Синер триумфираше во Париз и се врати на врвот на АТП рангирањето


Италијанскиот тенисер Јаник Синер ја освои титулата на Мастерсот во Париз, откако вечерва во финалето, во два сета, го победи Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим (АТП – 10), со 6:4, 7:6. Синер до победата дојде за еден час и 53 минути и од понеделник повторно ќе биде тенисер број еден во светот, бидејќи со овој триумф го […]

Магичниот Новак по пресврт до јубилејната 100-та титула во кариерата (видео)


Новак Ѓоковиќ стигна до својата прва титула на турнирот во Женева и јубилејна 100-та во кариерата по голема борба и пресврт против шестиот носител, Хуберт Хуркач. Тој славеше со резултат 5:7, 7:6 (7:2), 7:6 (7:2) по три часа и пет минути поминати на теренот, по што ја забележа својата осма победа над Полјакот во исто […]

АТП на тенисерите ќе им подели 12,2 милиони долари заработени од Мастерс турнирите


Асоцијацијата на професионални тенисери (АТП), извести за тоа како напредува имплементацијата на стратегијата за споделување профит помеѓу турнирите и играчите. Годинава организацијата ќе подели бонуси од 12,2 милиони долари меѓу играчите. Ова е половина од профитот од деветте Мастерси во 2022 година. Парите ќе бидат распределени меѓу сите учесници на Мастерс турнирите, во зависност од […]

Калин Ивановски продолжи да напредува на АТП листата


Големата надеж на македонскиот тенис, Калин Ивановски, продолжи да се искачува на светската АТП листа и на најновото рангирање се наоѓа на 478 место. За 18-годишниот Ивановски ова е најдобар ранкинг во кариерата и скок од 16 места во споредба со минатата недела. Ивановски со 84 бодови е втора недела меѓу 500 најдобри тенисери во светот, откако минатиот понеделник за прв пат во […]

АТП: Британската федерација казнета со еден милион долари


 Здружението на тениски професионалци (АТП) изрече казна во износ од еден милион долари на Тениската федерација на Велика Британија (ЛТА) поради забраната за настап на руски и белоруски играчи на годинешниот Вимблдон и други АТП турнири одржани оваа година на британска територија. Забраната на ЛТА беше образложена ро руската инвазија врз Украина која почна во […]

АТП ќе плати рекордни 217,9 милиони долари во парична награда во 2023 година


Асоцијацијата на тениските професионалци (АТП) го објави најголемото зголемување на паричните награди во историјата. Вкупниот награден фонд на АТП турнирите и Челинџерс следната сезона ќе изнесува рекордни 217,9 милиони долари. Во однос на 2022 година ќе порасне за 17%, односно за 37,5 милиони. Наградниот фонд на АТП турнирите ќе порасне за 12% до 175 милиони. […]

Медведев се зацврсти на лидерската позиција на АТП-листата по освојувањето на турнирот во Мексико


Рускиот тенисер Данил Медведев ја зголеми предноста во однос на конкурентите на светската ранг-листа што денес ја објави АТП. Медведев, кој викендот го освои турнирот во Лос Кабос, Мексико, има 1.115 бодови повеќе пред Германецот Александар Зверев. Претходно разликата беше 775 бода. За 26-годишниот Русин ова беше прв освоен турнир во 2022 година. Последен пат […]

Ѓоковиќ загуби во Дубаи, веќе не е прв на АТП листата


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ не успеа денеска да се пласира во полуфиналето на турнирот во Дубаи, откако загуби од Чехот Јиржи Весели со 6-4, 7-6. Дуелот меѓу Ѓоковиќ и Весели, првиот и 123. рангираниот на АТП листата, траеше речиси два часа. Ѓоковиќ со поразот во четвртфиналето на турнирот во Дубаи го загуби и првото место на АТП листата, кое […]

Ѓоковиќ го задржа врвот, Федерер со најлош пласман на АТП ранг-листата од 2001 година


Англија – По завршувањето на првиот годинашен Грен слем, на ранг-листата на АТП во првите десет позиции има само една промена. Беретини од седмото напредуваше на шестото место на сметка на Рубљев. И натаму лидер е Ѓоковиќ кој го пропушти Австралија опен поради проблеми со визата. Ветеранот Роџер Федерер падна на 30-то место, што е негова […]

„Тенис Австралија“ негира дека Ѓоковиќ се повлече од АТП купот


Владиното тело „Тенис Австралија“ објави дека Новак Ѓоковиќ не се повлекол од АТП купот и покрај последните информации дека ќе го пропушти турнирот. – Нема откажувања од страна на српскиот тим. Ѓоковиќ сега е во Белград. За патување во Австралија е потребна вакцина против корона вирус. Првиот светски рекет неколку пати одби да каже дали […]

