Рама: За шест и пол години бебешки бонус оствариле 237 илјади новороденчиња


Во Албанија, повеќе од 237 илјади деца оствариле право на еднократен финансиски надоместок за бебе, врз основа на програма што ја започна владата во јануари 2019 година, а чија цел е финансиска поддршка на семејствата во моментот на раѓањето на детето. Информацијата ја објави премиерот Еди Рама, преку социјалните мрежи, додавајќи дека родителите на првородено […]

Девојче (12) во Чешка роди бебе. Татко наводно е нејзин 16-годишен брат


На почетокот на јули, 12-годишно девојче роди здраво машко бебе во болница во чешкиот град Карлови Вари. Таа дошла во болница жалејќи се на болки во стомакот, пишува novinky.cz. Девојчето е добро по породувањето, објавуваат локалните медиуми. Локалниот портал Крими-Плзен, кој исто така известуваше за случајот, тврди дека девојчето потекнува од сосема обично чешко семејство. […]

Нов случај на труење со лекови: Десетмесечно бебе хоспитализирано во Куманово


Десетмесечно бебе вчера било донесено во Општата болница Куманово со симптоми на труење со лекови, потврдија од СВР Куманово. – Вчера во 11:40 часот во СВР Куманово, од Општата болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено десетмесечно бебе од Куманово, кое било затруено со лекови. Извршен бил службен разговор со лекарот и родителите […]

Жена од Калифорнија се породила четири пати на ист ден: Нереално е што сите го слават својот роденден заедно


Жена од Калифорнија неодамна го роди своето четврто дете, кое случајно го дели истиот датум на раѓање како и нејзините три постари браќа и сестри. Според американските медиуми, Наужа Дрејк (26) го родила својот син Кајлоу на 7 јули, а ги има и Кјуан, кого го родила во 2019 година, ќерка На’Заиле, која ја добила […]

Совети за родители: Развијте ги моторните вештини кај децата преку овие забавни активности


Првата година од животот на вашето бебе е време на интензивен развој, истражување и учење. Иако развојот на мозокот е сложен, активното време поминато во играње заедно може да биде многу едноставно, корисно и забавно. Преку одбрани играчки, вашето бебе може да вежба моторни вештини, да развие координација на рака и око, па дури и […]

Кумановка го дала бебето на чување кај двојка од Арачиново, сега не ѝ го враќаат


Во неделата, во 19.30 часот во СВР Куманово, М.М.(41) од Куманово пријавила дека А.М.(39) и неговата сопруга А.М.(35) од с. Арачиново, скопско, не ѝ го давале нејзиното новороденче. Според пријавеното, пред околу четири месеци, додека била бремена, се запознала со сопружниците, кои ѝ понудиле финансиска помош откако ќе се породи. Како што е пријавено, таа […]

Најмалку деца родени во Словенија од осамостојувањето


Во Словенија минатата година имало 16.735 раѓања, што е за 130 помалку од 2023 година, но и најмал број родени деца од независноста во 1991 година. Ова е најниската стапка на наталитет во Словенија досега, покажуваат податоците на Националниот институт за јавно здравје. Проценетата бројка на живородени деца, вклучително и повеќекратна бременост, е околу 16.900. […]

Првото бебе во 2025 година е машко


 На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство  во Скопје во 00.01 часот се роди првото бебе во Македонија. – Се роди здраво машко бебе, тешко 3190 грама и долго 50 сантиметри, информираат од  Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.  Мајката на новороденчето е Сања Талевски.

Јана и Лука најпопуларни имиња во 2024 година


Јана е најчестото женско, а Лука најчестото машко име што им се давани на новороденчињата во земјава во 2024-та година. Според податоците на Управата за водење матични книги, меѓу најчестите имиња годинава кај новородените женски бебиња се и Хана, Софија, Дуа, Ана, Мила, Јована и Миа. Кај машкит деца, пак, најчести имиња покрај Лука се […]

Детската клиника ќе одговара зошто не издала писмено образложение за тоа што не го примиле седуммесечното бебе


Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), кој изврши вонреден инспекциски надзор на Детската клиника откако почина седуммесечно бебе, предлага Министерството за здравство да покрене постапка за стручен надзор над лекувањето на бебето.  Од извршениот вонреден инспекциски надзор констатирано е дека на Детската клиника сѐ уште не е решен проблемот со задолжителното присуство на специјалист во […]

