Несреќа на бродски гробишта во Бангладеш: Осум работници се задушиле од отровен гас во танкер


Осум работници денеска ги загубија животите од задушување со заостанат отровен гас во танкер за течен природен гас на бродско гробиште во Бангладеш, додека го подготвувале металот за сечење, а неколку нивни колеги се хоспитализирани со тешки последици. Трагедијата се случила во пограничниот појас на Ситакунда, во областа Чатограм, каде што на брег со должина […]

Најмалку 24 лица загинаа откако автобус се урна во река додека се обидуваше да се качи на ферибот во Бангладеш


Најмалку 24 лица загинаа откако патнички автобус со околу 40 патници се урна во реката Падма додека се обидуваше да се качи на ферибот во Бангладеш, соопштија денеска официјални лица. Несреќата се случи вчера кога автобусот ја изгуби контролата додека се приближуваше до ферибот во Даулатдија во округот Раџбари, околу 100 километри од Дака. Автобусот […]

(Видео) Силен земјотрес го погоди главниот град, неколкумина загинаа: „Зградите се тресеа како дрвја“


Најмалку три лица загинаа, а неколку се повредени во земјотрес со јачина од 5,7 степени што го погоди Бангладеш во петокот. Зградите беа оштетени во многу области, вклучувајќи ја и Дака, густо населената престолнина, а земјотресот беше почувствуван и во Индија. 🚨 EARTHQUAKE ALERTA terrifying earthquake just shook Dhaka city and nearby regions. People rushed […]

Заклучени врати и отровен гас причина за смртта на десетина загинати во пожарот во фабриката во Бангладеш


Отровен гас и заклучени врати на покривот на зградата биле причината за смртта на поголемиот дел од најмалку 16 лица кои го загубија животот во разорниот пожар што избувна во фабрика за облека и соседен магацин со хемикалии во Дака, соопшти денеска претставник на противпожарната служба. – Жртвите не успеале да избегаат затоа што вратата […]

Вечерњи лист: Хрватска се закани со суспензија на визите и работните дозволи за државјаните на Бангладеш


Хрватска веќе го суспендираше или го отежна, но и се закани со прекин на издавањето визи и работни дозволи за граѓаните на Бангладеш, откако беше утврдено дека минатата година биле издадени 12.400 визи и работни дозволи , а од нив 8.000 воопшто не биле издадени во Хрватска, пишува загрепски Вечерњи лист. Од 4.400 лица кои […]

Итно мора да увезат 500.000 тони – уништен орзиот во Бангладеш


Поплавите предизвикани од обилните монсунски дождови и поројното истекување возводно ја погодија земјата во два големи бранови во август и октомври, одземајќи најмалку 75 животи и загрозувајќи милиони, особено во источните и северните региони каде штетите беа најголеми, пренесува Seebiz. Министерството за земјоделство соопшти дека годинашните поплави резултирале со значителна загуба во производството на ориз. […]

Монсунските поплави во Бангладеш однесоа 20 животи и погодија повеќе од пет милиони луѓе


Најмалку 20 лица загинаа, а повеќе од 5,2 милиони луѓе се погодени во Бангладеш од поплавите предизвикани од монсунските дождови и излевањето на реките, соопштија властите. Поплавите оставија многу луѓе изолирани и итно им е потребна храна, чиста вода, лекови и сува облека, особено во оддалечените области каде што патиштата се блокирани, што го отежнува […]

Добитникот на Нобеловата награда за мир Јунус ќе ја предводи привремената влада на Бангладеш


Нобеловецот Мухамед Јунус (84), долгогодишен политички непријател на соборената премиерка на Бангладеш Шеик Хасина, е именуван за привремен лидер на земјата. Јунус беше назначен еден ден откако Хасина побегна од земјата, а на се’ претходеа неколкунеделни протести на кои се бараше нејзина оставка, јавува Би-би-си. Хасина го третира Јунус како јавен непријател, а тој моментално […]

Бангладеш ќе го назначи нобеловецот Јунус за привремен шеф на владата


Претседателот на Бангладеш, Мохамед Шахабудин треба да го назначи нобеловецот, Мохамад Јунус за шеф на привремената влада на земјата, еден ден откако премиерката Шеик Хасина беше принудена да поднесе оставка и да побегне во Индија по масовните протести. Претседателскиот портпарол за ДПА изјави дека одлуката за назначување на 84-годишниот Јунус била донесена на состанок на […]

Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена


Најмалку 74 луѓе, од кои 35 земјоделци, загинаа од удари на гром во изминатите 38 дена во Бангладеш, а експертите посочуваат на влијанието на климатските промени како главна причина за ваквите инциденти. Според извештајот објавен денеска од Save the Society и Thunderstorm Awareness Forum, 43 луѓе биле убиени од гром во текот на осум дена […]

