Апелација го укина куќниот притвор на Трајко Вељаноски


Апелацискиот суд ја укина мерка куќен притворот за Трајко Вељаноски. На обвинетиот ќе му се определи мерка притвор ако не дојде на уредно доставената покана и за тоа не го оправда изостанокот, побегне или го повтори или го доврши кривичното дело или го стори кривичното дело со кое се заканува. – Мерката куќен притвор против […]

Маричиќ: Одлуката да се пушти Мијалков од притвор ја намалува и онака разнишаната доверба на граѓаните во судовите


Одлуката на Апелацискиот суд во Скопје да го пушти од притвор Сашо Мијалков ја намалува и онака разнишаната доверба на граѓаните во судовите, напиша на Фејсбук министерот за правда Бојан Маричиќ.   Потсетувам, пишува министерот за правда, дека Мијалков беше лице под реален ризик за бегство и повод за настани кои ја вознемирија целата македонска […]

Казната намалена бидејќи Фросина поминала на црвено


Апелацискиот суд Скопје во врска со реакциите во јавноста по повод одлуката за студентката Фросина Цековска која беше прегазена на пешачки премин кај Универзална сала во април 2015 година ја информираше јавноста за околностите што влијаеле за донесување на неговата одлука во врска со овој предмет. – При определување на видот и висината на казната […]

Апелација и ја намали казната на Јанкулоска за „Тенк“ на четири години


Апелациониот суд Скопје делумно ги уважи жалбите на обвинетата Гордана Јанкулоска за предмет „Тенк“ на начин што ја преиначи првостепената пресуда во делот на одлуката за казната и обвинетата ја осуди на казна затвор во траење од четири години. Апелациониот суд Скопје во останатиот дел првостепената пресуда во целост ја потврди. – Постапувајќи по кривичниот […]

Мијалков чека одлука дали ќе излезе од Шутка


Поранешниот директор на тајната полиција Сашо Мијалков, кој пред неколку години беше еден од најмоќните луѓе во земјава, вчера по завршувањето на јавната седница во Апелацискиот суд, со комбе од затворската полиција беше вратен во притвор во затворот во Шутка. Таму ќе ја чека одлуката на апелациските судии кои деновиве треба да пресечат дали ќе […]

Почна јавната седница во Апелација за притворот на Мијалков


Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, заедно со адвокатите Љупчо Шврговски, Антонио Апостолски, Петар Василев и Миле Петровски присуствува на јавната седница во Апелацискиот суд во Скопје, на која се разгледуваат жалбите за мерката притвор што му беше определена при изрекувањето на пресудата во случајот „Титаник 2″. Од Специјалното јавно обвинителство на седницата присутни се обвинителите […]

Апелација одлучува дали Мијалков ќе остане во притвор


Апелациониот суд, денеска, на јавна седница,  ќе ја разгледува жалбата на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, со која бара да му биде укинат притворот кој му беше одреден по изрекувањето на пресудата за случајот „Титаник 2“. Притворот на Мијалков на 8 март му го одреди Кривичниот суд по барање на […]

Апелација одлучи: Американците смеат да покажуваат среден прст на полицијата


Апелациски суд на САД утврди дека граѓаните имаат право да покажат среден прст на полиција како израз на нивното право на слобода на говорот, јави радиото „Ен-Пи-Ар“. Во текот на судењето, Дебра Круиз-Гуљас опишала како во 2017 година била запрена од полицаецот Метју Минард поради пречекорување на брзината. Тој сепак и дошол во пресрет давајќи […]

Нема одлука од скопска Апелација за жалбата на Камчев


Апелацискиот суд Скопје денеска одржа седница во врска со жалбата на одбраната на бизнисменот Јордан Камчев да му биде укинат куќниот притвор во случајот „Империја“ на Специјалното јавно обвинителство. Како што информираат од судот, одлука на денешната седница не била донесена. Во случајот „Империја“ кривично се гонат вкупно 13 лица, меѓу кои Сашо Мијалков, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева […]

Катиљ-ферман за Груевски среде уставната драма


Додека вчера попладне фокусот на политичката јавност беше насочен кон Собранието, ретко кој го забележа отсуството во парламентарната зграда на поранешниот премиер Никола Груевски, кој во изминатите денови беше речиси постојано присутен на расправата за предлогот за пристапување кон уставни измени, иако не се јави за дискусија. Ниту непотврдената информација дека Груевски најавил дека нема […]

