Дел од Бардовци без вода поради дефект


Поради уличен дефект на водоводна цевка на улицата „4“ во Бардовци, од 9:10 часот прекинато е водоснабдувањето за корисниците од оваа улица, соопштија утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Во соопштението се додава дека засегнатите ќе останат без вода за пиење сѐ до завршување на работните активности.

Пожар во населбата Геге, евакуирана Психијатриската болница Бардовци


Центарот за управување со кризи (ЦУК) вечерва соопшти дека е под контрола пожарот во населбата Геге во општина Ѓорче Петриов кој се проширил кон населбата Бардовци и зафатил дел од површината на дворот на Психијатриската болница Бардовци, обраснат со висока сува трева и дрвја.  – Пожарот претставуваше опасност да се прошири во целиот комплекс на […]

Градоначалникот Јакимовски и жители на Злокуќани против префрлање на Центарот за зависници од Кисела Вода во болницата „Бардовци“


Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски заедно со локалното население од Злокуќани ги повикаа владата и министерството за здравство да ја преиспитаат намерата да го префрлат центарот за зависници од Кисела Вода во болницата Бардовци. Имам крајно непријатна потреба да се обратам до јавноста, затоа што се наоѓаме пред болницата за душевно болни „Бардовци“ што […]

Бардовци забрзано се развива, Карпош ќе инвестира во инфраструктурата


Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски најави дека во текот на годината во населеното место Бардовци ќе се случат инвестиции во инфраструктура во висина од над 1,6 милиони евра, поточно во фекална и атмосферска канализација, водоводна мрежа, асфалтирање и поплочување на улици. Тој нагласи дека локалната самоуправа мора да одговори соодветно на потребите за изградба […]

Општина Карпош ќе инвестира над 1,6 милиони евра за инфраструктурни зафати во населба Бардовци


Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска најави дека во текот на годината во населеното место Бардовци ќе се случат инвестиции во инфраструктура во висина од над 1,6 милиони евра, поточно во фекална и атмосферска канализација, водоводна мрежа, асфалтирање и поплочување на улици. – Во моментот, во оваа населба вршиме асфалтирање и поплочување на улици […]

Без струја утре дел од корисниците во село Бардовци и ул. „Дрезденска“ во Карпош


Поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија утре (30 април) од 9 до 12 часот ќе останат дел од корисниците во село Бардовци во општина Карпош.  Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи-Град Скопје по известување добиено од ЕВН Македонија АД, од 9.30 до 14 часот утре струја ќе немаат […]

Две лица сместени во „Бардовци“ биле нападнати од обезбедувањето со тврди предмети


Вработени како обезбедување во болница во Бардовци нападнале две лица Скопје кои биле сместени во болницата.  – На 28.11.2023 во 17.00 часот во Полициската станица Карпош, С.Б.(29) и Н.Н.(28), двајцата од Скопје, пријавиле дека околу 01.00 часот во просторијата во која биле сместени во судското одделение во специјална болница на подрачје на Бардовци биле физички […]

Катанци и синџири во психијатриската болница „Демир Хисар“, 15 затвореници спијат во 14 квадрати


Во најголемиот затвор во државава, КПУ/КПД Идризово, во таканареченото затворено одделение во најголемиот дел од просториите не се почитуваат Европските затворски правила, според кои како минимален стандард за сместување лица лишени од слобода се налагаат четири метри квадратни индивидуален простор во заедничко домување, или шест метри квадратни во самостојно домување. Напротив тука условите доведуваат до […]

Избега пациент од „Бардовци“


Пациент вчера избегал од психијатриската болница „Бардовци“. -На 13.06.2023 во 12.30 часот во Полициската станица Карпош било пријавено дека од Психијатриската болница Бардовци се оддалечил пациентот В.С.(41) од Скопје, соопшти МВР. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Вонреден инспекциски надзор од ДСЗИ во психијатриска болница „Скопје“


Вонреден инспекциски надзор од Државен санитарен и здравствен инспекторат бил извршен во психијатриска болница „Скопје“, потврди в.д. директорот Мухсин Арифи, кој најави повеќе детали нешто подоцна во текот на денот. – Kако новоназначен директор на психијатриската болница „Скопје“, чувствувам должност да се обратам на пошироката јавност за последните случувања поврзани со агресивните пациенти кои се […]

Се степале пациенти на психијатриската болница во Бардовци, па се изболе со нож


Двајца пациенти во психијатриската болница во Бардовци се степале по што едниот употребил и нож. Неофицијално, инцидентот се случил во т.н. затворски дел на установата. Од МВР го потврдуваат инцидентот и работат на негово расчистување. Од полиција велат дека пациентот што употребил нож е 37-годишник од Велес. Избодениот е 33 години од Неготино. Двајцата се […]

Трета среќа за Клинички центар: И нов ќе се гради и стариот ќе се крпи


Ќе се прават улици низ скопската населба Бардовци како подготовка за новиот клинички центар, но ќе се реновираат и некои од постојните клиники во сегашна државна болница. Така паралелно ќе се „турка“ да функционира најголемата здравствена установа во државата, додека да се изгради новиот и модерен медицински град, кој во петокот го најави министерот за […]

Новиот Клинички центар ќе се гради во Бардовци


Новиот Клинички центар ќе се гради во скопско Бардовци, објави министерот за здравство, Венко Филипче, на прес конференција во Владата. Ваква одлука донела Владата, и по цена да плаќа пенали на Банката на Советот на Европа, кои би биле во висина од 5,5 милиони евра. – Сметам дека сега тоа што ни изгледа како најскапа […]