Македонските ракометари со три порази завршија на последното место во Ф-групата


Македонската ракометна репрезентација без ниту еден освоен бод го заврши учеството во Ф-групата на Светското првенство 2023. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров вечерва во Краков загубија од Аргентина со 26:35. Ова беше натпревар кој директно одлучуваше која ќе биде третата репрезентација од Ф-групата која ќе продолжи во Главната групна фаза. И покрај најавите дека „црвено-жолтите“ […]

Во Аргентина рекордна инфлација од 94,8 отсто


Аргентина забележа инфлација од 94,8 отсто, што е највисока во таа земја по 32 години и една од највисоките стапки на инфлација во светот во 2022 година. Сепак, декемвриската стапка од 5,1 отсто покажува релативно забавување во последните месеци. Ценовниот показател за декември објавен синоќа од Националниот институт за статистика  покажува тенденција на намалување на инфлацијата […]

Во Аргентина се урна покрив од куќа со 5 тони отпад, загинаа четири братчиња


  Четири момчиња на 8 јануари загинаа при уривање на покривот од нивната куќа во Аргентина. Жртвите се четиригодишните близнаци Беницио и Ноа Ниси, како и нивните браќа Лоренцо дел Рио (6) и Сантино Хардој (10). Истражителите претпоставуваат дека до уривање на покривот од куќата, во Ел Јаруел, во провинцијата Буенос Аирес, дошло поради тоа […]

Мундијалска еуфорија: Навивачи на Аргентина се искачија на 68-метарскиот Обелиск


  По победата на Аргентина во финалето на Светското првенство во 2022 година, повеќе од милион луѓе излегоа на улиците во Буенос Аирес за да го прослават триумфот. Неколку луѓе се искачија на врвот на Обелиско на централниот плоштад во градот, кој е висок околу 68 метри.   – Овие се луди, страшна глетка! Нема […]

Меси прогласен за спортист на годината во изборот на Би-Би-Си


Аргентинскиот фудбалски репрезентативец Лионел Меси е прогласен за спортист на годината за 2022 година, во изборот на Би-Би-Си. Аргентинскиот напаѓач ќе ја добие наградата Светска спортска ѕвезда на „BBC Sports Personality“. Наградата се доделува на спортистот кој го постигна најзначајниот успех на светско ниво во текот на годината. Меси го освои Светското првенство во 2022 […]

Победата на Мундијалот дојде како мелем на сите економски рани на Аргентина


  БУЕНОС АИРЕС – Неверојатно тензично финале на Светското првенство, ако не и најдоброто на сите времиња. Извонредна победа на Аргентина која ја круниса кариерата на суперѕвездата Лионел Меси. Нова надеж за земја во длабока криза. Аргентина ја победи Франција по изведувањето пенали, откако натпреварот заврши нерешено 3-3, поради што стотици илјади граѓани излеаа на […]

(Видео) Како аргентински коментатор го проследи последниот пенал против Франција


На аргентинските коментатори не им беше лесно да го гледаат изведувањето на последниот пенал против Франција. Особено што треба пред целата нација да се коментира натпревар кој донесе толкуу пресврти. Дали треба да се контролираат емоциите? За Аргентинците, веројатно не, бидејќи тие не би биле тоа што се без нивниот темперамент. Тоа го потврди и […]

Најинтересното финале го освои Аргентина


Конечниот резултат на финалето од Светското првенство во фудбал е 3 (4) : 3 (2) за Аргентина.  Ако во првото полувреме сè изгледаше решено, финалето на Мундијалот во Катар да ѝ припадне на Аргентина, по 2:0 водство, ова финале, кои во многу нешта испиша историја, даде таква возбуда на навивачите ширум светот по многу нешта. […]

СП: Полувреме ја дели од Аргентина од светска титула


Аргентина е на чекор да триумфира на Светското фудбалско првенство во Катар, откако во денешното финале против актуелниот првак Франција во Лусаил води на полувреме со 2-0. Аргентинците комплетно доминираа во првите 45 минути и постигнаа два гола преку Лионел Меси и Ангел Ди Марија, додека немоќната Франција не упати ниту еден удар кон противничкиот […]

Аргентинско танго на Меси и Алварез против Хрватска за финале на Мундијалот


  Аргентина е првиот финалист на Светското фудбалско првенство во Катар, откако вечерва во полуфиналето ја совлада Хрватска во Лусаил со 3-0 (2-0) и во борба за титулата на истиот стадион в недела ќе го чека победникот од вториот полуфинален дуел меѓу актуелниот првак Франција и Мароко. Хрватска го контролираше натпреварот во воведните 30-ина минути, […]

