Добивката на словенечките банки во првата половина од годинава е приближно иста како и лани


Во првата половина од оваа година, банките во Словенија остварија 619,8 милиони евра добивка пред оданочување, што е за 0,4 проценти повеќе во однос на истиот период минатата година, објави Банката на Словенија. Високата кредитна активност продолжи и во јуни во банкарскиот систем. И нето каматните и нето некаматните приходи се зголемија во првите шест […]

Банките во еврозоната ги заоструваат условите за кредитирање


Банките во еврозоната ги заострија условите за кредитирање во вториот квартал, во услови на зголемена геополитичка нестабилност, и сигнализираа зголемена чувствителност на ризик во летните месеци, покажа денес кварталниот извештај на Европската централна банка (ЕЦБ). Побарувачката на компаниите за кредити малку се зајакна во периодот април-јуни, но кредиторите отфрлија поголем дел од апликациите во сите […]

Банкарските провизии во Македонија не се исти кај сите банки: Каде се најниски?


  На прв поглед, банкарските услуги кај нас изгледаат слично – сметка е сметка, картичка е картичка, а трансакција е трансакција. Но, кога малку подетално ќе се анализира, станува јасно дека на македонскиот банкарски пазар има конкуренција и дека вреди да се знае која банка колкави провизии наплаќа и каде се најниски. Разликите не се […]

Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци


  Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, повика на разгледување на законски измени со кои на Народната банка би ѝ се овозможиле механизми за поголема заштита на корисниците на платежните услуги и за ограничување на одредени банкарски надоместоци, по примерот на повеќе европски земји.   Во објава на социјалната мрежа Икс, Славески истакна дека платниот […]

Големите американски банки остварија профит од 50 милијарди долари во првите три месеци


  Големите американски банки остварија профит во вредност од речиси 50 милијарди долари во првите три месеци од годината, бидејќи имаа корист од турбуленциите на берзата предизвикани од војната меѓу САД и Израел против Иран. Најголемите заемодаватели на Волстрит објавија скок на приходите во првиот квартал, што го одразува порастот на побарувачката за трговски услуги, […]

Во Србија банките ќе мора да им понудат олеснување на должниците пред присилна наплата


Народната банка на Србија донесе Одлука за олеснувања за отплата на кредити што банките се должни да им ги понудат на должниците во неволја, пред да започнат со постапката за присилна наплата. Меѓу предвидените бенефиции се пониска каматна стапка, мораториум на отплата, продолжување на рокот за отплата, па дури и – делумно простување на долгот. […]

Банките во Србија остварија профит од 774 милиони евра за шест месеци


Комерцијалните банки во Србија остварија профит од 90,7 милијарди динари, или 775 милиони евра, во првата половина од 2025 година, објавува „Данас“. Во споредба со првите шест месеци од минатата година, нето добивката на банките се зголеми за помалку од два проценти, бидејќи во споредливиот период тие заработија 89,2 милијарди динари (околу 760 милиони евра), […]

Трите најголеми банки најавија намалување на надоместоците за платни услуги


Трите најголеми банки во земјава наскоро ќе објават нови тарифници со намалени надоместоци за извршување платни услуги − најави гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, во интервју за емисијата „Трилинг“. Оваа позитивна најава следи по интензивниот дијалог што Народната банка го води со банкарскиот сектор за унапредување на пристапот на граѓаните до поефикасни и […]

Зајкова: ЛДП по трет пат ќе ги поднесе измените на Законот за платежни услуги и платни системи


Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, денеска најави дека повторно, по трет пат ќе ги поднесе измените на Законот за платежни услуги и платни системи, со кој се намалуваат и укинуваат неоснованите банкарски трошоци кои банките им ги наплаќаат на граѓаните. – Конечно после две години постојано говорење и […]

Гувернерот Славески бара банките да ги намалат провизиите, првиот чекор ќе го направи Народната банка


Народната банка ќе ги намали надоместоците што банките ги плаќаат за користење на услугите во Македонскиот интербанкарски платен систем (МИПС), како што се надоместоците поврзани со долговниот промет, но очекува во најкус можен рок банките да ја ревидираат висината на надоместоците за извршување на плаќањата за граѓаните и компаниите и да ги постават на разумно […]

Задолженоста на компаниите во банките зголемена за половина милијарда евра, има ли удел и унгарскиот кредит?


