Вртев најави ново поглавје на Архангел со синглот „Дни оловни“ и концертот „Срцевина“: Без култура и духовност ќе не снема
Повеќе од две децении по последниот студиски албум, Архангел официјално се враќа со нова музика. Со објавувањето на синглот „Дни оловни“, чиј автор е фронтменот Ристо Вртев, бендот го најавува своето петто дискографско издание и големиот самостоен концерт „Срцевина“, што ќе се одржи на 13 јуни од 20:00 часот, на Стадионот на АРМ во Скопје. […]