Војната на Блискиот Исток го прави бизнисот неизвесен: Странските инвеститори во земјава за најголемите ризици годинава


Од почетокот на војната на Блискиот Исток, пред неколку недели, транспортните трошоци во контејнерскиот превоз од Кина кон Европа се веќе зголемени за 65 отсто, а ризикот е толку голем што осигурителните компании избегнуваат осигурување на транспортот преку Црвеното Море. Покрај ова, цената на нафтата веќе е значително зголемена, а дури и да дојде до […]

Анкета: Повеќе од половина Европејци против прием на Украина во ЕУ и НАТО


Помалку од половина од испитаниците во Полска, Франција, Германија и Италија би ја поддржале Украина да се приклучи кон ЕУ и НАТО дури и ако се постигне мировен договор меѓу Киев и Москва, покажува месечната анкета на агенцијата YouGov. Според резултатите, членството на Украина во ЕУ го поддржуваат 42% Полјаци, а 45% би ја виделе […]

Анкета: За Канада и Мексико најголема закана се САД, а за Американците е Кина


Резултатите од најновата анкета на Истражувачкиот центар Пју“ (Pew Research Center) покажуваат дека 59 проценти од Канаѓаните ги сметаат САД за најголема закана за нивната земја. Досега Кина беше најголема закана по Канада. Но, откако претседателот на САД, Доналд Трамп се закани дека ќе ја анектира Канада како 51-ва држава на САД и почна трговска […]

Анкета на Си-Ен-Би-Си: Американците се многу незадоволни од економската политика на Трамп


Претседателот Доналд Трамп го има најлошиот економски рејтинг во неговата претседателска кариера во услови на широко распространето незадоволство од неговото справување со тарифите, инфлацијата и државните трошоци, според најновата економска анкета на Си-Ен-Би-Си. Истражувањето покажа дека поттикот на економскиот оптимизам што следеше по реизборот на Трамп избледе, при што повеќе Американци сега веруваат дека економијата […]

Детектор анкета: Стабилна поддршка за ЕУ членство, песимизам за прием


Над 61 процент од граѓаните би одговориле позитивно на референдумско прашање за влез на Македонија во Европската Унија, покажува анкетата што за емисијата Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје (ИПИС). Негативен одговор според истражувањето би дале 23,5 проценти од граѓаните. Поддршката за ЕУ е повисока кај испитаниците Албанци од кои над 77 проценти […]

Анкета: Повеќето Американци се задоволни од победата и потезите на Трамп при трансферот на власта


Мнозинството Американци се задоволни што Доналд Трамп победи на претседателските избори, како и неговите потези за време на транзицијата на власта, покажува најновата анкета спроведена од ТВ мрежата Си-Би-Ес Њуз и маркетинг компанијата ЈуГов. Дваесет и четири отсто од испитаниците биле задоволни од фактот дека Трамп победил на изборите, додека 31 отсто се изјасниле дека […]

Од 1.000 до 10.000 евра им биле барани на компаниите за разни услуги од власта, покажа анкета на Стопанската комора


Од 1.000 до 10.000 евра, им биле барани на приватните компании за одредени дозволи, инспекциски надзори, царински, а кај јавните набавки 6 до 10 проценти од вредноста на тендерот. Дури 78 отсто од коруптивните барања доаѓале од централната власт. Ова го покажа анкетата на Стопанската комора на Северна Македонија, спроведена лани, а со која биле […]

Општина Аеродром спроведува анкета за зонско паркирање во Мичурин


Општина Аеродром по барање на граѓаните и во соработка со Јавното претпријатие „Градски паркинг“ почна кампања за информирање на граѓаните за бенефициите од зонското паркирање што треба да се спроведе во населбата Мичурин. Паралелно со информативната кампања, се реализира и теренска анкета преку која граѓаните имаат можност да го искажат својот став за иницијативата за […]

Харис премина во тесно водство во анкетата на „Њујорк тајмс“


  Американската потпретседателка, Камала Харис, има тесно национално водство пред нејзиниот републикански ривал, Доналд Трамп, во трката за Белата куќа, според најновата анкета на Њујорк тајмс/Колеџот Сиена, спроведена помеѓу 29 септември и 6 октомври. Тоа е првпат Харис да го води Трамп во анкетата на Тајмс/Сиена од јули, кога Џо Бајден драматично се откажа од […]

Анкета: Близу две третини од граѓаните со позитивен став за „Отворен Балкан“


Вкупно 63,3 отсто од испитаниците во анкетата на Институтот за политички истражувања – Скопје позитивно гледаат на инцијативата „Отворен Балкан“, во која покрај Северна Македонија, членуваат и Србија и Албанија. Истражувањето, спроведено за потребите на емисијата „Детектор“, покажува дека негативен став кон „Отворен Балкан“ имаат само 15,9 проценти од анкетираните граѓани.   Споредбената анализа со […]

