Гаши ќе го презентира извештајот за неговата двегодишна работа


Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска, во законодавниот дом ќе го презентира извештајот за неговата двегодишна работа. Како што соопштуваат од собраниската прес-служба, презентацијата е закажана за 10 часот во салата „Борис Трајковски“. Според агендата, Гаши најпрво ќе го презентира двегодишниот извештај за неговата работа, по што ќе следува видео-презентација и негово обраќање.

Гаши се заканува со излегување од коалицијата ако „Вреди“ има само два претседатели


  При трансформацијата на коалицијата „Вреди“ во партија, клучни се два принципа – рамноправноста и консензуалното одлучување, порача претседателот на Собранието и поранешен лидер на Алтернатива, Африм Гаши. Во спротивно, тој е дециден дека Алтернатива нема да биде коалициски партнер на партијата Вреди и во таков случај ќе поднесе оставка на претседателската функција во Собранието. […]

Холандската амбасадорка повика да не им го трошиме времето и парите со неправењето реформи


  Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на дебатата денес на Националната конвенција за ЕУ порача дека дека ниту едно билатерално  прашање не треба да остане пречка на нашиот пат до Унијата, додавајќи дека примерите на Албанија и Црна Гора покажуваат дека процесот е реален и достижен. „За нас евроинтеграцијата не се гради во Брисел туку […]

Гаши ќе ги распише изборите во петок или сабота


Собранискиот спикер Африм Гаши во петок или сабота претпладне ќе ги распише локалните избори планирани за наесен. Гласањето за општинските совети и првиот круг за избор на градоначалници ќе се одржи на 19-ти октомври, додека пак, вториот круг за првите луѓе на општините ќе се одржи на 2 ноември. – Изборите ќе бидат распишани на […]

До Собранието не е доставена оставка од Таравари, ниту предлог за гувернер, вели Гаши


 До претседателот на Собранието Африм Гаши се уште не е пристигната оставката на министерот за здравство Арбен Таравари, а нема пристигнато ниту предлог кој ќе биде координатор на пратеничката група на ВРЕДИ или кандидат за гувернер на Народната банка. -Оставка се уште нема, а нема ни предлог за гувернер. Немаме никаква нова информација за пратенички […]

Комисиската расправа за Буџетот за 2025 ќе започне на 14 ноември


Комисиската расправа за Предлог-Буџетот за 2025 година во Собранието ќе почне на 14 ноември, а пленарната седница за негово носење се очекува да биде закажана во втората недела од декември, изјави денеска во интервју за МИА претседателот на Собранието Африм Гаши.  -Предлог-Буџетот за 2025 година е донесен на 5 ноември. Неколку дена ќе остане во […]

Гаши за случајот на Скопскиот аеродром: Моето обезбедување отишло да ја смири ситуацијата


Јас не сум човекот што може да каже што точно се случувало. Само интервенирав да се смират ситуациите, да не се направи дипломатски инцидент, и мислам дека се заврши како што треба. Ако некој ги пречекорил своите овластувања, секако ќе треба да одговара. Моето обезбедување отишло за да се смири ситуацијата. Мојата заложба секогаш била […]

СДСМ: Африм Гаши ја наруши секуларноста на државата


    На верските обреди не им е местото во македонското Собрание ниту во било која државна институција, реагира Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, откако денес со молитва во македонското Собрание, беше одбележана годишнината од геноцидот во Сребреница.   „Претседателот на Собранието Африм Гаши, инаку коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ со овој чекор ја наруши секуларноста на […]

Африм Гаши избран за претседател на Собранието со 76 гласа


  Помалку од четири часа траеше конститутивната седница на новото Собрание која заврши со избор на пратеникот од коалицијата „Вреди“, Африк Гаши за нов парламентарен спикер.  За неговиот избор гласаа 76 пратеници, против беа шест, немаше воздржани. За Гаши гласаа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди“ и ЗНАМ. Шесте пратеници на Левица беа против неговиот избор. Пратениците […]

Гаши нема да коалицира со партиите кои се против уставни измени


Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши синоќа истакнал дека се чувствува изневерено, говорејќи за нивната одлука како партија повеќе да не бидат дел од владиното мнозинство. Гаши смета дека Алтернатива е „изневерена“ од партнерите во власта. -Многу беше јасно дека на ДУИ поради внатрешни проблеми, комбинацијата им беше да влезе Алијанса за Албанците, и ниту АА, […]

