„Ал Арабија“: Обид за атентат врз либискиот премиер


Либискиот премиер Абдул Хамид Дбеиба остана неповреден по обид за атентат денеска во раните утрински часови кога непознати лица отворија оган врз неговиот автомобил во Триполи, објави телевизијата Ал Арабија. Неколку куршуми го погодиле автомобилот на Дбеиба, а напаѓачите успеале да побегнат.

МВР ги демантира обвинувањата од опозицијата дека на Радоје Звицер му бил издаден пасош


Министерството за внатрешни работи ги демантира обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека му е издаден македонски пасош на Радоје Звицер кој се посочува како лице кое планирало да изврши атентат врз српскиот претседател Александар Вучиќ. – Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира дезинформациите пласирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека на извесен Радоје Звицер, му бил издаден македонски […]

Премиерот на Хаити, Ариел Хенри, преживеа обид за атентат


Хаити– Вооружени лица во саботата се обиделе да го убијат премиерот на Хаити, Ариел Хенри, за време на прославите на Денот на независноста на земјата, соопштија официјални лица. Инцидентот се случил кога Хенри присуствувал на церемонија во црква во градот Гонаивес, 150 километри од главниот град Порт-о-Пренс. На видеата објавени на интернет се гледа како […]

Дваесет и три години од атентатот врз претседателот Киро Глигоров


Пред 23 години на 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров, кој го преживеа со тешки повреди во главата. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени […]

СЈО демантира дека имало обид за атентат врз Фатиме Фетаи


Специјалното јавно обвинителство ги демантира медиумските написи дека имало обид за атентат врз обвинителката Фатиме Фетаи. Информацијата што ја објави Шќипмедиа, од СЈО велат дека не е точна и дека тој ден кога се случил инцидентот обвинителката не била во Боговиње. „Ова Јавно обвинителство категорично ги демантира написите на некои медиуми во кои се тврди […]

Тврдење на српски новинар: Убиецот на Оливер Ивановиќ е познат, добил 40 илјади евра за атентатот


Српскиот новинар Стефан Цветковиќ објави неколку фотографии од лице за кое тврди дека е вмешано во атентатот врз Оливер Ивановиќ. До сликите дошол заедно со неколку негови колеги Албанци во Косово со кои истражувале и дошле до информација дека лицето од сликата пристигнало во Косово на 12 јануари, а околу канцеларијата на Ивановиќ поминало 14 […]

Грчката полиција спречила обид за атентат врз Ердоган


Грчките медиуми јавуваат дека при крајот на ноември полицијата уапсила деветмина турски левичари кои планирале да го ликвидираат турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на неговата неодамнешна посета на Атина. Уапсените се припадници на Револуционерниот народен фронт (ДХКП-Ц), турска комунистичка група, која е прогласен за терористичка група поради нејзините напади врз турските безбедносни сили […]