Пронајдени мртви бебиња закопани кај Вараждин. „Родителите во притвор се молат и ja читаат Библијата“


Кај Вараждин во Хрватска, пронајдени се две тела на бебиња, закопани во дворот на семејната куќа. Родителите се уапсени. Родителите на двете бебиња, кои беа пронајдени закопани во дворот на семејниот дом во Љубље Калнички, на подрачјето на општина Љубешчица, времето го поминаа во притвор, каде што беа однесени, читајќи ја Библијата, не зборувајќи и […]

Првпат мајка на 61 година – на Гинекологија се породи највозрасната прворотка


Жена на возраст од 61 година го родила своето прво бебе на Клинката за гинекологија во Скопје. Директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Ирена Алексиовска-Папестиев ќе даде изјава за медиумите по повод раѓањето на бебе од највозрасната мајка во државата – 61 годишна проворотка.  Вакви случаи во светот се ретки, а кај нас уште […]

Починало бебе старо осум дена, во тешка состојба било донесено од Струмица на Детската клиника во Скопје


 Бебе старо осум дена починало вчера на Детската клиника во Скопје, откако во тешка здравствена состојба било донесено од Струмица, потврдуваат од клиниката. Како што објаснуваат, се работи за предвремно родено дете, со мала тежина, кое било со тешка сепса.

Момче (3) случајно со пиштол убил бебе во САД


Огромна трагедија се случи во понеделникот во САД кога тригодишно дете уби 10-месечно бебе откако пукаше од наполнет пиштол. „Бебето беше застрелано и убиено од мало дете кое зеде наполнет пиштол додека беа во паркиран автомобил и го повлече чкрапалото“, соопшти полицијата, пренесе ABC. Пукањето се случило на паркинг во близина на медицински центар во […]

Клиника „Козле“: Нема лекарски пропуст во третманот на починатото дете


Универзитетската клиника „Козле43 утврдила дека нема лекарска грешка во постапувањето со 14-месечното дете, кое почина на скопските клиники,  Била формирана стручна комисија на клиниката која го разгледала целиот случај и не нашла никаков лекарски стручен пропуст во третманот, следењето и лекувањето на пацентот. „Веднаш потоа се состана во два наврати и стручниот колегиум кој се согласи […]

Почина четиримесечно бебе во Струшко, причините ќе се утврдуваат


Четиримесечно бебе од струшко без знаци на живот синоќа од родителите било донесено во Општата болница во Струга, соопшти денеска СВР Охрид. Портпаролот Стефан Димоски информира дека во ОВР Струга вчера во 22 часот и 43 минути било пријавено дека детето починато е однесено на Детското одделение. – На Детското одделение во Општата болница во […]

Се породи мајката на исчезнатата Данка Илиќ


Мајката на убиеното девојче Данка Илиќ, Ивана, се породи и роди момче. Како што се дознава, мајката и бебето се добро, а тоа го потврди и Ивана. „Што се однесува до случајот со Данка, апсолутно ништо не знаеме. Немаме информации, се породив, родив син, и бебето и јас сме добро“, кратко изјави Ивана. За потсетување, […]

Модриците кај доенчето биле од земање венска крв, а не насилство од медицинската сестра (видео)


  Медицинската сестра на Клиниката за детски болести му земала венска крв на тримесечното доенче, а бидејќи се работи за премногу мало бебе, најчесто две сестри го прават тоа. Едната ја фиксира раката на детето, држејќи ги надлактицата и подлактицата на пациентот, а другата боцка вена за да земе крв.  Нормална, секојдневна процедура, ја разбранува […]

Случаен минувач нашол болно бебе во центарот на Велес


Бебе во тешка здравствена состојба било оставено во центарот на Велес, случаен минувач го однел во болница – информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. – Синоќа во 17.40 часот во СВР – Велес, од болница во градот било пријавено дека од страна на случаен минувач, кај нив било донесено бебе, кое било […]

ДСЗИ иницира формирање комисија за да се утврди дали имало пропусти во лекувањето на новороденчето од Ресен


Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе иницира формирање на комисија со цел да се утврди дали имало пропусти во начинот на лекување на родилката и новороденчето од Ресен кое почина 30 часа од породувањето.  Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат информираат дека на 20 јуни е извршен вонреден инспекциски надзор во битолската Болница и на […]