Чешкиот премиер се извини што берел цвеќиња во национален парк


  Чешкиот премиер Андреј Бабиш вчера се извини за берењето цвеќиња во заштитено подрачје на планината Лиса Хора во источна Бохемија, велејќи дека ќе плати казна доколку е потребно. Во видео објавено на Фејсбук, Бабиш рече дека ги берел цвеќињата во спомен на починат колега од неговото движење АНО, со кого претходно се искачил на […]

Бабиш се огради од ставовите на Орбан и Фицо за парите од ЕУ за Украина


 Новиот чешки премиер, Андреј Бабиш, се дистанцира од ставовите на Унгарија и Словачка, кои одбија 90 милијарди евра финансиска помош за Украина на самитот на Европската унија во Брисел, и нагласи дека Чешка го поддржува договорот. – Ние немаме ист став како Словачка и Унгарија. Ние ја поддржуваме Украина. Ги поддржавме заклучоците од самитот само […]

Бабиш бара ЕУ да ги вклучи земјите од Западен Балкан во шенген зоната


Новиот премиер на Чешка, Андреј Бабиш денеска, по првиот состанок со ново именуваната Влада, нагласи дека тој е за Европска Унија, но оти ЕУ не решава некои проблеми, меѓу кои и проширувањето на шенген зоната со земјите од Западен Балкан. – Не разбирам зошто ЕУ одамна не го реши проширувањето на шенген зоната со земјите […]

Чешкиот претседател се согласи да го назначи Бабиш за премиер


Два месеци по парламентарните избори, чешкиот претседател Петр Павел се согласи да го назначи десничарскиот популистички победник на изборите и милијардер Андреј Бабиш за премиер, отворајќи го патот за нова влада по неколку недели двоумење. Павел во изјава на Х рече дека назначувањето ќе се случи во вторник. Чешкиот претседател инсистираше Бабиш прво јавно да […]

Популистот Бабиш, „чешкиот Трамп“ победи на парламентарните избори во Чешка


Партијата АНО на популистичкиот милијардер Андреј Бабиш, познат како „чешкиот Трамп“, води на чешките парламентарни избори со 34,66 проценти од гласовите, според прелиминарните резултати со повеќе од 99,70 проценти од преброените гласови. Со доаѓањето на Бабиш на власт, се очекува одреден пресврт во односите со Украина и Брисел. Бабиш се изјаснува како поддржувач на Трамп […]

Затворени гласачките места во Чешка, во водство партијата на милијардерот и поранешен комунист Бабиш


Денеска во 14 часот беа затворени гласачките места на парламентарните избори во Чешка, на кои од вчера попладне над осум милиони регистрирани гласачи имаа можност да гласаат за 200 нови членови на Долниот дом на парламентот. Според првичните резултати темелени на 10 проценти од преброените гласови на изборите за Долниот дом на чешкиот Парламент, што […]

Обвинение за измама против поранешниот чешки премиер Бабиш


Чешките обвинители подигнуваат обвинение за измама против поранешниот премиер Андреј Бабиш по долгогодишна истрага, соопштија официјални лица во Прага во понеделникот. Бизнисменот и милијардер е обвинет за несоодветно аплицирање за ЕУ субвенции и штета на финансиските интереси на ЕУ. Бабиш се товари дека добил околу два милиони евра помош од ЕУ за неговите компании за […]

Бабиш: Европските политичари мора да го одржат својот збор кон Северна Македонија


Скопје и Атина успеаја да најдат заеднички јазик, постигнаа компромис за спорот за името. Вие како држава го сторивте своето, одржавте референдум, го сменивте името, го сменивте Уставот, спроведовте реформи, а сега европските политичари кои ви ветија дека откако ќе го сторите тоа ќе бидат отворени преговорите со Европската Унија, мора да го одржат својот […]

Чешкиот премиер Бабиш во посета на земјава


Делегација на Чешката Република предводена од премиерот Андреј Бабиш денеска ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Чешката делегација ќе биде пречекана со високи државни почести пред платото на Владата на Република Северна Македонија, по што премиерот Бабиш ќе биде примен од неговиот домаќин, премиерот Зоран Заев. Предвидено е премиерот Бабиш да има […]

На протестите против Бабиш во Прага излегоа 120.000 луѓе


Чешка– Десетици илјади Чеси синоќа протестираа со барање оставка од премиерот Андреј Бабиш поради наводен судир на интереси кој ја вклучува неговата поранешна деловна империја и истрага за десетгодишна субвенција од ЕУ. Организаторите на протестот соопштија дека во него учествувале околу 120.000 граѓани кои се собрaа на централниот плоштад во Прага, што се смета за […]

Бабиш: Не ги поддржувам критиките на ЕУ кон Унгарија и Полска


Чешкиот премиер Андреј Бабиш изјави дека не ги поддржува засилените критики од страна на лидерите на ЕУ кон владите на Полска и Унгарија. „Самите Унгарци и Полјаци подобро можат да реагираат на можните закани по демократијата (во нивните земји), отколку пратениците во Европскиот парламент или службениците во Брисел“, изјави Бабиш во интервју за весникот „Право“. […]