Пирова победа на Мексико над С. Арабија, Аргентина и Полска одат понатаму


Драматично до последниот свиреж на судиите вечерва беше на натпреварите Аргентина – Полска и Мексико – Саудиска Арабија во рамки на последното коло во групната фаза на Групата Ц на Мундијалот во Катар. Репрезентацијата на Аргентина доминираше против Полска и го освои првото место во групата Ц, но двете селекции одат во осминафиналето. Фудбалерите на […]

СП2022: По победата над Аргентина утре е државен празник во Саудиска Арабија


Саудискиот владетел, кралот Салман, го прогласи утрешниот ден за државен празник во земјата по повод денешната сензационална победа на фудбалската репрезентација на Саудиска Арабија над Аргентина (2-1) на Светското првенство во Катар. Среда ќе биде неработен за сите вработени во јавниот сектор, а затворени ќе останат и училиштата и факултетите. Саудиските власти, исто така, соопштија дека влезот во три […]

Сензација на Мундијалот: Саудиска Арабија ја победи Аргентина со 2:1


Првото големо изненадување на светски шампионат во фудбал го направи селекцијата на Саудиска Арабија совладувајќи ја Аргентина со резултат 2:1. Голем шок за еден од најголемите фаворити на Мундијалот во Катар се случи на отворањето на групата Ц, на натпреварот помеѓу Аргентина и Саудиска Арабија. Иако фаворизираните Аргентинци водеа со 1:0 со голот од пенал […]

Аргентински навивачи се собираат во Катар, четворица пристигнаа со велосипеди


Неколку десетина навивачи на фудбалската репрезентација на Аргентина се собраа во Доха пред часовникот, кој денеска означи 11 денови до почетокот на Мундијалот во Катар. Облечени во дресови на репрезентацијата, навивачите пееја и се фотографираа со големо аргентинско знаме, по што им посакаа добредојде на четворица свои сонародници, кои пристигнаа во Катар од Јужна Африка со велосипеди. Четворицата аргентински […]

Во Аргентина врие по обидот за убиство на потпретседателката


  БУЕНОС АИРЕС – Кога моќната аргентинска потпретседателка Кристина Фернандез излезе од автомобилот пред нејзината станбена зграда и почна да се ракува со мноштво добронамерници, еден човек се проби напред со пиштол, го впери само неколку сантиметри од нејзиното лице и го повлече чкрапалото кое јасно клика. Наполнетото оружје очигледно се заглавило. Безбедносните луѓе на […]

(Видео) На атентаторот на потпретседателката на Аргентина му се заглавил пиштолот


Потпретседателката на Аргентина, Кристина Киршнер, преживеа обид за атентат благодарение на пиштолот што се заглавил, покажуваат снимките. Киршнер се враќала од судот каде што се бранела од обвиненијата за корупција кога од толпата нејзини поддржувачи излегол напаѓач и ѝ вперил пиштол во лицето. Во пиштолот имало пет куршуми, но од сè уште неутврдени причини тој […]

Илјадници Аргентинци на улиците за поддршка на потпретседателката Фернандез де Киршнер


  Илјадници следбеници на поранешната претседателка на Аргентина и актуелен потпретседател Кристина Фернандез де Киршнер синоќа излегоа на улиците во знак на поддршка, откако двајца обвинители побараа таа да биде осудена на 12 години затвор и забрана за вршење јавна функција поради наводна корупција за време на нејзината влада. Обвинителите претходно оваа недела ја обвинија […]

За поранешната претседателка на Аргентина побарана казна затвор од 12 години поради корупција


   Федералниот обвинител на Аргентина денеска побара 12-годишна затворска казна за Кристина Фернандез де Кирхнер, поранешната претседателка на државата и актуелен потпретседател, под обвинение за корупција. Обвинителот Диего Лучиани ја обвини Фернандез де Кирхнер, се уште влијателна личност во владејачката Перонистичка партија, дека ја измамила државата и била вклучена во шема за пренасочување на јавните […]

Силен земјотрес во Аргентина


  Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Аргентина, односно градот Мендоза, соопшти ЕБропско-медитеранскиот сеизмолошки сентар. До земјотресот дошло на длабочина од 118 километри, пренесе Ројтерс. Британската агенција наведува дека нема информации за повредни или жртви, како и за евентуална материјална штета.

Аргентина без Меси на претстојните натпревари во квалификациите за СП


Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Лионел Меси ќе ги пропушти следните натпревари на репрезентацијата на Аргентина. Тој нема да биде повикан во националниот тим против Чиле и Колумбија во квалификациите за Светското првенство во 2022 година, објави „TyC Sports“. Фудбалерот неодамна заболе од коронавирус и сè уште не е во оптимална состојба. По договор со стручниот […]