Ѓоковиќ 353-та недела на врвот на АТП листата


Србија- Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ продолжи да го зголемува сопствениот рекорд по бројот на недели поминати на врвот на светскиот тенис, бидејќи денеска ја започна 353-та недела на врвот на АТП листата. Ѓоковиќ на 8 март годинава го надмина Швајцарецот Роџер Федерер по бројот на недели поминати на врвот на АТП листата (310) и оттогаш […]

АТП: Вакцинирани 95 отсто од најдобрите светски тенисери


Англија – Вакцинирани против коронавирус се вкупно 95 од 100. најдобро рангирани светски тенисери, изјави денеска првиот човек на АТП Тур, Сајмон Хигсон. Извршниот директор на АТП Тур наведе на Твитер дека само пет играчи од Топ 100 најдобри не примиле вакцина против Ковид-19, без да го наведе нивниот идентитет. – Нашите најнови бројки за првите […]

Србија без Ѓоковиќ на АТП купот во Сиднеј


Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ нема да настапи со српската репрезентација на АТП купот што на 1 јануари започнува во Сиднеј, јавија денеска белградските медиуми. Весникот Блиц, повикувајќи се на извори блиски до Ѓоковиќ, објави дека тој 99 отсто нема да патува на АТП купот и одлучил да го пропушти натпреварувањето во Сиднеј. Во составот на српската […]

Ѓоковиќ број 1 и по приходи за 2018-та


 Новак Ѓоковиќ испраќа една од најсилните години во својата кариера. Иако ја започна сезоната далеку од врвот, Србинот ги одигра неверојатно последните шест месеци и се врати на највисоката позиција на АТП листата. Успехот на популарниот Ноле на теренот му донесе голема заработувачка. Тој ја заврши годината со заработени 12,6 милиони долари, повеќе од кој […]

Тенис: Зверев преку Федерер до финалето во Лондон


Младиот германски тенисер Александар Зверев за првпат во кариерата ќе игра во финалето на завршниот Мастерс во Лондон. Тој денес во полуфиналето го победи Швајцарецот Роџер Федерер со 2:0 (по сетови 7:5, 7:6). Противник на Зверев во финалето ќе биде победникот на вториот полуфинален меч во кој се среќаваат српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и Кевин […]

Надал останува на врвот на АТП со 100 поени пред Федерер


Шпанецот Рафаел Надал ја задржа водечката позиција на АТП листата со 100 поени повеќе од второпласираниот Швајцарец, Рожер Федерер. Рафа ќе го брани трофејот од „Мастерс“ турнирот во Мадрид оваа недела, или 1.000 поени освоените минатата година и ако не ја освои титулата, Федерер повторно ќе го преземе водството. Во првите 10 места имаше само […]

Надал повторно број 1 на АТП листата


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал од денеска повторно е на првото место на АТП ранг листата. Надал и покрај тоа што не настапи на Мастерсот во Мајами, успеа да го престигне Роџер Федерер кој падна на втората позиција, како резултат на раната елиминација на Мастерсот на Флорида. Голем скок направи победникот на Мајами, Џон Изнер кој […]

Федерер недопирлив до јуни на АТП листата


Рожер Федерер со сегашните 10.060 поени може да се задржи на првото место на АТП листата подолго од очекуваното, а на тоа големо влијание ќе има и Рафаел Надал. На швајцарскиот тенисер  на врвот  најмногу му се заканува Надал, кој поради повреда не играше на турнирот во Акапулко, а ги откажа и  Мастерс турнирите во Индијан Велс и […]

Ѓоковиќ не игра, но напредува на АТП листата


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ напредуваше за една позиција на новата АТП листа. Ѓоковиќ, кој подолго време отсуствува од терените поради повредата на лактот, сега се наоѓа на 13.место поради падот на шпанскиот тенисер Пабло Карењо Буста. Во моментов српскиот тенисер е на подготовки во Монте Карло, каде тренира да се врати во натпреварувачка форма. […]

Надал: Се откажувам од борбата за првото место


Еден од најдобрите тенисери во светот Рафаел Надал најави дека повеќе нема да се бори за првото место на АТП листата, откако викендов Рожер Федерер со успехот во Ротердам со полни 36 години како највозрасен тенисер во историјата, се искачи на лидерската позиција. Надал истакна дека Федерер е врвен играч без разлика дали е прв […]