Сопственикот на „Зара“ купи деловна зграда во Барселона за 250 милиони евра


Основачот на „Зара“, Амансио Ортега, купил деловна зграда во Барселона од „Блекстоун“ за 250 милиони евра (283 милиони долари), изјавија за Ројтерс во петокот два извори запознаени со трансакцијата. „Блекстоун“ ја продал зградата од 28.000 квадратни метри на Авенида Дијагонал, која моментално ја изнајмува шпанската издавачка куќа „Планета“, на инвестициската фирма на Ортега, „Понтегадеа“, велат […]

Јамал во Барселона до 2031 година


Ламин Јамал ​​се обврза со Барселона на уште шест години – до 30 јуни 2031 година! „Сегашност и иднина“, така Барселона накратко го опиша денешниот настан. Како и обично, Барселона објави дека на потпишувањето на договорот присуствувале претседателот Жоан Лапорта, првиот потпретседател Рафа Хусте и спортскиот директор Деко. Јамал ​​го имаше своето деби за првиот […]

Барселона ја освои титулата во Ла Лига, по натпреварот против Еспањол настана хаос


Барселона ја освои титулата во шпанското првенство победувајќи го Еспањол со 2-0 во градското дерби, две кола до крајот на Ла Лига, благодарение на головите на Ламине Јамал и Фермин Лопез. Оваа победа е особено слатка за навивачите на Барса бидејќи ја одзедоа титулата од еден од нивните најголеми ривали (Реал) и ја обезбедија со […]

Ханси Флик останува во Барселона уште две сезони


Ханси Флик има одлична дебитантска сезона на клупата на Барселона, а за тоа е награден со продолжување на договорот. Каталонците не се подготвени да се откажат од тренерот кој им помогна да останат непоразени против Реал Мадрид оваа сезона, и ќе остане во клубот до јуни 2027 година. Откако пристигна на клупата, германскиот стручњак донесе […]

Барселона се приближува кон титулата во Шпанија по големиот пресврт против Реал Мадрид во „Ел Класико“


Барселона речиси ја обезбеди титулата во шпанската Ла Лига откако го победи Реал Мадрид со 4-3 во „Ел Класико“. Екипата на Ханси Флик направи голем пресврт против својот голем ривал откако заостануваше со 0:2 во 14-тата минута. Во петтата минута од судиското продолжение, Фермин Лопез го постигна петтиот гол за Барселона, но по прегледот се […]

Фудбалска драма: Интер избори финале во ЛШ во невиден спектакл против Барселона (видео)


Првиот финалист на Лигата на шампионите оваа сезона е Интер, кој во спектакуларен реванш ја победи Барселона со 4:3 по продолженија и се пласираше понатаму со вкупен резултат од 7:6. Интер водеше со 2:0 со головите на Лаутаро Мартинез (21) и Хакан Чалханоглу (45-11м), но Барселона го сврти резултатот во второто полувреме со головите на […]

Со шпанска и француска музика и безалкохолна сангрија испратени првите патници за Барселона и Лион


Со шпанска и француска музика, освежителна безалкохолна сангрија и празнична атмосфера, Меѓународниот аеродром Скопје синоќа ги испрати првите патници на директните летови кон Барселона и Лион – нови дестинации што ги воведе нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“. Летот кон Барселона повторно се воведува откако беше укинат во јануари 2022 година. На обновениот лет до Барселона полетаа […]

Тер Штеген повторно на голот на Барселона, по 223 дена надвор од теренот


Марк-Андре тер Штеген ги одбројува минутите до неговото долгоочекувано враќање во протоколите за натпревари на Барселона, откако е надвор од терените 223 дена, а доколку сè оди според планот оваа сабота, против Ваљадолид, тој би требало да биде повторно меѓу стативите. -Тер Штеген ќе брани од првата минута. Тој тренира фантастично веќе некое време, покажа […]

Барселона сака да го продолжи договорот со Флик до 2027 година


 Раководството на Барселона ги продолжува преговорите со тренерот Ханси Флик за нов договор. Според инсајдерот „Фабрицио Романо“, договорот ќе биде склучен во мај. Германскиот фудбалски стручњак сака да остане во клубот. Барселона планира да го продолжи договорот на Флик до јуни 2027 година со опција за продолжување на уште една сезона. Барселона е лидер во […]

„Визер“ и ТАВ Македонија повторно летаат до Барселона, а три пати неделно ќе се лета и до Лион


Тав Македонија и „Визер“, денеска открија дека воспоставуваат редовен лет со авион од Скопје до Лион, Франција, а повторно се воспоставува и линијата до Барселона, Шпанија. На релацијата Барселона – Скопје ќе има летови двапати неделно, во ворник и сабота. „Кон Лион воспоставуваме три летови неделно, во вторни, четврток и сабота, што значи дека можете […]