Најмалку 43 лица загинаа во пожар во трговски центар во Бангладеш


Најмалку 43 лица загинаа во пожар што избувна во шесткатен трговски центар во Дака, Бангладеш. Министерката за здравство, Саманта Лал Сен рече дека пожарот избувнал доцна синоќа во ресторан во трговскиот центар Грин Кози Котиџ и брзо се проширил на другите катови. До утрово, најмалку 43 лица починаа, а 22 други останаа со тешки изгореници […]

Затворени 150 фабрики во Бангладеш – шијат за плата од 75 долари


Производителите на облека во Бангладеш затворија 150 фабрики на неодредено време. Полицијата поднела обвиненија против 11.000 работници во врска со насилните протести со кои се бара зголемување на минималната плата, соопштија властите. 3.500 фабрики за облека во Бангладеш сочинуваат околу 85 отсто од неговиот годишен извоз од 55 милијарди долари, а оние што доаѓаат од […]

(Видео) Голем пожар на пазар во Бангладеш – го гасат стотици пожарникари


Стотици пожарникари се обидуваат да го изгаснат огромниот пожар што утринава избувна на популарниот пазар за облека во Дака. Нема извештаи за жртви, но сопствениците на продавници и пожарникарите изјавија дека пазарот „Бонго Базар“ и уште три помали пазари околу него се речиси целосно уништени од пожарот. Портпаролот на противпожарната бригада соопшти дека во гаснењето […]

Девет мртви во налет на циклонот Ситранг на брегот на Бангладеш


Најмалку девет лица загинаа откако циклон Ситранг го погоди брегот на Бангладеш, соопштија денеска властите во оваа азиска држава, пренесе ДПА. Циклонот, што во текот на ноќта се претвори во депресија, исече и искорна дрвја и столбови за електрична енергија, а водата ги преплави пониските области околу брегот. Камрун Нахар, службеник во контролната соба на […]

Бангладеш планира масовна евакуација пред удар на циклон


Тропска бура во Бенгалскиот залив што се движи кон Бангладеш ги принуди локалните власти да планираат евакуација на стотици илјади жители на крајбрежјето, соопштија денеска властите. – Подготвивме засолништа за циклонот за да сместиме околу 2,5 милиони луѓе во 15 крајбрежни области, рече во Дака Енамур Рахман, државен министер за помош и управување со катастрофи. Повеќе од […]

Силни бури во Бангладеш и во Индија, најмалку 59 жртви


Најмалку 59 лица загинаа при лизгање на земјиште и од удар на гром за време на силните бури во Бангладеш и во Индија. Милиони лица се блокирани, а здравстевните работници се борат за да дојдат до најзагрозените. Метеоролози предупредуваат на влошување на временските услови во наредните неколку дена. Владини лица во Бангладеш ја опишуваат состојбата […]

Новогодишна прослава во Бангладеш и во Непал по двегодишна пауза поради Ковид-19


По двегодишна пауза, илјадници луѓе во Бангладеш и во Непал ја прославија својата нова година со шарени поворки и музички приредби, затоа што пандемијата од коронавирусот стивна, а животот се врати на старото „нормално“. Во Дака, луѓето облечени во традиционална црвена облека влегоа во бенгалската 1429 година. Маршираа, пееја и танцуваа на кампусот на универзитетот […]

Најмалку 37 загинати во пожар на траект во Бангладеш


Најмалку 37 лица загинаа, а 72 се повредени во пожар на преполн траект на југот на Бангладеш, соопштија локалните власти. Пожарот избувнал три часа по полноќ по локално време, во близина на градот Џалакати, на брод што испловил од главниот град Дака и тргнал на југ кон градот Баргуна, оддалечен 250 километри. Акцијата за спасување […]

САД донира дополнителни 1,78 милиони дози од вакцината на Фајзер на Бангладеш


САД донираа уште 1,78 милиони дози вакцина против коронавирус од Фајзер/БиоНТек на Бангладеш во обид да и помогнат на јужноазиската земја да ја зајакне својата кампања за имунизација на младите над 12 години, соопшти американската амбасада во Дака. „Американскиот народ донираше вкупно 18,5 милиони дози вакцини за Ковид-19 на Бангладеш“, се вели во соопштението на […]

Повеќе од 70 лица настрадаа во голем пожар во Бангладеш


Во голем пожар што изби во зграда во стариот дел на Дака, престолнината на Бангладеш загинаа најмалку 70 лица, јавуваат пожарникарите и додадоа дека бројката на жртви би можела да порасне. Пожарот избил вчеравечер и се проширил кон поблиските згради, но пожарникарите се сомневаат дека причината би можела да биде краток спој. Медиумите во Бангладеш […]