Апелација може да одлучува за Груевски до недоглед


Една седмица откако заврши јавната седница, Апелацискиот суд уште не одлучил дали поранешниот премиер Никола Груевски, кој за набавката на луксузниот мерцедес е осуден на две години затвор, ќе заврши зад решетки, предметот ќе го врати на повторно судење пред Кривичниот суд или ќе ја преиначи затворската казна. Вчера еден од членовите на Судечкиот совет […]

Почна одбројувањето за Груевски


Најрано денеска, а веројатно идната недела, Никола Груевски ќе дознае дали ќе оди во затвор поради набавката на луксузниот „мерцедес“ во Министерството за внатрешни работи. По многу перипетии, во скопскиот Апелациски суд конечно заврши расправата по жалбата на осудените, па сега останува нејасно единствено дали повисокиот суд ќе ја прифати или отфрли првостепената пресуда на […]

Апелација го одбива Груевски, се бара и трето изземање


Четири часа одлучувување беа потребни за да се одбијат барањата на адвокатите на Никола Груевски и на Ѓоко Поповски за изземање на судечкиот совет и в.д. претседателката на Апелација. Но, наместо јавната расправа за случајот „Тенк“ конечно да се одржи, дојде ново барање: сега се бара изземање на судијата известител Тања Милева, затоа што му […]

Одбраната на Груевски бара изземање на судечкиот совет на Апелација


По половина час пауза судечкиот совет на Апелација донесе одлука да се одржи јавната расправа за случајот „Тенк“ и покрај неприсуството на адвокатите на обвинетиот Никола Груевски. Тие се присутни на рочиште за насилствата во Собранието на 27 април поради што беше побарано одложување на денешната расправа. Во нивно име се обрати адвокатот Стерјо Зиков, […]

Груевски бара одложување, Апелација се мисли


И на вториот ден од закажаната јавна расправа во Апелицискиот суд за случајот „Тенк“, отсуствуваат адвокатите на обвинетиот Никола Груевски, кој се појави во судот. Сите четворица негови адвокати писмено го известија судот дека не можат да присуствуваат на расправата, затоа што се ангажирани во други предмети што ги води Специјалното јавно обвинителство. Апелацискиот суд […]

Затвор наместо условни казни за првите осудени за „крвавиот четврток“


Затвор наместо условни казни за првите деветмина осудени за „крвавиот четврток“ кои минатата година признаа вина и беа осудени на условни казни. Вака одлучи Апелациониот суд по жалбите што ги поднесе обвинителството за нив. Од Апелација потврдуваат дека условните казни се преиначени. Седум од деветмина обвинети се осудени на една година затворска казна, еден е […]

Седум решенија за притвор за настаните од 27 април потврдени од Апелација


Седум решенија за притвор на лица поврзани со настаните во Собранието од 27 април минатата година беа потврдени денеска од Апелацискиот суд Скопје. Меѓу одбиените жалби е таа на режисерот Борис Дамовски. Жалбата на Дамовски се однесуваше на мерката куќен притвор. Другите шест одбиени жалби се однесуваа на решенија за притвор, а меѓу нив се Душко Лазаров […]

Пратеничката Пешевска останува во домашен притвор, Апелација ја одби нејзината жалба


Апелацискиот суд во Скопје ја одби жалбата на пратеничката Жаклина Пешевска и ја потврди првостепената одлука со која таа останува во домашен притвор, потврдија за МИА од судот. Апелациските судии денеска ја разгледуваа жалбата на Пешевска со која се бараше да и биде укинат домашниот притвор кој и беше определен за настаните во Собранието од […]

Апелација ги одби жалбите: Мукоски останува во притвор


Апелацискиот суд Скопје ги одби како неосновани жалбите на пратеникот Крсто Мукоски и донесе одлука со која му го потврди притворот, информираат за МИА од Судот. Жалбите, пак, на пратеничката Жаклина Пешевска и на Борис Дамовски се на мислење во Вишото јавно обвинителство, а во Апелацискиот суд се уште нема стигнато предмет за пратеникот Љупчо […]

Апелација утре ќе реши за притворите за насилствата од 27 април


Апелацискиот суд денеска на јавна седница ги разгледуваше жалбите на дел од притворените за настаните на 27 април во Собранието, информираат од Апелацискиот суд во Скопје. Расправа на јавна седница побараа актерот Владо Јовановски и осомничените Горан Ѓошевски, Мунир Пепиќ и Оливер Поповски. Префрлање на актерот Владо Јовановски од притворското одделение во Шутка во домашен […]