Итен повик до астрономите ширум светот: Удри?


Соработникот на НАСА, Марио Рана, сними можен удар од астероид врз Сатурн. Поради овој потенцијално историски настан, Планетарната виртуелна опсерваторија и лабораторија (PVOL) упати итен повик до астрономите ширум светот за да помогнат во потврдувањето на видувањето. Иако Сатурн и Јупитер, како гасни џинови, се вистински магнети за астероиди поради нивната голема маса, набљудувањето на […]

Кина почна мисија за извлекување примероци од астероид


Кина рано денеска ја почна својата прва мисија за собирање примероци од карпи од астероид близу Земјата. Целта е да се продлабочат научните сознанија за создавањето и обликувањето на астероидите и за раниот Сончев Систем. Вселенското летало без екипаж „Тијанвен-2“ успешно полета од центарот за лансирање на сателити „Шичанг“ во југозападна Кина, соопшти кинеската Национална […]

„Градежни блокови“ на животот откриени на астероид: „Ова е неверојатно“


Хемиските „градежни блокови“ на животот се пронајдени во зрнестата прашина на астероидот наречен Бену, според анализата на примерок од вселенски карпи собрани од вселенското летало на НАСА и вратени на Земјата. Според Би-би-си, примероците содржат богата низа минерали и илјадници органски соединенија. Ова ги вклучува аминокиселините, кои се молекули што ги сочинуваат протеините, како и […]

Научниците во лабораторија симулираа нуклеарна одбрана на Земјата од астероиди


Заканата што ја претставуваат астероидите за Земјата е реална и секогаш присутна, а научниците долго време се прашуваа што можат да направат за да ја заштитат планетата од катастрофален судир. Чекор кон решение направија научници во лабораторија во САД. Во лабораторијата е спроведен нов експеримент со цел да се тестира изводливоста за користење нуклеарно оружје […]

Земјата ќе добие уште една „месечина“, но привремено


Во текот на септември, планетата Земја ќе ја добие својата втора „месечина“ во форма на малиот астероид 2024 PT5. За разлика од Месечината, природен сателит на нашата планета што е со неа околу 4 милијарди години, „новата мини-месечина“ ќе остане само два месеци пред да се врати „дома“ во астероидниот појас, кој ја следи нашата […]

Откриен астероид кој ќе удри во Земјата: „Објектот е безопасен, но луѓето ќе можат да видат спектакуларна огнена топка!“


Европската вселенска агенција (ESA) објави на социјалните мрежи дека жителите на Филипините ќе можат да бидат сведоци на спектакуларна огнена топка на небото еден час по полноќ. Астероидот со дијаметар од еден метар ќе удри во атмосферата на Земјата по полноќ по локално филипинско време, објави Европската вселенска агенција во соопштението на платформата X. Ова […]

Астероид поголем од Ајфеловата кула ќе помине блиску до Земјата


Астероид поголем од Ајфеловата кула, 99942 Apophis, ќе помине блиску до Земјата во 2029 година, а научниците, кои до неодамна стравуваа дека може да ја погоди планетата, ќе ја искористат можноста да истражат како може да се избегнат судири во иднина. Европската вселенска агенција (ESA) објави финансирање за подготвителната работа на мисијата Рапид Апофис (Рамзес), […]

Утре покрај Земјата ќе помине потенцијално опасен астероид. Ќе помине многу блиску


Утре, покрај Земјата, ќе помине потенцијално опасниот астероид 2024 МК кој беше откриен пред само десет дена. Тоа е прилично голем објект. Се проценува дека неговиот дијаметар е помеѓу 120 и 280 метри. Вселенските објекти од околу 25 метри најверојатно ќе изгорат кога ќе влезат во атмосферата на Земјата и ќе предизвикаат мала или никаква […]

НАСА конечно го отвори контејнерот со примероци од астероидот Бену


Примероците од астероидот Бену пристигнаа на Земјата пред нешто повеќе од три месеци, а американската вселенска агенција НАСА дури сега го отвори контејнерот во кој се наоѓаат. Како што е познато, примероците од астероидот Бену беа собрани од вселенското летало OSIRIS-REx, кое ги фрли на 24 септември, а потоа се упати кон астероидот Апофис. Иако […]

Ретка блиска средба на астероид со Земјата ќе ја следи сонда на НАСА


За околу пет и пол години, предвидуваат астрономите, астероид со големина на Емпајер Стејт Билдинг ќе прелета низ вселената на 32.200 километри од Земјата, уникатен настан во модерната историја. Кога ќе се случи тоа, вселенското летало лансирано од НАСА во 2016 година се очекува да биде во позиција да обезбеди детален приказ на оваа ретка […]