  Двоцифрени проценти за раст на кредитирањето на компаниите – во април задолженоста изнесувала 4,05 милијарди евра што е за половина милијарда евра повеќе во однос на истиот месец, минатата година. Банкарите очекуваат дека и во овој втор квартал ќе има зголемена побарувачка за кредити а условите за одобрување ќе олеснуваат, пишува Порталб.мк. Домаќинствата пак само […]

Напредува подготовката на банките за приклучување во платежната шема на СЕПА во октомври 2025 година


Сите дванаесет комерцијални банки во земјава интензивно работат на изготвување апликации и технички решенија потребни за нивното вклучување во платежната шема за кредитни трансфери на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). Една системски значајна банка веќе ја поднесе апликацијата до Европскиот совет за плаќања (ЕПС), девет банки имаат направено избор на странска банка преку […]

Во Хрватска за следната недела најавен бојкот на банките и телекомуникациите


Хрватската потрошувачка платформа „Ало, инспекторе“ денеска соопшти дека бојкотот на пекарниците во Хрватска е голем успех и најави дека тој ќе продолжи и следната недела, овојпат на банките и телекомуникациските компании бидејќи ги зголемиле цените на нивните услуги. Од платформата наведуваат дека потрошувачите изразиле незадоволство од поскапувањето на банкарските услуги и на телекомуникациските оператори. Тие […]

Кој губи, а кој добива со унгарскиот кредит за компаниите


  Компаниите кои што ќе сакаат да инвестираат во опрема или во објекти со позајмување средства од кредитната линија од унгарската Експорт импорт банка што ја обезбеди Владата, „тешка“ 250 милиони евра, ќе им плаќаат на банките во Македонија камата од 3,25 отсто. Ова, како што појаснуваат од Министерството за финансии ќе биде единствениот трошок […]

(Во живо) „Централните банки и централнобанкарското работење во комплексно опкружување: покажување посветеност и одржување на кредибилитетот“


Десетта меѓународна конференција на тема „Централните банки и централнобанкарското работење во комплексно опкружување: покажување посветеност и одржување на кредибилитетот“, во организација на Народната банка.  

Како нашите банки се штитат од кибернапади?


„Народната банка има посебна организациска единица и регулатива за осигурување на дигиталната отпорност во финансискиот сектор, којашто е во согласност со најдобрите практики на Европската централна банка и Европскиот банкарски орган. Со оглед на брзиот технолошки развој и дигитализацијата, централната банка постојано ги следи најновите трендови за јакнење на свесноста од ризиците и врши надополнување […]

Банките во Хрватска во првиот квартал ја зголемија добивката за 37,2 отсто – на дури 413 милиони евра


Банките во Хрватска во првиот квартал од годинава оствариле добивка од 413,4 милиони евра, што е за 112,2 милиони евра или 37,2 отсто повеќе во однос на првиот квартал од минатата година, покажуваат најновите податоци на Хрватската народна банка (ХНБ). „Работењето на кредитните институции во првиот квартал од 2024 година резултираше со добивка во износ […]

ЕЦБ: Домаќинствата во еврозоната сѐ помалку позајмуваат од банките


Домаќинствата во еврозоната се помалку се задолжуваат кај банките, ова е заклучокот од извештајот на Европската централна банка (ЕЦБ) за монетарните движења во март, објавен денеска. Банкарските заеми за домаќинствата во еврозоната пораснаа за 0,2 отсто на годишно ниво во март, забавувајќи се од 0,3 отсто во февруари, според ЕЦБ. Како што произлегува од податоците, […]

Банките во Хрватска ја зголемија добивката за цели 91,2 отсто


Банките во Хрватска минатата година работеа со добивка од 1,36 милијарди евра, што е за 647,2 милиони евра или 91,2 отсто повеќе од една година порано, покажуваат привремените неревидирани податоци за работењето на кредитните институции објавени од Хрватската народна банка во четвртокот. „Работењето на кредитните институции во 2023 година резултираше со добивка во износ од […]

Домаќинствата во еврозоната се помалку позајмуваат од банките


Домаќинствата во еврозоната се помалку позајмуваат кај банките, е заклучокот од новиот извештај на Европската централна банка (ЕЦБ) за монетарните движења во декември. Заемите од банките за домаќинствата во еврозоната во декември пораснаа за 0,3 отсто на годишно ниво, што е најбавна годишна стапка на раст од март 2015 година, се наведува на веб-страницата на […]