Белорусија прераспоредува воена опрема и сили


Во Белорусија денеска и утре се одржува антитерористичка вежба при што ќе бидат прераспоредени воена опрема и сили. Воената вежба се одвива во време кога се стравува дека Русија може да изврши нови напади врз Украина од територијата на својата сојузничка, Белорусија. Белорусија соопшти дека нема да војува во соседна Украина, но претседателот Александар Лукашенко […]

Белоруската лидерка Колесникова од затвор ненадејно префрлена во болница


Белоруската опозициска лидерка Марија Колесникова од затвор е префрлена на интензивна нега во болница во градот Гомел, пренесуваат странските агенции.   Белорускиот опозициски политичар Виктор Бабарико на Телеграм објави дека Колесникова, една од најистакнатите противници на претседателот Александар Лукашенко, вчера од непознати причини е префрлена во болница.   Лидерката на белоруската опозиција Светлана Тихановска на […]

Лукашенко: Белорусија не планира да војува со никого


Белорусија не планира да војува со никого, на земјата не ѝ треба војна, изјави денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко. Лукашенко при проверката на воено-индустриските производи во регионот на Брест уште еднаш ги демантираше информациите кои се шират на социјалните мрежи дека државата спроведува скриена мобилизација. Тој предложи да не се обрнува внимание на „споменатите поплаки“. […]

Руски авиони патролираат на границите на Белорусија


Руските воздушни сили денеска патролираат на границата на нивниот сојузник Белорусија, објави Минск, додека западните земји веруваат дека таа земја може да преземе поактивна улога во руската агресија врз Украина.   Русија распореди дополнителни 9.000 војници и воена опрема во соседната земја, откако белорускиот претседател Александар Лукашенко минатата недела изјави дека на неговата земја и […]

Русите нагрнаа во Белорусија во шопинг туризам. Таму нема санкции


  Сè поголем број Руси ја избираат соседната Белорусија за нивниот следен одмор во обид да пристапат до западните стоки и финансиски услуги кои повеќе не се достапни дома поради санкциите наметнати на Москва поради инвазијата на Украина. За разлика од Русија, повеќето странски трговци на мало и големи платежни компании го задржуваат присуството во […]

Војска на границата на Полска, Белорусија почна воени вежби


  Белоруската војска почна воени вежби покрај границата со Полска, ден по пораката од Полска дека постои реален страв од судир на таа земја со Русија. Воената вежба се одржува покрај границата со Полска, главниот град Минск и во севеоисточниот регион Витебск, а како што утрово објави белоруското министерство за одбрана, а пренесе Ројтерс, вежбата […]

Литванија ја заврши оградата на границата со Белорусија


Литванија соопшти дека ја завршила изградбата на оградата долж границата со Белорусија за борба против илегалната миграција, за која Западот вели дека е поттикната од Минск. Илегалната миграција се зголеми оваа година во Литванија, членка на ЕУ, на околу 4.200 мигранти, главно од Блискиот Исток и Африка, кои ја преминале границата од соседна Белорусија. Бариерата, […]

САД со нови санкции за стотина припадници на режимот во Белорусија


САД денеска воведоа нови рестриктивни мерки за повеќе високи белоруски службеници и стотина други службеници на двегодишнината од почетокот на масовните протести во Белорусија. Санкциите се поради „вклученост во широки нарушувања на човековите права, селективно задржување на мирни демонстранти… поткопување на демократските институции и неизбежната транзиција кон демократија“, се наведува во денешното соопштение на државниот […]

Полска ја заврши „мигрантската ограда“ долж границата со Белорусија


Полска ја заврши изградбата на 187 километри долга ограда долж границата со Белорусија, изјави денеска полскиот премиер Матеуш Моравјецки за време на посетата на преминот Кузница. Полска и Белорусија делат околу 418 километри граница, меѓутоа, освен 187 километри ограда, најголемиот дел од границата минува низ езера и реки. Минатата година ова подрачје се претвори во […]

Почина првиот претседател на независна Белорусија Станислав Шушкевич


Почина првиот претседател на независна Белорусија, по одвојувањето од Советскиот Сојуз, Станислав Шушкевич. Информацијата денеска ја потврди неговата сопруга. Осумдесет и седумгодишниот Шушкевич почина во болница од компликации предизвикани од Ковид-19. Тој беше еден од тројцата лидери, кои во декември 1991 година потпишаа договор, со што СССР престана да постои. Шушкевич беше противник на актуелниот […]

