Речиси два пати помалку бебиња во 2024 отколку пред шест децении, стапката на фертилитет во ЕУ 1,34, во Македонија 1,44


Во Европската унија во 2024 година се родени 3,55 милиони бебиња, што е намалување од 3,3% во споредба со 2023 година, додека вкупната стапка на фертилитет за 2024 година изнесува 1,34 живородени деца по жена во ЕУ, што е намалување во споредба со 1,38 во 2023 година. Во Македонија стапката на фертилитет во последните десет […]

Маж стана татко на 200 бебиња: Данскиот случај го покренува прашањето за воспоставување регистар на донатори на сперма


Оваа недела, Би-бисСи ја откри приказната за донатор на сперма од Данска, кој стана татко на околу 200 деца ширум светот. Фокусот на приказната е фактот дека тој несвесно носел генетска мутација што го зголемува ризикот од рак, а некои од децата починале. Еден од највпечатливите аспекти на истрагата беше дека неговата сперма била испратена […]

Три бебиња починаа за 24 часа во српската општина Младеновац, наредена истрага


Три бебиња од територијата на српската општина Младеновац починале во рок од 24 часа, а од МВР на Србија утринава најавија истрага. Наредена е обдукција во Институтот за судска медицина, а информирано е и Вишото јавно обвинителство во Белград. Според првите информации, на телата на бебињата нема траги на насилство, а истрагата е во тек, […]

Лани во земјава се родиле 14 бебиња од мајки помали од 15 години


Според податоците на Државниот завод за статистика, изминатата година во земјава се родиле вкупно 16.859 деца, од кои 122 биле мртвородени. Бројот на новороденчиња во 2023 година е намален за 7,4 отсто, во споредба со претходната 2022 година. Како што информираат од ДЗС, во текот на изминатата 2023 година се родиле 14 деца од мајки […]

Рекорден пад на наталитетот во Германија


Во последните две години наталитетот во Германија значително опадна и е најнизок од 2009 година, објави денеска Федералниот институт за истражување на населението во Визбаден. „Ова е невообичаено остар пад на стапката на новороденчиња, во минатото фазите на опаѓање се одвиваа многу побавно“, се вели во соопштението на Федералниот институт за истражување на населението. Истражувачите […]

Во Мароко се уапсени 30 лица осомничени за трговија со бебиња


Полицијата во Мароко уапси 30 лица осомничени за трговија со бебиња и уцена поради стекнување профит во Фез, град на северот на земјата. Меѓу осомничените уапсени има 18 агенти за обезбедување, лекар, две медицински сестри, здравствени работници, како и посредници, рече извор од безбедносните сили за мароканска новинска агенција. Тој извор не го прецизираше бројот […]

Во Хрватска во 2023 година родени најмал број деца од постоењето статистички мерења


 Во Хрватска минатата година се родиле најмалку деца откако постојат статистички мерења, а имало повеќе бракови, но и помалку смртни случаи, што донекаде ја подобрило негативната слика за природниот прираст, покажаа привремените податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС).  Во 2023 година имало 32.047 живородени деца или за речиси 2.000 помалку од 2022 година кога […]

Млекото за бебиња во Грција поскапо и до 213 отсто во споредба со други земји од ЕУ


 Цената на млекото за бебиња е од 30 до 213 отсто поскапо на грчкиот пазар во споредба со други европски земји, рече министерот за развој на Грција Костас Скрекас во интервјуто за грчката телевизија ЕРТ, потврдувајќи ги податоците од Комисијата за конкурентност што ги објавуваат медиумите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Според […]

Австралија им се извини на жртвите на лекот кој обезличи илјадници деца


Австралиската влада денеска официјално им се извини на жртвите на талидомид – лекот што предизвика деформитети кај илјадници деца ширум светот во 1950-тите и 1960-тите. Продажбата на овој лек без рецепт за утрински мачнини кај трудници и за несоница се претвори во најголемата трагедија предизвикана од производите на фармацевтската индустрија и стана позната како „трагедија […]

По земјотресот 16 бебиња останаа без родители, со авион пренесени се на безбедно


Бебињата пронајдени сами по земјотресот во делови на Турција, кој однесе илјадници животи, се безбедно пренесени во Анкара. Авионот на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, беше користен за транспорт на 16 бебиња од Кахраманмараш по разорните земјотреси со јачина од 7,8 и 7,5 степени во во југоисточна Турција и Сирија. Авионот е ставен во готовност […]