Африм Гаши доби доверба и наредните четири години да биде на чело на Алтернатива


Делегатите на Првиот конгрес на Алтернатива денеска му доверија нов четиригодишен мандат на досегашниот претседател на партијата, Африм Гаши. Од партијата соопштија дека за изборот на Гаши гласале големо мнозинство од присутните делегати на Конгресот. Претседателот Гаши по гласањето се заблагодари за честа и довербата која што му ја дадоа делегатите на Конгресот и членството […]

„Не“ за Русковска: Владиниот партнер Африм Гаши ја сака Фатиме Фетаи место Јанева


Алтернатива на Африм Гаши, која е коалициски партнер во владата на Зоран Заев, ја предлага Фатиме Фетаи за шефица на новото Обвинителство за организиран криминал и висока корупција. „Сега, кога треба да се избира новото име за управување со новото Обвинителство, Aлтернатива – како партија која повеќе од сé се грижи за правна држава и […]

Зеќирија Ибрахими: Нема да прифатам да бидам министер за култура


Се погласно се зборува за промена на челното место во Министерството за култура и смената на Роберт Алаѓозовски, но засега нема ниту една потврдена информација. Порталот А1он, повикувајќи се на свои извори денеска објави дека министерското место се планира да биде доделено на Зеќирија Ибрахими, член на Централното раководство на Беса од крилото на Африм […]

Гаши: Можен влез на Движење Беса во Владата


Африм Гаши, преседател на скопското крило Движењето Беса, кој синоќа беше на средби со партиски членови и симпатизери во Кичево, најави дека партијата наскоро би можела да стане дел од, како што посочи, реформската Влада на премиерот Зоран Заев. – Ова се случува зато што Македонја се движи успешно кон евроатланските структури, токму овој момент […]

БЕСА на Гаши добила понуда од Заев – се дели колачот за Владата


БЕСА на Африм Гаши добила понуда од премиерот Зоран Заев кој неодамна истакна дека на крај е реконструкцијата на Владата. Неофицијално, како што јавува канал 5, иако не соопштуваат сеуште детали, во игра е Министерството за култура, како и дел од директорските позиции кои ги држеше Алијансата на Села. Висок партиски функционер изјавил дека не […]

Лидерот на Беса, Гаши за влегувањето во власта: Крајниот збор ќе го има Заев, а не Ахмети


ДУИ сака да дејствува по старо, како во изминатите десет, 15 години и истата таа енергија да ја рефлектира на новата влада. Ова се историски моменти, не смееме да покажеме меѓусебна нетрпеливост и анимозитет. Мислам дека сме при крај со преговорите за влегување во власта – вели Гаши. ДУИ заедно со СДСМ и со другите […]

Движење БЕСА: Бараме разрешување на директорот на Агенцијата за млади и спорт


Движењето БЕСА и нејзиниот претседател, Африм Гаши, смета дека скандалот на објавувањето на збирката песни од Агенцијата за млади и спорт, во која се користи навредлив јазик кон Албанците, не треба да помине без казнување. Во спротивно, ќе треба да заклучиме дека и владата го подржува таквото издание, се вели во соопштението на Движењето Беса. […]

Мухиќ, Гаши и Села тврдат дека гласале за Законот за јазиците


Пратениците Ферид Мухиќ, Африм Гаши и Зијадин Села денеска на почетокот од продолжението на 35. собраниска седница процедурално се обратија со реакција зошто не се регистрирани дека вчера гласале за Законот за употреба на јазиците. Мухиќ рече дека гласал со целосно уверување дека Законот што беше дионесен е за доброто на граѓаните, државата и нејзините […]

Заев го информираше Гаши за суштинската фаза во текот на преговорите


Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев одржа работен состанок со претседателот на движењето Беса, Африм Гаши. Од владината служба за информирање соопштија дека на средбата било разговарано за актуелните реформски процеси со посебен осврт на евроатлантските интеграции, како и за економските текови во Република Македонија. Премиерот Заев го информирал претседателот на движењето Беса […]

Гаши и Тачи на пат да формираат пратеничка група


Битката меѓу скопското и тетовското крило на Беса ќе продолжи и по нивните конгреси. Откако скопското крило со мнозинство гласови го избра Африм Гаши за нов лидер на движење Беса, со реакција се јави тетовската фракција на оваа партија, односно делот што е контролиран од Билал Касами. За нив, одржаниот конгрес на Гаши не е […]