Анѓушев и Бектеши на 15. Виенски економски форум


Австрија- Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе учествуваат на 15-от Виенски економски форум. На форумот се најавени теми за интеграцијата во ЕУ на земјите од Западен Балкан, преку дигитализација до зголемување на регионална соработка. Вицепремиерот Анѓушев ќе присуствува на официјалниот работен појадок во организација на Канцеларот на […]

Анѓушев: Проектираниот раст од 3,2 отсто за 2019. со сигурност ќе се реализира


Проектираниот економски раст од 3,2 процента следната година со сигурност ќе се реализира, откочени се крупните инфраструктурни проекти во патната и железничката инфраструктура, а покрај нив сериозни активности се очекуваат и со интензивирање на гасификацијата , како и инвестиции во енергетиката. Тоа се дел од оценките што ги изнесе денеска вицепремиерот за економски прашања, Кочо […]

Владина делегација на Светскиот инвестициски форум во Женева


Владина делегација предводена од вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев од денеска до среда ќе присуствува на Светскиот инвестициски форум што ќе се одржува во седиштето на Организацијата на Обединетите нации во Женева. Во состав на владината делегација се и министерот за здравство Венко Филипче и советникот на претседателот на Владата Ванчо Узунов. Вицепремиерот Анѓушев […]

Во Белград почнува Самит на 100 бизнис лидери


Србија – Во Белград денеска почнува дводневен седми Самит на 100 бизнис лидери. На самитот ќе учествуваат експерти и министри од регионот кои ќе расправаат за најразлични теми како мобилност во работата, енергетска одрживост, брендирање на регионот и друго. На присутните преку панели ќе се обратат македонскиот заменик премиер Кочо Анѓушев, министерот за надворешна трговија и […]

Трибина: Перспективите на македонската економија преку членство во ЕУ и НАТО


Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска ќе учествуваат на трибина „Перспективите на македонската економија преку членство во ЕУ и НАТО“. Трибината, што е во организација на Стопанска комора на Македонија, ќе се одржи во фабриката „Кромберг и Шуберт Македонија“ во Индустриската зона Жабени во близина на Битола. – Во насока на […]

Анѓушев: Размислуваме за замрзнување на придонесите на текстилните и кожарските работници


Владата размислува за мерката за замрзнување на придонесите на работниците во текстилната и кожарската индустрија. Ова денеска го најави вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на трибината „Перспективите на македонската економија преку членство во НАТО и ЕУ“, во организација на Стопанската комора на Македонија. Пред работодавачите од Штип и од источниот регион тој појасни дека подолго време разговарале и […]

Анѓушев: Фломастерот падна од висина и удри на масата


Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев денеска на прес-конференцијата во Владата изрази жалење дека бил погрешно разбран на брифингот со новинарите пред неколку дена на кој, според него, му паднал фломастерот и удрил на масата, а за кој, беше обвинет дека со тоа нападнал новинар. – На брифингот во Владата на РМ додека објаснував […]

ВМРО-ДПМНЕ: Анѓушев зел уште еден тендер


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека вицепремиерот Кочо Анѓушев преку неговите фирми добил уште еден државен тендер. „Вицепремиерот Кочо Анѓушев нема намера да прекине да зема од парите на граѓаните преку неговите фирми. Попусто постојат закони за судир на интереси, џабе граѓаните се бунат. Кочо ’четири очи’, нема институција, а да не може да ја опслужи. Најновите […]

Трифун Костовски до Анѓушев: Бизнис-интересите и политиката не одат заедно


Контроверзниот тендер за иновации и технолошки развој стигна и во рацете на Основното јавно обвинителство. По објавите во медиумите за можни злоупотреби при доделувањето грантови, кои, меѓу другите, им беа доделени и на фирми каде што удел имаат вицепремиерот Кочо Анѓушев и пратеникот од СДСМ, Хари Локвенец, Обвинителството отвори предмет и ќе ги истражува евентуалните […]

Анѓушев: Референдумот мора да успее


Граѓаните да го поддржат референдумот. Тој мора да успее зошто  Македонија нема друга опција за просперитет и светла иднина. Ваква порака упати вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев синоќа од прославата за поканата за членство во НАТО од Велес. – Ние 25 години гледаме што се случува бидејќи толку години тапкаме во место и […]

