Несекојдневно и интересно: Учениците од Ново Село во балон ја завршија учебната година


Учениците од општина Ново Село учебната година ја завршуваат со необично и возбудливо искуство. Денеска како воннаставна активност околу 300 ученици во присуство на своите родители имаа можност да летат со балон на топол воздух. По осум ученици во група беа подигнати на висина до 30 метри во балон на топол воздух поврзан со сајли […]

САД: Лукашенко вети дека ќе го запре прелетувањето на балони кон Литванија


Пратеникот на претседателот на САД, Доналд Трамп, Џон Коул, денеска изјави дека белорускиот лидер Александар Лукашенко му ветил оти ќе го запре прелетувањето на метеоролошки балони од неговата земја кон Литванија. – Тој неодамна се согласи да направи сè што е во негова моќ за да ги запре балоните, изјави Коул во Вилнус, по дводневните […]

Балон со ѓубре од Северна Кореја слета на претседателскиот комплекс во Сеул


  Балон со ѓубре испратен од Северна Кореја утрово слета на претседателскиот комплекс во Сеул, главниот град на Јужна Кореја. „На територијата на претседателскиот комплекс падна ѓубре“, соопшти Претседателската служба за безбедност ПСС, пренесува јужнокорејската новинска агенција 연합 (Јонхап). Тоа е првпат канцеларијата на јужнокорејскиот лидер, која е во зоната на забранети летови, да биде погодена […]

Северна Кореја повторно испрати балони со ѓубре на југ


Северна Кореја испрати нов бран балони за ѓубре кон својот јужен сосед, при што сестрата на Ким Јонг Ун предупреди на дополнителни реакции доколку Југот продолжи со „психолошката војна“. Балоните претходно беа силно критикувани од Сеул како опасни и се одмазда од Северот за тоа што Јужна Кореја емитуваше антисеверна пропаганда преку звучници во пограничните […]

Што лета над Америка и зошто САД ги соборуваат неидентификуваните објекти


  ВАШИНГТОН – Американски борбен авион собори „неидентификуван објект“ над езерото Хурон во неделата по наредба на претседателот Џо Бајден. Тоа беше четврто вакво соборување во последните осум дена и последен воен напад во извонредниот синџир на настани над воздушниот простор на САД за кој претставниците на Пентагон веруваат дека нема мирнодопски преседан. Дел од […]

Уште еден неидентификуван објект соборен над САД, трет за три дена


  Американската војска собори летечки објект над езерото Хјурон долж границата со Канада, соопштија денеска американските власти, што е трет таков инцидент во три дена и една недела откако кинески балон беше соборен над САД. Неименувани функционери рекоа дека војската го соборила објектот, но одбија да кажат дали наликувал на големиот бел кинески балон соборен […]

По соборувањето на балонот, САД додадоа шест кинески компании на „црната листа“


– Официјален Вашингтон додаде шест кинески фирми на својата црна листа по соборувањето на балонот што прелета над САД опремен со алатки за шпионажа, и на санкционираните фирми им забрани пристап до американска технологија и стоки без дозвола. „Кинеската употреба на балони кои летаат високо го нарушува нашиот суверенитет и ја загрозува националната безбедност на […]

Пентагон: Кинески шпионски балон лета над САД


  Веќе неколку дена, САД се сомневаат дека над нивната земја лета кинески шпионски балон, а високи функционери го советувале претседателот Џо Бајден да не се соборува поради страв дека делчињата што ќе паднат може да предизвикаат безбедносна закана. „Јасно е дека намерата на овој балон е надзор“, рече пред новинарите доцна синоќа, функционер на […]

Деветмина повредени во пад на балон во источните Алпи


 Девет лица се повредени денеска при пад на балон со топол воздух на источниот крај на Алпите во Австрија.   Австрискиот Црвен крст соопшти дека двајца патници се тешко повредени во несреќата во регионот Буклиге Велт, област наречена по нејзиниот ридски предел.Тие се пренесени со хеликоптер во локалните болници.   Двајца полесно повредени патници се […]

Две лица загинаа при спуштање балон во Кападокија


Две лица загинаа, а три се повредени во несреќа со балон во Кападокија, Турција, соопшти канцеларијата на локалниот гувернер. „Во текот на спуштањето на балонот, кој превезуваше 28 патници и двајца членови на посадата, животот го загубија двајца државјани на Шпанија, а уште тројца Шпанци се повредени“, наведено е во соопштението. Се додава дека повредените […]

Балон со ликот на Садик Кан во бикини лета над Лондон


Балон со ликот на градоначалникот на Лондон, Садик Кан во жолти бикини денеска е пуштен над Вестминистер. Кампањата со балонот ја покрена активистот Јени Брир, како одговор на најавата на Кан дека во метрото ќе забрани провокативни реклами, како таа на која позира манакенка во жолто бикини, прашувајќи „Дали вашето тело е подготвено за на […]