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ спорат околу анкетите, чиј рејтинг е подобар


ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ денеска преку партиски соопштенија до медиумите „докажуваа“ чии анкети се поверодостојни и која од партиите има поголем рејтинг.  Поводот беше најновата анкета која ја презентира Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) на Владимир Божиновски, кој во јавните настапи отворено ја поддржува ВМРО-ДПМНЕ. Според оваа анкета, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ужива […]

Анкета на „Галуп“: Негативната перцепција за Путин во Македонија е 61 отсто


  Инвазијата на Украина во голема мера го расипа имиџот на руското раководство во светот. Минатата година, мнозинството жители на светот го осудија Владимир Путин – првпат во последните 15 години во кои „Галуп“ спроведува анкети за ставовите кон светските лидери. Дополнително, негативните оценки преовладуваат не само на Западот, кој отворено ја критикува агресијата, туку […]

Бектеши од граѓаните преку анкети ќе бара решение за инфлацијата и цените


Мерките и активностите што ги презема Министерството за економија за поддршка на домаќинствата и компаниите за справување со енергетската и економската криза и подобрување на животниот стандард на граѓаните, беа тема на разговор на денешниот работен состанок на министерот за економија Крешник Бектеши со претставници од Националниот демократски институт (НДИ). На состанокот, на кој присуствуваа […]

Странските компании ги мачи цената на енергентите и инфлацијата, но и бирократијата и лошата инфраструктура


  Околу 30 отсто од странските компании во земјава очекуваат помали нето приходи во последниот квартал годинава во однос на истиот период лани, како резултат на економската криза, а 12 отсто од нив, поради намалениот обем на работа би можеле и да посегнат по најнепопуларната мерка – да го намалат бројот на вработени. Ова го […]

Анкета: Поскапувањата на цените, инфлацијата и тешката зима се најголем проблем за осум од десет Грци


 Поскапувањата на цените, инфлацијата и тешката зима се главен проблем за Грците, поделено е мислењето на анкетираните во однос на составот на следната Влада по изборите, а Нова демократија е во предност од осум отсто пред СИРИЗА, се дел од резултатите од истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Marc“ за грчката телевизија „Антена“, јави дописничката […]

Анкета: Осум партии и коалиции имаат шанса да влезат во следниот парламент на Бугарија


  Осум партии и коалиции имаат шанса да влезат во следниот парламент на Бугарија, покажува истражувањето на Сова Харис, јави БТА. Податоците се од анкета во периодот од 22 до 26 септември 2022 година, меѓу илјада бугарски граѓани. Според истражувањето, доколку изборите се одржат денеска, за ГЕРБ-СДС би гласале 27,5 отсто од оние кои посочиле […]

Презентација на резултати од Национална дебатна анкета за изборен систем и реформи во изборниот процес


  Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ) денеска ќе ги презентира резултатите од Националната дебатна анкета за изборниот систем и реформите во изборниот процес во Северна Македонија. Од ЕПИ информираат дека ќе ги презентираат финалните компаративни резултати од основната анкета спроведена во мај 2022 година и од финалната анкета спроведена по дебатниот настан, одржан на […]

Анкета: околу две третини од Германците се незадоволни од канцеларот Шолц


Околу две третини од Германците се незадоволни од работата на канцеларот Олаф Шолц и неговата влада, што е најмногу од почетокот на мандатот, покажува истражување. Дури 62 отсто од испитаниците во истражувањето на маркетинг агенцијата Инса за неделното издание на високотиражниот весник „Билд“ му дале негативна оценка на Шолц. Во март 46 отсто изразиле незадоволство […]

Деловната клима во Македонија низ германска лупа: Корупцијата голем проблем, пофалби за вработените


Германските компании кои работат во Македонија имаат најмногу забелешки за борбата против корупција и криминалот, а најзадоволни се од своите вработени, при што со највисока оценка се оценува продуктивноста на стручниот кадар и мотивацијата на вработените, покажа најновата Анкета за деловната клима спроведена помеѓу компаниите членови на Македонско-Германското стопанско здружение. Покрај тоа, голем број од […]

Истражување: Над две третини од граѓаните не веруваат дека може да влијаат врз одлуките во општината и државата


Граѓаните немаат доверба и во голема мера сметаат дека не можат да влијаат на случувањата во општината во која живеат и државата, покажуваат податоците од телефонското и онлајн истражување со граѓани и граѓански организации, презентирано денеска на онлајн конференцијата „Високи надежи и големи падови: ставови на граѓаните и граѓанските организации и ефекти од секторските работни […]