На ГАК во новогодишната ноќ се родиле четири бебиња


Четири бебиња се родиле во тек на новогодишната ноќ на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје. Првото бебе е машко и се роди една минута по полноќ, по што на свет дошле уште едно машко и две женски бебиња. Министрите за здравство Беким Сали и за труд и социјална политика Јована Тренчевска изутрина […]

Во Велс најдени тела на две бебиња, уапсени тројца


Три лица се уапсени откако тела на две бебиња најдени се во куќа во јужен Велс, јави „Гардијан“. Уапсени се двајца мажи и жена Полицајците се повикани во куќа во Бриџенд нешто пред 20 часот во саботата. Двајца мажи на возраст од 37 и 47 години и 29-гоишна жена уапсени се поради сомнеж дека го […]

Британска медицинска сестра убила седум бебиња


Луси Летби (32) обвинета е за убиство на пет момчиња и две девојчиња, како и за обид за убиство на 10 други бебиња во болницата „Грофицата од Честер“. Обвинетата во судот во Манчестер се изјаснила за невина по 22 точки од обвинението. „Пред декември 2015 година, податоците за морталитет на бебињата во неонаталното одделение на […]

Оксфорд: Бебињата кои се дојат подолго, се поинтелигентни


Истражување спроведено во Универзитетот Оксфорд посочува дека кај бебињата кои се дојат подолго, нивото на интелигенција подоцна е повисоко. Научниот труд опфатил повеќе од 7.800 британски деца кои биле доени помалку од два месеци, па два до четири месеци, четири до шест месеци или повеќе од една година. Истражувачите велат дека оние деца кои доеле […]

Филипче: Во Новата година родени три бебиња, од кои едно во Ковид-центарот


Првото бебе родено годинава е машко и е четврто во семејството на Сузана и Горан Стошиќ. Родено е во првата минута од новата година и тежи 3 килограми и 70 грама, долго 50 сантиметри, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, кој информира и за другите настани за време на новогодишната прослава. Филипче потенцираше се […]

ГАК: Намалена смртноста кај предвреме родените бебиња


Намалена е стапката на смртност на предвреме родените бебиња на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје во првите десет месеци од годинава во споредба со истиот период во 2017 година и во 2016 година. Лани имало 35-36 починати новороденчиња на илјада живородени, а заклучно до 15 ноември годинава има 25 новороденчиња на илјада живородени. Починати новороденчиња на Одделението […]

Во Детроит најдени тела на 11 бебиња скриени во зграда на погребална фирма


САД – Властите во Детроит, по анонимен повик, пронајдоа тела на 11 бебиња во распаѓање, скриени во таван на зграда на една погребна фирма во градот. Поручникот Брајан Браузер од детроитската полиција изјави дека телата на бебињата се најдени меѓу првиот и вториот кат. Тој додаде дека девет тела биле сместени во картонска кутија, а […]

Комисија ќе утврдува од што почина родилката во Штип


Се чекаат официјалните информации од Институтот за судска медицина, кои треба да покажат од што почина 28-годишна родилка во болницата во Штип пред една недела. Првичните сознанија се дека причината е искрвавување, што можело да го предизвика или посебна медицинска состојба на матката по породување или заборавено парче од постелката. Обдукцијата е завршена, се чекаат […]

В понеделник резултатите од обдукцијата на починатата родилка во болницата во Штип


Раководството на штипската Клиничка болница резултатите од обдукцијата на починатата 28-годишна родилка, Маја Паневска од Свети Николе ги очекуваат најрано во понеделник. Паневска почина вчера во раните утрински часови. – Обдукцискиот наод од Судска медицина ќе ги покаже причините за прераната смрт на родилката Паневска, вели директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев. Паневска почина 24 […]

Се воведуваат две нови вакцини за бебињата


Од Нова година за сите бебиња во државата ќе се воведат две нови вакцини – едната против пнеумокок, другата против ротавирус. Со нив ќе се прошири календарот на имунизација, по препорака од Светската здравствена организација. Вакцините ќе бидат задолжителни. Надлежните за имунизација велат дека станува збор за вакцини кои ќе спречат тешки заболувања и сериозни […]