Потпишување Програма за културна соработка меѓу Северна Македонија и Црна Гора


Министерот за култура Асаф Адеми денеска во просториите на Филхармонијата на Република Северна Македонија ќе оствари билатерална средба со министерот за култура на Црна Гора, Александар Богдановиќ. Двајцата министри по средбата ќе потпишат нова Програма за културна соработка меѓу Министерството за култура на Република Северна Македонија и Министерството за култура на Црна Гора за периодот […]

Си заминува Асаф Адеми: Министерот за култура се повлекува од здравствени причини


Министерот за култура Асаф Адеми се повлекува од функцијата поради здравствени причини. Името на неговиот наследник сè уште не е познато, во оптек се повеќе имиња. Од Владата ниту ја потврдуваат ниту ја демантираат информацијата и велат дека за кадровски прашања ќе се разговара по завршување на претседателските избори. Адеми го навлече револтот на јавноста […]

Култура признава една грешка: Ќе има пари за „Златно славејче“


Комисијата за фолклор, музичко-сценска дејност утврдила дека направила пропуст со апликацијата за детскиот фестивал „Златно Славејче“. Како што информираше претседателот на комисијата Плеурат Гаши, пропустот го лоцирале откако им беше наложено уште еднаш да ги проверат одбиените проекти. Првично, комисијата утврдила дека апликантот нема потврда за простор каде ќе се одржи фестивалот, но по вчерашната […]

Адеми: Јавно ќе се преиспитаат апликациите за кои има сомнежи


Сите проекти и апликации за кои има трошка сомнеж ќе бидат отворени пред јавноста и сите апликанти кои се одбиени пак ќе се анализираат. Тоа го побарав од Комисијата и уште утре од 10 часот ќе почнат со работа, изјави министерот за култура Асаф Адеми по реакциите за резултатите од годишните конкурси за финансирање проекти […]

Теодосиевски и Барџиева Трајковска ќе бидат соработници, но не и советници на Адеми


Од Министертвото за култура велат дека Златко Теодосиевски и Донка Барџиева Трајковска остануваат нивни соработници како дел од повеќе работни групи кои се активни и работат на прашања во одредени области на културата. Но, нивниот ангажман со почетокот на оваа година им се прекинува само во делот на нивната советодавна функција, како советници на министерот, […]

Алаѓозовски: Министерот Адеми има право да именува советници, но овој чекор е погрешен


Националниот координатор за културата во Владата и ексминистер за култура Роберт Алаѓозовски вели дека министерот има право за именува советници, но тој лично не се сложува со последната одлука на актуелниот министер Асаф Адеми, да им ги откаже ангажманите на советниците Златко Теодосиевски и Донка Барџиева Трајковска. „Министерот за култура има полно право да ги […]

Министерот за култура Адеми во работна посета на Албанија


Министерот за култура Асаф Адеми во рамки на работна посета на Република Албанија, во Тирана се сретна со албанската колешка Мирела Кумбаро Фурџи. На средбата, како што соопшти Министерството за култура, Адеми и Кумбаро Фурџи ги потенцирале одличните релации во областа на културата меѓу двете земји што е потврдено и со потпишувањето на Програмата за културна соработка […]

Министерот за култура размени подароци со добитникот на „Златен венец“ Загајевски


Денеска министерот за култура на Република Македонија Асаф Адеми се сретна со добитникот на признанието „Златен венец“ за 2018 година, полскиот поет Адам Загајевски. На состанокот, министерот Асаф Адеми му честиташе на г. Загајевски за неговиот придонес во поетската сфера во рамки на фестивалот „Струшки вечери на поезијата„. Исто така, Асаф Адеми рече дека сите […]

Министерот за култура ја поддржува иницијативата за театар во Гостивар


Министерот за култура Асаф Адеми вчера се сретна со иницијаторската група, т.е. Комисијата за основање театар во Гостивар. На средбата, како што соопшти Министерството за култура, присуствувале и режисерот Сулејман Рушити, претседател на Комисијата, како и Берат Салиу и Арѓент Хасани, членови на Комисијата. Било договорено до 30 септември Комисијата да изготви информација до Владата […]

Се бара чаре за расипништвото од девет милиони евра


Новиот министер за култура Асаф Адеми по еден месец откако ја презеде функцијата излезе со резиме за она што го работел во периодот од овие триесетина дена. Посочи дека културата сè уште се соочува со проблеми, но најави дека сите негативни појави ќе ги елиминира и дека конечно Министерството за култура ќе биде институција достапна […]

Објавен Конкурс за нацрт-годишна програма за 2019-та за националните установи од културата


Министерството за култура го објави Конкурсот за доставување нацрт-годишна програма за 2019 година за националните установи од областа на културата. Министерството иинформира дека во согласност со член 70 од Законот за културата, националните установи во јуни во тековната година за наредната година доставуваат до Министерството за култура нацрт-годишна програма за работа на установата. Во нацрт-годишната […]

Адеми се запознава со материјата во министерство за култура: Ќе соработуваме со СЈО за сите неправилности


Министерот за култура Асаф Адеми не е во детали запознат со извештајот за неправилности во работата на Министеството за култура во 2016 година, што пред четири дена го објави Државниот завод за ревизија, но истакна дека се отворени за соработка со СЈО и надлежните институции. Неговиот прв работен ден на функцијата министер денеска беше отворање […]