Сиљановска Давкова: Дипломатскиот добротворен базар повторно беше место каде што солидарноста ги поврзува културите


 Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска учествуваше на Дипломатскиот хуманитарен базар, кој под покровителство на амбасадорот на Република Австрија, Мартин Памер се одржа во Скопје по повод Светскиот ден на детето. На настанот на претседателката и беше врачена благодарницата за нејзиниот придонес. -Годинава, во раскошот на меѓународната разноликост, Дипломатскиот добротворен базар повторно беше место каде што […]

Базар на користена уникатна облека и предмети „Artisan Sunday“ со над 30 изложувачи повторно во „Лабораториум“


Во Културно- едукативниот центар „Лабораториум“ денеска од 12 до 18 часот ќе се одржи ново издание на „Artisan Sunday“, во организација на Re:store маркет. „Artisan Sunday“ е уникатно искуство за креативци и љубителите на одржливата мода со тоа што го комбинира духот на бувјак со современи базари и цели кон создавање на инклузивна, креативна и […]

Осмомартовски базар во ГТЦ


Осмомартовски базар од денеска ќе се одржува во приземјето на Градскиот трговски центар. Посетителите до 8 Март секој работен ден (освен недела), од 10 до 20 часот, ќе можат да погледнат и купат производи изработени од нашите занаетчии – ракотворци.  Организатори на базарот се Занаетчиската комора Скопје и ГТЦ.  На базарот ќе биде прикажан широк […]

Новогодишен добротворен базар за поддршка на жените жртви на семејно насилство


На иницијатива на хумани жени и со поддршка на Лајонс Клуб „Светлина“ Скопје и Националната Мрежа против насилство врз жените и семејно насилство во Скопје првпат се одржа Новогодишен добротворен базар за користен накит и други убави подароци. Од сите собрани средства ќе бидат купени ваучери и донирани во Националната Мрежа за да ги подели […]

Новогодишен Базар на рачни изработки во Рамстор Мол


Трговскиот Центар Рамстор Мол од 22.12 до 26.12.2021 ќе биде домаќин на новогодишниот базар на рачни избработки. Традиционално и оваа година во предновогодишниот период во просториите на Рамстор Мол ќе имате можност да ја збогатите вашата колекција со некоја од рачните ракотворби од вредните раце на македонските ракотвроци кои изработуваат уникатни парчиња накит и облека, […]

Новогодишен базар на ракотворби во „Континентал“


Утре, од 11 часот, Хотел Континентал ќе биде домаќин на најголемиот Новогодишен базар на ракотворби во Скопје. Веќе втора година по ред, Хотел Континентал е собирното местото на близу 100 вешти и креативни ракотворци кои ќе имаат можност да ги понудат своите уникатни рачни изработки и ќе им овозможат на посетителите бајковито предновогодишно искуство.