Бектеши: Политички центри пласираат лажни вести за да создадат паника меѓу граѓаните околу кризата


Одредени политички партии и центри се занимаваат со лажни вести, само за да креираат паника и на таков начин, индиректно, вештачки, да влијаат на зголемување на кризата, рече вечерва министерот за економија Крешник Бектеши. Во гостување на дебата на Телевизија 24, Бектеши уште еднаш истакна дека нема простор, ниту потреба од паника кај граѓаните зашто […]

Бектеши: Се прави анализа на антикризните економски мерки, ако треба ќе има дополнителни


Во Министерството за економија денеска ќе направиме анализа, а утре на седница на Владата ќе информираме како се спроведуваат мерките кои се во функција, а ако треба ќе донесеме и дополнителни мерки, со цел да ги намалиме ценовните шокови, посебно за производите за кои е замрзната маржата, најави денеска министерот за економија  Крешник Бектеши. -Ги објавивме […]

Бектеши смирува: Брашно има доволно


Има повеќе од доволна количина на брашно во државата, млиновите имаат задоволителна количина на залихи за да ги покријат потребите на домашниот пазар. Нема никаков простор да се создава паника кај граѓаните за непотребно купување на брашно, имајќи во предвид дека сите количини на брашно кои и се потребни на државата ги имаме во моментот, […]

Бектеши во посета на фабриката за масло за јадење „Брилијант“-Штип


Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ја посети фабриката за производство на масло за јадење „Брилијант“ во Штип и направи увид како се спроведуваат одлуките кои што ги донесе Владата по предлог на Министерството за економија за заштита на домашното производство на основни прехранбени производи. Бектеши истакна дека домашните капацитети за производство на оснoвни прехранбени […]

Бектеши од понеделник очекува поевтинување на горивата


Министерот за економија Крешник Бектеши смета дека од понеделник цените на нафтените деривати ќе се намалат. -Може да биде малку поскапо од Србија, од другите не верувам дека е поскап и дизелот. Денеска во Собрание најверојатно би требало да се усвои законот за ДДВ и законот за акцизи, а имајќи ги предвид и вчерашните цени […]

Забраната за извоз на некои земјоделски производи е да се спречат шпекулативни дејства на трговците и производителите, вели Бектеши


Од денеска е забранет извозот на пченица, јачмен, пченка, пченично брашно, семе од сончеглед и  сончогледови масла, соопшти министерот за економија Крешник Бектеши. Одлуката за забрана ја донесе Владата и ќе трае во наредните десет дена, а нејзината цел, како што напомена Бектеши, е да се избегнат шпекулативни дејства на трговците и производителите, заштита на […]

Бектеши: Цените на нафтата и нафтените деривати во земјава ќе бидат најниски во регионот


Ве уверувам дека цените на нафтата и нафтените деривати во Северна Македонија ќе бидат најконкурентни и најмали ако ги споредуваме со цените на соседите, истакна денеска министерот за економија Крешник Бектеши при посетата на трговскиот центар „Ист гејт мол“. – Сите резерви и државни и оперативни се полни. Испораките се прават редовно. Нема простор за […]

Бектеши: Се применуваат законските измени за недела – неработен ден


Министерот за економија Крешник Бектеши денеска беше во посета на трговскиот центар „Ист гејт мол“, при што констатираше дека во објектите кои со новите измени имаат дозвола да работат во недела, се применуваат новите новите законски одредби. При разговор со вработените бил информиран дека им се исплаќаат поголеми дневници за работа во недела, согласно новите […]

Бектеши ги кани на средба во недела претседателите на трите стопански комори


Министерот за економија Крешник Бектеши ги кани претседателите на трите најголеми стопански комори во земјава на ссредба во недела во 11 часот. Бектеши вечерва на „Фејсбук“ напиша дека ставовите и мислењата на бизнис заедницата се приоритет и дека Министерството за економија секогаш е отворено за соработка со сите стопански комори особено кога се работи за […]

Бектеши: Се очекува стабилизирање на пазарот, нема да има нов ценовен шок


Од 1 март кога ќе стапи во сила одлуката за ограничување на маржите, очекувањата се дека ќе се стабилизира пазарот, изјави вечерва министерот за економија Крешник Бектеши, кој не верува дека ќе има нов ценовен шок. – Ние не очекуваме големо намалување на цените. Ако во случај останат истите цени на суровините, тогаш согласно одлуката, […]