Навратилова: Англичаните претераа


Политиката го уништува тенисот, а одлуката да им се забрани настап на Русите и Белорусите на грен – слем турнирот во Вимблдон не е начин за решавање на проблемот, оцени денеска легендарната тенисерка Мартина Навратилова. – Колку и да ми е жал поради украинските играчи и народот, мислам дека Англичаните со овој чекор отидоа предалеку, […]

Северна Македонија на списокот на „непријателски земји“ на Белорусија


Белоруската Влада одобри список на непријателски земји, а на Националниот правен интернет портал денеска е објавена и резолуцијата на Советот на министри за тоа, јави Интерфакс. Покрај земјите-членки на Европската унија, на листата се уште 12 земји – САД, Велика Британија, Австралија, Канада, Норвешка, Нов Зеланд, Албанија, Исланд, Северна Македонија, Лихтенштајн, Црна Гора и Швајцарија. […]

САД официјално го укинаа повластениот трговски статус на Русија и Белорусија


Американскиот Конгресот изгласа официјално укинување на привилегираниот трговски статус на Русија и Белорусија како одговор на војната во Украина, отворајќи го патот за воведување казнени тарифи за производи од двете земји. Американскиот претседател Џо Бајден, во координација со неговите европски сојузници, ја објави мерката минатиот месец со цел понатамошна изолација на Русија од светската сцена, но мерката мораше да […]

Официјален претставник на НАТО: Белорусија може да нападне и да распореди руско нуклеарно оружје


Белорусија, близок руски сојузник, наскоро би можела да ја нападне Украина и се подготвува да и дозволи на Русија да распореди нуклеарно оружје на белоруска територија, изјави висок разузнавачки претставник на НАТО. Официјалниот претставник, кој сакаше да остане анонимен, истакна дека Алијансата е загрижена оти белоруски трупи би можеле да се приклучат на борбата во […]

Советот на Европа ги прекина односите со Бeлорусија


Франција– Советот на Европа денеска соопшти дека ги прекинува односите со Белорусија поради „активното учество на таа земја“ во руската инвазија врз Украина. Извршното тело на Советот на Европа, Комитетот на министри, „денеска одлучи да ги прекине сите односи со Белорусија. Комитетот на министри го суспендира правото на Белорусија да учествува на сите состаноци и […]

Руски „Аерофлот“ од 8 март ќе лета само до Белорусија


Водечката руска авиокомпанија Аерофлот ќе ги прекине сите летови во странство од 8 март, освен оние за Белорусија, објави денеска новинската агенција ТАСС. Руската државна агенција за авијација денеска препорача руските авиокомпании кои изнајмиле странски авиони да ги прекинат патничките и карго летовите во странство од 6 март и од странство кон Русија од 8 […]

УЕФА забрани европски фудбал во Белорусија


Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) соопшти денеска дека репрезентациите на Белорусија и белоруските екипи ќе ги играат своите домашни дуели во рамки на европските натпреварувања на неутрален терен. – Извршниот комитет на УЕФА одлучи дека белоруските клубови и репрезентации, кои учествуваат во нашите натпреварувања, ќе имаат обврска своите домашни натпревари да ги играат на неутрален терен, […]

И трупите на Белорусија ја нападнаа Украина


  Белорусија се приклучи на руската инвазија на Украина во вторникот, при што трупите на земјата навлегоа во регионот Чернихив во северна Украина, потврдија украинските власти. Во твит објавен во вторникот наутро, украинскиот парламент, Врховната Рада, ги потврди претходните извештаи дека белоруските трупи се на украинска територија. „Белоруските трупи влегоа во регионот на Чернихив. Информацијата […]

По руската инвазија, Молдавија го затвора воздушниот простор, Белорусија само „дел“


Молдавија соопшти денеска дека го затвора својот воздушен простор, како одговор на руската инвазија во Украина. Од друга страна, Белорусија информираше дека ќе затвори само „дел“ од својот воздушен простор. „Набљудувајќи ја ситуацијата во регионот, Врховниот совет за безбедност препорача да се затвори воздушниот простор на Молдавија“, напиша на Телеграм, заменик премиерот Андреј Спину. Тој […]

Путин го уверувал Макрон за повлекување на руските сили од Белорусија


 Рускиот претседател Владимир Путин му рекол на францускиот колега Емануел Макрон дека има намера да ги повлече руските трупи од Белорусија штом ќе завршат тековните воени вежби, соопшти денеска кабинетот на Макрон. По телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери, француското претседателство соопшти дека изјавата „ќе мора да биде проверена“ бидејќи е спротивна со изјавата на белоруската […]