Барселона би можела да се врати на „Камп Ноу“ во септември


Објавен е веројатниот датум за враќање на Барселона на стадионот „Камп Ноу“. Според „Onze Mondial“, клубот очекува да ја заврши реконструкцијата во септември оваа година. Капацитетот на стадионот по завршувањето на сите процеси се очекува да биде 105 илјади гледачи. Реконструкцијата на „Камп Ноу“ започна во 2023 година. Оттогаш, Каталонците своите домашни натпревари ги играат […]

Барселона е на чекор од полуфиналето на ЛШ, ПСЖ со значајна предност пред реваншот


Во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите, ПСЖ на стадионот „Парк де Пренс“ ја совлада Астон Вила со 3-1. Дуе, Кварачелија и Мендеш ги постигнаа победничките голови за парижаните, додека Роџерс погоди за гостите. Лондонскиот тим на крајот имаше среќа да помине со само три гола во мрежата на Мартинез, бидејќи парижаните беа […]

Барселона го победи Атлетико и се пласираше во финалето на Кралскиот куп


Барселона синоќа на гостински терен со 1:0 го победи Атлетико Мадрид во реванш натпреварот од полуфиналето на Купот на Шпанија. Стрелец на единствениот гол беше Феран Торес во 27. минута по асистенцијата на Ламин Јамал. Првиот натпревар заврши нерешено (4:4), па Барселона се пласираше во финалето. За трофејот каталонскиот тим ќе се бори со Реал […]

Ла Лига со нови санкции против Барселона


Барселона ќе има понизок таван за плати за новите играчи, објави во средата Ла Лига. Организацијата која го администрира шпанското фудбалско првенство соопшти дека неодамнешниот преглед на сметководствените податоци на Каталонците покажал дека постои несовпаѓање што произлегува од одлуката на претходниот ревизор да вклучи трансакција вредна 100 милиони евра. Во стариот извештај се споменуваше продажбата […]

Барселона прв четвртфиналист во Лигата на шампиони


 Барселона е првиот четвртфиналист во Лигата на шампиони, откако вечерва ја совладаа Бенфика на домашен терен со 3-1 (3-1) во реванш осминафиналниот дуел. Барселона, која минатата недела триумфираше на гостувањето во Лисабон со 1-0, втор пат беше поуспешна од Бенфика, извојувајќи заслужена победа со головите на Рафиња (11 минута, 42) и Јамал (27). Почесниот гол […]

ЛШ: Баерн, Барселона, Ливерпул и Интер со предност пред реванш осминафиналните дуели


Фудбалерите на Баерн Минхен, Барселона, Ливерпул и Интер забележаа вечерва победи во првите осминафинални дуели во Лигата на шампиони (ЛШ). Францускиот првак ПСЖ доминираше на теренот во Париз, но не реализираше голем број идеални шанси за гол, а казната на спротивната страна дојде во самиот финиш кога Ливерпул со голот на Харви Елиот во 87 […]

Барселона повторно на врвот во Ла Лига


Тренерот на Барселона, Ханс Флик, изрази задоволство од настапот на неговиот тим и победата во натпреварот од 24. коло на шпанскиот шампионат синоќа против Рајо Ваљекано (1:0). -Среќни сме, на врвот сме во Ла Лига. Ова е многу важно и за тимот и за навивачите. Реков дека ќе се бориме до крај, и тоа го […]

Анчелоти ја напаѓа Барселона со најсилниот тим за третиот трофеј во сезоната


Во недела од 20 часот Барселона и Реал Мадрид ќе играат во финалето на Суперкупот, а Карло Анчелоти ден пред натпреварот доби одлична вест. Како што пренесува угледниот весник „АС“, италијанскиот стручњак ќе може да смета на Џуд Белингам, Федерико Валверде и Аурелиано Чуаменi кои се полесно повредени. Сите тројца се важни играчи за Реал […]

Судот даде одобрение: Барселона ги регистрираше Олмо и Виктор


Барселона успеа да ги регистрира Дани Олмо и Пау Виктор, по одлуката на судот во Шпанија. „Судот и одобри регистрација на Барселона со мерки на претпазливост. Дани Олмо и Пау Виктор се веќе достапни за вечерашниот натпревар“, пренесуваат шпанските медиуми. Најголеми противници за регистрација на Олмо и Виктор беа Севиља, Атлетико Мадрид и вечерашниот противник […]

Навивачите на Барселона побараа оставка од претседателот Лапорта


Организацијата на навивачите на Барселона побара оставка од претседателот на клубот Жоан Лапорта поради проблемите со регистрацијата на играчот од средниот ред Дани Олмо и напаѓачот Пау Виктор. -Она што го доживеавме во последните часови од 2024 година покажува дека маѓепсаниот круг во кој се најде управата на клубот е целосно прекинат. Побргу отколку што […]