Со ограничените трговски маржи ќе се намалат цените на основните прехранбени производи, вели Бектеши


Очекуваме ограничувањето на трговските маржи во трговијата на големо и мало со основните прехранбени производи што ќе почне да важи од 1 март годинава да предизвика намалување на нивните цени откако ќе престане да важи одлуката за замрзнување на цените што важи од 1 декември минатата година, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -Во […]

Преку изработка на стратегијата за паметна специјализација до поголема конкурентност


Многу е важно да знаеме кон што ги насочуваме нашите ресурси и време за тие да имаат максимален импакт и да носат високо продуктивни резултати. Мора да се специјализираме во одредена област кон која ќе ги насочиме знаењата, науката и истражувањето, финансиите,… и да се потрудиме токму таа или тие неколку области да ги развиваме, […]

(Во живо) Изјави на вицепремиерот Битиќи, Шаќири и Бектеши


Во 9.15 часот, во Медиа центарот во Владата, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за образование и наука Јетон Шаќири и министерот за економија Крешник Бектеши ќе дадат изјави за медиумите во врска со процесот на креирање на Стратегијата за паметна специјализација на Република Северна Македонија. Проседете ги во живо:

Стратегијата за паметна специјализација за економски развој


Денеска,  вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за образование и наука Јетон Шаќири и министерот за економија Крешник Бектеши ќе дадат изјави за медиумите во врска со процесот на креирање на Стратегијата за паметна специјализација на Република Северна Македонија.  Целта на Стратегијата за паметна специјализација е да обезбеди модерен пристап за економски развој, кој […]

Бектеши: Околу 7.000 домаќинства ќе добијат финансиска поддршка за покривање на дел од сметките за струја


Има голем интерес кај граѓаните за користење на мерката за финансиска поддршка за покривање на дел од сметките за електрична енергија за домаќинствата со ниски примања. Бројот на пристигнати барања во архивата на Министерството за економија, заклучно со вчерашниот ден, изнесува 6.500, а согласно предвидените буџетски средства за оваа намена која изнесува 60.000 денари, со […]

Бесими и Бектеши учесници во сообраќајната несреќа кај Владата, нема потешко повредени


Министерот за финансии Фатмир Бесими соопшти дека доцна попладнево службеното возило во кое се превезувал заедно со министерот за економија Крешник Бектеши, било учесник во сообраќајна незгода.   – Доцна попладнево, службеното возило со кое се превезував заедно со министерот за економија Крешник Бектеши на работен состанок во Владата беше учесник во сообраќајна незгода која […]

Бектеши на министерски состанок за Јужниот гасен коридор во Баку


Министерот за економија, Крешник Бектеши придружуван од Бајрам Реџепи, директор на „Национални енергетски ресурси“ АД, денеска ќе присуствува и ќе се обрати на 8. Министерски состанок на Советодавниот совет на Јужниот гасен коридор што се одржува во главниот град на Азербејџан, Баку. Како што соопшти Министерството за економија, министерот Бектеши ќе се обрати на пленарната […]

Цените на основните прехранбени производи ќе бидат замрзнати до крајот на февруари, најави Бектеши


Министерството за економија достави одлука до Владата со која се предлага мерката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи да се продолжи до крајот на февруари 2022 година, информира ресорниот министер Крешник Бектеши на својот фејсбук профил.     Владата на 4 декември минатата година донесе одлука со која ги замрзна цените на лебот, […]

Лабораторија за испитување на квалитетот на мазутот во Бирото за метрологија


Во просториите на Бирото за метрологија денеска ќе биде промовирана лабораторијата за испитување на квалитетот на мазутот. На настанот, како што е најавено, ќе присуствуваат министерот за економија Крешник Бектеши, директорката на Бирото за метрологија Мерита Мустафаи и в.д. директорката на Државен пазарен инспекторат, Анета Симеска Димоска.

 Од 21 јануари ЕСМ го презема управувањето со БЕГ и Скопје Север


АД ЕСМ од 21 јануари ќе го преземе управувањето со БЕГ и Скопје Север за што претходно на седница одлука ќе донесе Владата, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши. – Ние не субвенционираме приватни фирми и затоа  е донесена одлука од страна на ЕСМ, која е фирма во 100 процентна сопственост на државата, да […]