Основан Ансамбл на албански народни ора и песни во Република Македонија


Владата на денешната седница основаше национална установа Ансамбл на албански народни ора и песни во Република Македонија – Скопје, како непрофитна установа од областа на културата. Владината прес-служба соопшти дека ансамлот се основа „заради негување на играорната, вокалната и вокално-инструменталната фолклорна уметност на албанската заедница во Република Македонија“.

Алаѓозовски: Формирање албански државен ансамбл во согласност со концептот за едно општество


Проектот за создавање албански државен ансамбл за песни и ора ќе се реализира во наредниот период и за тоа се обезбедени пари во буџетот. Тоа е во согласност со владината програма за унапредување на културата на сите заедници и градење едно општество, изјави за МИА министерот за култура Роберт Алаѓозовски. – Генерално ние ја унапредуваме […]