За кого ќе навива политичката елита: Заев за Хрватска и Србија, Мицкоски за Германија, Фетаи за Шпанија…


Двете најмоќни политички фигури во земјава имаат различно мислење и кога е во прашање фудбалот – најважната споредна работа на светот. Првите луѓе на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ ќе навиваат за различни репрезентации на претстојното Светското првенство во фудбал, кое од 14 јуни до 15 јули ќе се одржи во Русија. И двајцата жалат што […]

Анѓушев: Невработеноста се намалува


Процентот на невработеност паѓа, рече денеска вицепремирот Кочо Анѓушев, но не кажа колкаво е намалувањето. – Не сакам да импровизирам со бројка, но она што го имам како сознание е дека бројката на невработени е намалена, истакна Анѓушев на прес-конференцијата во Владата на која ги соопшти економските показатели за првиот квартал во 2018 година. Според […]

Анѓушев: Во првиот квартал 235 милиони евра странски директни инвестиции


Во првиот квартал годинава во Македонија се влезени 235 милиони евра странски директни инвестиции. Тоа е најуспешен квартал од кое било тримесечие од 2007 година досега и во споредба со цела 2017, но и со годишните износи во 2015, 2014, 2012, 2010 и 2009 година. Тоа го објави денеска на прес-конференција вицепремиерот за економски прашања […]

Анѓушев: За едно исечено дрво, 10 нови на Водно


Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, по барањето од граѓански организации да се промени трасата за изградба на гасоводот која минува кај Водно за да не се оштетува шумата, вели дека ќе биде минимизирано какво било оштетување, кое ќе биде компензирано. Потребно е, порача денеска Анѓушев, да се изнајдат сите средства максимално да се заштити  […]

Заев ги повика бизнисмените од Битола да ги искористат мерките наменети за малите и средните претпријатија


Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска во Битола им порачаа на бизнисмените од овој град да ја искористат владината мерка за поддршка на малите и средните претпријатија за што веќе се обезбедени 10,5 милиони евра. – За прв пат од државниот буџет обезбедени се рекордни средства во висина од 10,5 […]

Анѓушев: Решението за „Југохром“ со внимавање и на екологијата и на економијата


Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев вели дека е оптимист за наоѓање решение за комбинатот „Југохром“ со кое ќе се внимава и на здравјето на луѓето и на економијата. – Според последните информации во Факом е готова и челичната конструкција што треба многу скоро да се монтира. Ги разгледуваме сите можности и со банките и […]

Анѓушев: БДП годинава над три отсто


Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев е оптимист дека годинава може да се достигне планираниот раст на БДП од 3,2 отсто. Оптимизмот, како што истакна во одговор на новинарско прашње на денешната прес-конфереција во Владата, го темели на фактот што веќе почнаа да растат платите, индустријата е во подем, а од вториот квартал на годинава […]

Кабинет на Анѓушев: Стечајната постапка во Фени индустри се води во согласност со Законот за стечај


Стечајната постапка во Фени индустри се води во согласност со Законот за стечај, со соодветни органи на управување за зачувување на стечајната маса, со крајна цел заштита на интересите на доверителите, информираат од Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања. – Владата во рамките на своите активности будно ја следи состојбата на стечајната постапка заради заштита […]

Фирма фантом од Бахами „шурувала“ со Фени


Фирма фантом од Бахами „шурувала“ со „Фени Индустри“. Компанијата „победила“ на оглас за преработка на никелова руда, иако дури не се знае кој го склучил договорот во нејзино име. Во тоа голема помош имале од стечајниот управник и од стечајниот судија, соопшти денеска „Транспаренси Интернешнл“, која ги обвини за коруптивно однесување и против нив поднесе […]

Анѓушев: Нема да ја промовираме Македонија како земја на евтина работна сила


Македонија повеќе не смееме да ја рекламираме како држава со евтина работна сила, рече вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев во вечерашното издание на емисијата „Ноќно студио“ на ТВ Телма. Анѓушев рече дека ќе мора инвеститорите  да даваат плата од 18.000 денари. „Ние Македонија не смееме да ја рекламираме како земја со евтина работна сила. […]