Артан Груби седна во обвинителна клупа


Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска почна предметот против поранешниот вицепремиер Артан Груби и седум други лица за злоупотреби во АД „Државна лотарија“. Основното јавно обвинителство Скопје, на 13 август годинава поднесе обвинителен предлог против Артан Груби и седум други лица, кои во текот на 2023 и 2024 заеднички презеле дејствија со кои ги […]

Артан Груби останува во куќен притвор


Поранешниот вицепремиер и министер Артан Груби останува во куќен притвор со 24-часовно полициско обезбедување, откако Кривичниот суд го прифати барањето на Обвинителството за продолжување на мерката. Од Обвинителството за „Фокус“ информирале дека побарале продолжување на истата мерка за обезбедување на осомничениот, а судот ја прифатил нивната иницијатива. Со тоа, Груби и натаму ќе остане во […]

„Оваа одлука е скандал, барам одговорност“: Министерот Филков за куќниот притвор на Груби


  Не може притворот да е правило за обични луѓе, а да не важи за Груби, порача денес на прес-конференција министерот за правда, Игор Филков. Тој , наведувајќи ги по име еден по еден, побара одговорност од обвинителите и од судиите кои ја донеле оваа одлука, порачувајќи притоа дека нема да биде нем сведок кога […]

Обвинителството се вади на МВР и АНБ по гневот во јавноста за куќниот притвор на Груби


  По големата бура во јавноста по одлуката поранешниот вицепремиер Артан Груби да оди во куќен притвор наместо затворски, Јавното обвинителство на Македонија даде објаснување зошто се одлучило на таков предлог. Главната причина била неможноста да се гарантира безбедноста на Груби во „Шутка“, а тоа го сугерирале МВР и АНБ. Артан Груби вчера ѝ се […]

Артан Груби уапсен на граничниот премин „Блаце“ и веќе е во притвор


  Поранешниот прв вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците Артан Груби утрово е приведен на граничниот премин „Блаце“. Веднаш потоа е однесен во Истражниот затвор во Шуто Оризари во притвор. Се дознава дека Груби отишол во затворот без адвокат. За Груби има правосилно решение за притвор од 30 дена. „Денеска (23.02.2026) во 06,10 часот […]

Меџити: Груби не е во Косово, туку во Албанија


Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити во интервју за албанската ТВ „Ора њуз“, кажа дека според неговите информации поранешниот вицепремиер Артан Груби не е повеќе во Косово, туку во Албанија. По Груби и поранешниот директор на Државна лотарија Перпарим Бајрами, МВР распиша меѓународни потерници за проневера на околу осум милиони евра од […]

Нема кривично дело во дејствијата за кои се обвинува, смета одбраната на Артан Груби


Бранителот на Артан Груби, адвокатот Владимир Доневски, во соопштение до медиумите информира дека, по утврдување на она со кое досега судот располага и анализа на аргументите на јавното обвинителство, според нив нема основи на сомневање на сторено кривично дело предвидено со закон. – Одбраната и сите аргументи ќе бидат изложени во рамки на законски предвидената […]

Груби: Да се изгласаат уставните амандмани, ДУИ во тој момент ќе излезе од Владата


Нема да има предвремени парламентарни избори, ќе одиме на редовни парламентарни избори. Ако пропадне гласањето, за жал пропаднала европската иднина на нашата заедничка земја, вели вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби во пресрет на дебатата за уставните измени во матичната собраниска комисија. Во гостување на вестите на Канал 5, […]

Договорот за коридорите 8 и 10-д е таен, така побарале од „Бехтел и Енка“


  Деталите од договорот за изградба на коридорите 8 и 10-д не може да се споделат со јавноста бидејќи се класифицирани по барање на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ кои треба да ги градат четирите автопатски делници. Сепак, секое одложување на донесување на измените на осумте закони кои што се во собраниска процедура (како и […]

Груби: Работиме на тоа цело ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставни измени


Работиме на тоа цело ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставни измени. Ако ВМРО-ДПМНЕ е определена за европска Македонија тогаш ќе се придружи на уставните измени, изјави вечерва првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби. Тој, во Топ тема на Телма телевизија рече дека денеска разговарале во Владата за уставните измени, […]

