Објавен конкурс за стипендии „Ацо Шопов“ за студенти од втор и трет циклус
Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ објавува конкурс за доделување стипендии „Ацо Шопов“ на млади истражувачи од втор и трет циклус студии. Стипендиите се наменети за оние млади истражувачи во полето на хуманистиката кои во својот пристап ги инкорпорираат вредностите со кои се одликува творештвото на Ацо Шопов, односно: хуманизам, космополитизам, мултикултурализам и интеркултурна комуникација, еднаквост, […]