизите и кај дизелот и кај безоловните горива.   – Немаме правено калкулација за покачувањата, но ќе има секако бидејќи нафтата и бензините драматично пораснаа изминатава недела, а и курсот на доларот е малку посилен […]

Бензините поскапи за половина денар, дизелот со иста цена


Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 18.05.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,50 денари/литар, малопродажната […]

Трамп ја суспендира федералната такса на бензин за да им помогне на Американците со цените на горивата


Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека ќе ја суспендира наплатата на федералната такса на бензин за да им помогне на Американците да се соочат со повисоките цени на горивото, поттикнати од војната против Иран. Иран, по американско-израелскиот напад на 28 јануари, практично ја затвори Ормуската Теснина преку која од Персискиот Залив во светот поминуваше […]

„Попустот“ за горивата завршува на 18 мај, што потоа? Ако треба ќе разговараме за продолжување, вели Божиновска


Министерката за енергетика Сања Божиновска денеска најави дека, ако е потребно, повторно ќе се разговара со „Окта“ за продолжување на попустот за дизел горивото од три денари за литар и за бензините од два денари и по 18 мај кога истекува сегашниот договор. Тогаш завршуваат и владините поволности за намалени давачки за горивата. Следните чекори, […]

Бензинот во САД не бил поскап уште од јули 2022 година


Просечната цена на бензинот во САД се искачи на 4,51 долари за галон, што е највисоко ниво од јули 2022 година, покажаа податоците на компанијата „GasBuddy“. Растот на цените се поврзува со продолжувањето на конфликтот во Иран и нарушувањата во Ормуската Теснина, клучен правец за глобален транспорт на нафта каде сообраќајот е ограничен. Според наводите […]

Дизелот поевтинува за 2,5 денари, бензините поскапуваат за 2 денари


Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,40%во однос на одлуката од 20.4.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат […]

Ова се цените на бензините во Европа. Погледнете ја споредбата по земји


Цените на горивата во Европа нагло пораснаа по нападот на САД и Израел врз Иран кон крајот на февруари и достигнаа врв кратко потоа. Иако цените малку паднаа откако беше воспоставен прекин на огнот, и дизелот и бензинот сè уште се значително поскапи отколку пред ескалацијата на конфликтот. Анализата на Euronews Business, врз основа на […]

Македонија како нафтена оаза – има и за соседите


Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека државата нема какви било предизвици во синџирот на снабдување со нафта и нафтени деривати и оти имаме најевтини горива во регионот потенцирајќи дека со керозин кај нас се снабдуваат неколку аеродроми од регионот, покрај набавката на горива што ја прават граѓаните од соседните држави кај нас на бензинските станици на […]

Поевтинуваат горивата: Бензинот за 1,5, а дизелот за 2,5 денари


Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,73 проценти, во однос на претходната одлука од 6 април. Според новата пресметка, од ноќеска на полноќ, односно од 00:01 часот, ќе важат нови пониски цени на горивата. Еуросупер БС-95 ќе се продава по 82 денари за литар, […]

Дизелот повторно поскапе – бензините намалени, односно со иста цена


Mалопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.03.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 83,50 ден/лит. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менува, […]

Горивата во Македонија се меѓу најевтините, но возењето е најскапо


  Македонија има меѓу најниските цени на горивата во Европа, но возењето е најскапо, бидејќи  за да се наполни еден просечен резервоар со бензин или со дизел, треба да се издвои многу поголем дел од просечната плата отколку во другите земји во регионот, или во Европа. Ова покажува колку животниот стандард кај нас е на […]

Бензините поевтинуваат за 2,50 односно за 3 денари за литар, дизелот останува со иста цена


По неколкукратни поскапувања на горивата, Регулаторната комисија за енергетика денеска соопшти дека цените на бензините ќе се намалат, а на дизелот останува иста. „Обичниот“ бензин, од 95 октани же биде поевтин за 2,50 денари за литарт, а безоловниот од 98 октани за три денари, соопшти РКЕ.  Од 31.3.2026 година од 00:01 часот максималните цени на […]

Нема извоз на бензин од 1 април, Русија донесе одлука


Русија воведува забрана за извоз на бензин од 1 април. Русија за некој ден ќе воведе забрана за извоз на бензин за сите учесници на пазарот, вклучително и за производителите, со цел да го заштити домашното снабдување во услови на глобална енергетска криза. Одлуката е донесена на состанок што го одржал потпретседателот на руската влада, […]

Ако продолжи растот на цената на нафтата, ќе се намалат акцизите и маржата, вели Мицкоски


Владата ја следи состојбата со цените на нафтата и доколку продолжи растот на берзите по истекот на двонеделната мерка за намалување на ДДВ-то од 18 на 10 отсто, доколку продолжи растот, следна мерка ќе биде намалување на акцизите и маржата, односно цената на складирање и транспортните трошоци – истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на […]

Колку добива државата од литар продаден бензин и дизел?


  Од еден литар продаден еуродизел, државата од утре ќе инкасира 13 денари од данок на додадена вредност и 15,5 денари акциза. Или, од малопродажната цена на литар дизел, која што со најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика од полноќ ќе изнесува 85,50 денари, за државата се наменети 28,5 денари. Тоа значи дека без […]

Почнаа редици на бензинските пумпи: Од утре еден резервоар со дизел ќе чини 725 денари поскапо (видео)


  Од полноќ, оние што ќе одат на бензинските пумпи во земјава да наточат гориво за своите автомобили, ќе треба да го „одврзат ќесето“ и да платат значително повеќе, доколку резервоарите им се на црвено. Тоа доаѓа откако Регулаторната комисија за енергетика драматично ги зголеми цените на горивата, особено на дизелот. Така, под претпоставка дека […]

Дизелот поскапува за 14,5, а бензините за пет денари по литар


Дизел горивото од ноќеска на полноќ поскапува за 14,5 денари, а цената на бензините се зголемува за пет денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 14,27 отсто. Новата малопродажна […]