Зошто е избрана фирмата ИРД да го врши надзорот за изградба на автопатиштата


  На прес–конференцијата по потпишувањето на договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на четири автопатски делници во вкупна должина од 110 километри и во вредност од 1,3 милијарди долари, новинарите најмногу се интересираа за изборот на фирмата која што ќе го врши надзорот. Причината за ова се многубројните информации и шпекулации што се провлекуваат […]

„Да ми се извиниш затоа што забега“: Груби се скара со новинар


  Во вистинската канонада прашања за вицепремиерот Артан Груби во врска со изборот на фирмата која што ќе го врши надзорот за изградба на автопатиштата во земјава, денеска на прес-конференцијата во Медија центарот на Владата дојде до вербален конфликт меѓу првиот вицепремиер и новинарот на Телма, Миомир Серафиновиќ. Груби се обидуваше да докаже дека во […]

Груби: Владата го одобри договорот за Коридорот 8 и 10-Д


  Владата денеска на предлог на Комитетот за преговори за изградба на Коридорот 8 и 10Д, го одобри договорот за изградба на Коридорот 8 и 10Д. Со Комитетот раководи првиот потпретседател на Владата, Артан Груби, кој ја соопшти оваа одлука и ја оцени како историска. Одобрувањето на договорот за изградба на Коридорот 8 и 10Д […]

 Започнаа преговорите со „Бехтел-Енка“ за Коридорот 8 и 10-Д


  Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби придружуван од министерот за финансии Фатмир Бесими, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски како и директорот на Претпријатието за државни патишта Ејуп Рустеми имаа средба со претставници на меѓународниот конзорциум „Бехтел – Енка“ како и на компанијата што […]

Али Ахмети се раздели од Артан Груби во врвот на ДУИ


  „Расплетот“ во ДУИ на денешниот Централен совет траеше побрзо од она што веројатно се очекуваше – само еден час. Собирот избра нови членови на врвното раководство, во кое веќе го нема Артан Груби како организациски секретар, што претставува една од отстапките на Али Ахмети пред барањата на бунтовниците од „огнената група“. На негово место […]

Се јави Артан Груби: „Во ДУИ сите се построени зад Али Ахмети“


  Главната цел на незадоволниците во ДУИ, првиот вицепремиер Артан Груби, денеска ги отфрли наводите дека имало раскол во партијата.  „Не само ДУИ, која било партија, која било институција, кој било општествен процес може без секого. Никој не е незаменлив. Но се наоѓаме во пресудни моменти, треба да дадеме придонес за да ги надминеме сите […]

Груби тврди дека разговараат со пратеници од опозицијата за уставните измени, ВМРО-ДПМНЕ вели дека лаже


  Уставните измени мора да се случат, бидејќи без нив Македонија е во регрес, во статус кво и не може да оди напред и од овој процес апсолутно најголем добитник е македонскиот народ во Македонија, изјави денеска првиот потпретседател во Владата Артан Груби. Тој вели дека дека проевропското крило во опозицијата е во подем во […]

Избори или 80 гласа „за“– што ќе означи ѕвончето на Заев


Почиста слика околу тоа дали Македонија е поблиску до нова промена на Уставот или до вонредни избори се очекува да се исцрта на денешното – трето продолжение на седницата за пристапување кон уставни измени, што веројатно ќе биде и последно – барем во оваа фаза од постапката. Дали ќе има нова седница на оваа тема […]

Груби: Денес се исполнува сонот за евроатлантска Македонија


Денес се раѓа ново сонце на слободата, правичното сонце на еднаквоста и исполнување на сонот за евроатлантска Македонија, рече пратеникот на ДУИ Артан Груби на собраниската седница на која треба да се гласа за ратификација на договорот со Грција. – Животот не учи дека одлуките треба да ги донесеме навреме во вистинско време, а не […]

Груби: Очекуваме храброст и одлучност од ЕУ за датум за преговори


Македонија ги исполни сите услови за добивање датум за преговори годинава. Настапивме храбро во согласност со очекувањата од Брисел. Сега, очекуваме иста, дури и поголема храброст и одлучност и од страна на земјите членки на ЕУ во поглед на отпочнување на преговори за членство, истакна денеска претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Артан Груби на […]