Бројот на бездомници во САД се зголеми за рекордни 18 отсто


Соединетите Американски Држави забележаа рекорден пораст од 18 отсто во бројот на бездомници минатата година, поттикнати од фактори како што се недостапни станови, висока инфлација, системски расизам, природни катастрофи и зголемена имиграција, објави во петокот американското Министерство за домување и урбан развој. Проблемот со бездомништвото се влошува во САД, со вообичаената глетка на сиромашни луѓе […]

УНИЦЕФ: Над 2.000 деца во Франција се бездомници


Повеќе од 2.000 деца во Франција се принудени да спијат на улица, покажуваат податоците на УНИЦЕФ Франција и Федерацијата на актери на солидарноста (ФАС). -Неприфатливо е едно општество да се однесува на овој начин со своите деца. Многу сме загрижени што ситуацијата секоја година се влошува, трагедија е кога знаеме за погубните последици и за […]

Почнува пописот на бездомните лица во Лос Анџелес


 Градот Лос Анџелес започна годишен попис на бездомните лица за да се утврди колку луѓе се бездомници и каква помош им е најпотребна. Овогодинешниот тридневен попис доаѓа во време на засилено јавно незадоволство поради неуспехот на локалните власти да ги решат проблемите на луѓето кои живеат на улица – во автомобили, шатори и картонски засолништа. […]

Тројца избодени во прифатилиште за бездомници во Вараждин


Утрово околу 10 часот и 10 минути во прифатилиште за бездомници во Вараждин, Хрватска, во просторот на кујната, 37-годишна жена со нож повредила три лица на возраст од 31, 42 и 52 години, нанесувајќи им убодни рани, соопшти Полициската управа. На повредените им била укажана лекарска помош во Општата болница во Вараждин, а нивните повреди […]

Град Скопје со Црвен крст со грижа за бездомниците


 Новата година да мине во духот на хуманост и подадена рака, во која важно е секој од нас во рамки на можностите да помогне за оние лица што секојдневно се борат со студот, гладот и немањето основни услови за живеење, безбедно да го поминат зимскиот период.   Континуирано превземаме мерки и активности за остварување социјална грижа […]

Ковид пандемијата го зголеми бројот на бездомници, поделени хуманитарни пакети во Пунктот во Момин поток


По повод новогодишните празници, во Пунктот за бездомници на Црвен крст на град Скопје, лоциран во Момин поток традиционално на бездомните лица им беа доделени хуманитарни пакети со топла облека и храна. -На денешниот ден ги означуваме сите предновогодишни, новогодишни и божикни празници со најзагрозената категорија бездомниците со еден предновогодишен богат ручек. Пунктот за бездомници […]

Хуманитарни пакети со облека и храна во Пунктот за бездомници во Момин Поток


Во пресрет на празниците, во Пунктот за бездомници на Црвен крст на Град Скопје во Момин Поток денеска ќе биде организиран традиционалниот  предновогодишен ручек.  На 150 бездомни лица кои редовно го посетуваат Пунктот ќе им бидат поделени хуманитарни пакети со топла облека и храна. Пунктот за бездомници функционира 13 години и нуди повеќе услуги за лицата кои немаат свој дом. Целта  […]

Црвениот крст ги собира бездомниците – некои остануваа на улица по цена и да измрзнат


Робертино е последниот бездомник кој вчера наутро тимови од Црвениот крст го зеле од Клиниката за токсикологија, облечен во тенки панталони и џемперче, завиткан во ќебе, по што го згрижиле во прифатилиштето во Момин поток. Шест месеци живеел во Железничката станица во Скопје, но завчера вечерта три лица го претепале, му ги зеле обувките и […]

Најмалку 55 лица починаа од студот ширум Европа


Бројот на жртвите од студот во Европа се искачи до 55, при што дури 30 се од Украина, кои главно биле бездомници. Во Киев температурите се спуштија до минус 23 степени. Портпаролката на украинското Министерство за вонредни ситуации Јулија Јершова изјави дека 21 лице биле пронајдени смрзнати на улица, петмина починале в болница, а четири […]