Утре покрај Земјата ќе помине голем астероид


Астероидот наречен 2023 JK се очекува утре да прелета покрај Земјата, пропуштајќи ја нашата планета за нешто повеќе од 1,6 милиони километри. Според американската вселенска агенција НАСА, 2023 JK е со големина колку комерцијален патнички авион. Астероидот JD4 – кој е приближно со иста големина како 2023 JK – исто така ќе помине утре и […]

Новото откритие покажува дека животот пристигнал на Земјата од вселената


Научниците за прв пат открија еден од клучните градежни блокови на молекулата на РНК во примероците земени од астероидот Рјугу. Новото откритие укажува на можноста дека градежните блокови неопходни за потеклото на животот пристигнале на нашата планета од вселената и дека рудиментирани форми на живот би можеле да постојат на друго место во Сончевиот систем. […]

Астероид ноќеска помина поблиску до Земјата од некои сателити


Астероид со големина на минибус помина многу блиску до Земјата. Вселенската карпа позната како 2023 BiU е долга 3,5 метри со должина од 8,5 метри. Прелета само 3.600 километри над Јужна Америка, најблиску до Земјата на 2 часа и 27 минути по бугарско време. Астероидот влезе во орбитата на телекомуникациските сателити кои орбитираат околу нашата планета. Астрономите претходно […]

Астероид помина покрај Земјата поблиску од комуникациските сателити


Астрономи од Аризона, кон средината на овој месец, забележаа астероид што поминал поблиску до Земјата од комуникациските сателити. Астрономот Тони Дан објави симулација од астероид, односно како би изгледала Земјата набљудувана од оваа вселенска карпа. Астероидот за првпат е забележан кога минал најблиску до Земјата, односно на оддалеченост од 21.000 километри. Сателитите кружат околу планетата […]

Во астероидот што падна во Африка, откриени непознати минерали што ги нема на Земјата


Научниците открија досега невидени материјали за време на анализата на огромно парче вселенска карпа што падна во Сомалија. Пронајдоа повеќе непознати минерали. Два се анализирани и класифицирани, а ознаката на третиот моментално се разгледува од страна на Меѓународната минералошка асоцијација. Планетарниот геолог Крис Херд од Универзитетот во Алберта во Канада го претстави откритието на овие […]

Откриен нов потенцијално опасен астероид


Меѓународен тим астрономи објави дека е откриен голем астероид чиешто движење ја пресекува Земјината Орбита. Ова значи мала можност за катастрофален судир, во подалечната иднина. Астероидот широк 1,5 км. е наречен „2022 АП-7“. Тој е забележан заедно со два други НЕО-астероиди со помош на високотехнолошкиот телескоп „Виктор М. Бланко“ во Чиле. Околу 30.000 астероиди од разни големини се […]

Мистериозен астероид близу Земјата се врти се побрзо, научниците не знаат зошто


Астероид кој може да мине близу Земјата почна да се однесува чудно, па научниците повикаа итен состанок. Научниците кои ја набљудуваа променливата светлина на астероидот 3200 Phaethon заклучија дека истиот почнал да се движи сѐ побрзо околу својата оска, скратувајќи ја ротацијата за околу 4 милисекунди секоја година. Ова откритие ги изненади бидејќи обично движењето […]

Астероидот што го погоди НАСА, сега има опашка


Астероид кој беше планиран да биде погоден од сондата Дарт на НАСА, остава траги што се протегаат на илјадници километри. Телескоп во Чиле снимил извонредна слика на „опашка“ зад астероидот слична на онаа што се гледа зад патеката на кометата. Сондата, како што ја програмираа научниците, минатата недела се судри со астероид за да тестира […]

Вселенско летало на НАСА успешно се судри со астероид во тест за одбрана на планетата


  Вселенско летало од повеќе милиони долари директно се судри со астероид со големина на фудбалски стадион во понеделникот во невиден тест за капацитетот на НАСА да ја одбрани Земјата од сценарио за судниот ден. Леталото на НАСА успешно се урна во астероидот Диморфос на 110 милиони километри од Земјата. Мисијата, позната како „Дарт“ (Тест […]

Сонда на НАСА треба да се урне на астероид и да му го смени правецот


Националната аеронаутичка и вселенска агенција (НАСА) денеска ќе изврши проба со контролирано уривање на летало со цел менување на правецот на движење на астероид. Пробата се врши за да се изучат техники за менување на правец на астероид во случај на негов судир со Земјата. Вселенската сонда на НАСА наречена Двојна измена на правец на […]