Аталанта со гол од пенал во 98. минута ја исфрли Борусија од Лигата на шампиони
Фудбалерите на Аталанта се пласираа во осминафиналето во Лигата на шампиони, откако вечерва во драматичен реванш натпревар пред своите гледачи во Бергамо ја совладаа Борусија со 4-1 и со тоа ја надоместија негативата од 0-2 од првиот дуел во Дортмунд. Аталанта веќе по првото полувреме ја анулираше предноста на германскиот тим со головите на Скамака […]