Отворена Амбасадата на Казахстан во Скопје, значаен чекор кон зајакнување на врските меѓу двете земји


Со свечена церемонија денеска во Скопје беше официјално отворена Амбасадата на Република Казахстан во Република Северна Македонија, со што се одбележа и 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Скопје и Астана.  Амбасадорот на Казахстан, Сатибалди Буршаков, во своето обраќање истакна дека отворањето на Амбасадата претставува историски момент во односите меѓу двете земји. -Сведочиме […]

Оштетена амбасадата на САД во иранскиот напад врз Тел Авив


Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби, објави дека Амбасадата и Конзулатот на САД во Израел ќе останат затворени денеска од безбедносни причини. Наредбата за засолниште останува на сила. Според него, имало помала штета во близина на филијалата на амбасадата во Тел Авив поради детонации на ирански ракети, но нема повредени американски лица. 

Студентите во блокада со повик за оддавање почит за жртвите во Кочани во – Крагуевац и Нови Сад


Студентите во блокада во Србија ги повикаа жителите на Крагуевац да дојдат на Студентскиот плоштад вечерва во 19 часот за да им оддадат почит на загинатите во пожарот во дискотека во Кочани, јави МИА. Студентите од белградскиот универзитет им оддадоа почит на настраданите во пожарот во Кочани, а најавија и нивните колегите од Нови Сад […]

Американските амбасади во Европа се откажаа од заедничките вечери во изборната ноќ


Кога подобро ќе размислите, подобро причекајте со шампањското. По неколкумесечна кампања за една од најнеизвесните изборни трки во поновата американска историја, денот на изборите конечно пристигна во САД. Но Европа нема да се вклучи во забавата на изборната ноќ. За разлика од гласањата пред пандемијата, изборната ноќ во САД во 2024 година ветува дека ќе […]

Данска ѝ нареди на Русија да го намали бројот на луѓе во амбасадата во Копенхаген


Данска одлучи да го ограничи бројот на руски дипломати во амбасадата во Копенхаген на пет, а бројот на административниот персонал на 20, принудувајќи ја Москва да повлече дел од персоналот, соопшти данското Министерство за надворешни работи. „Одлуката за воведување на принципот на еднаквост во однос на големината на двете амбасади значи дека руската амбасада во […]

Казахстан до крајот на годинава ќе отвори амбасада во Скопје


Казахстан до крајот на 2023 година ќе ја отвори најавената амбасада во Скопје. Ова е потврдено во разговорите на министерот за надворешни работи Бујар Осмни со претседателот на Казахстан, Касум-Јомарт Токајев и министерот за надворешни работи, Мурат Нуртлеу, во Астана. -Оваа одлука на казахстанската Влада покажува дека Казахстан ја смета Северна Македонија како партнер од […]

Исланд е првата земја членка на НАТО, која ја затвори својата амбасада во Русија


Исланд стана првата членка на НАТО која официјално ја прекина работата на својата амбасада во Русија. На почетокот на јуни, Рејкјавик ја објави својата намера да ја затвори амбасадата, но таа стапи на сила дури денеска. Официјални лица, исто така, побараа од Русија да го намали своето дипломатско присуство во Рејкјавик. Исланд има амбасада во […]

Амбасадата на Финска во Москва добила три писма со прав


 Амбасадата на Финска во Москва го контактираше руското Министерство за надворешни работи окако добила три писма со прав. Билатералните односи помеѓу Москва и Хелсинки се влошија откако Финска на 4 април стана членка на НАТО. Финска дели долга копнена граница со Русија. 

Безбедносно известување од Амбасадата на САД поради дојавите за бомби во земјава


Амбасадата на Соединетите Американски Држави во земјава издаде безбедносно известување за граѓаните поради дојавите за бомби. На веб-страницата на Амбасадата на САД се апелира дека „доколку се најдете на локација на која има дојава за бомба, следете ги упатствата на лицата одговорни за безбедноста и полицијата“. Се наведува и дека поради потенцијално зголемен криминал за време на […]

Крваво плико испратено до амбасадата на Украина во Атина


Амбасадата на Украина во Атина, рано утрово примила крвав коверт, а според портпаролот на укранското МНР Олег Николенко, адресата на испраќачот е идентична со онаа на ковертите испратени до останатите амбасади и конзулати низ светот, јави дописничката на МИА од Атина. Николенко на Фејсбук објави дека досега се регистрирани 33 случаи на закани во 17 […]

Оштетена влезна врата од простории на Амбасадата на Црна Гора во Скопје


Вчера (07.11.2022) во СВР Скопје, било пријавено од Амбасадата на Република Црна Гора во Скопје, дека била оштетена влезна врата од простории кои не ги користи амбасадата, а се во нејзина сопственост, информриаат од МВР. Просториите се наоѓаат на ул. „Народен фронт“, во Скопје. На лице место бил извршен увид и се работи на расчистување […]

Дипломатски скандал: „Ги мразам Русите“


  Руските власти наложија на работничка во конзулатот на норвешка да ја напишти земјата, јавуваат странските медиуми. Официјална Москва го контактирала амбасадорот на Норвешка и наложила една нивна работничка да го напушти конзулатот и да си оди од Русија, затоа што велела дека ги мрази Русите. Во прашање е вработена во конзулатот во мурманск, која […]

Амбасадата на Шведска објави повик за фото натпревар на тема „Македонски татковци”


Амбасадата на Кралството на Шведска објавува повик за учество во награден фото натпревар на тема „Македонски татковци“. Целта на натпреварот е да ја подигнеме свесноста за споделено родителско (породилно) отсуство и важноста на врската помеѓу татковците и нивните деца, соопштиja од Амбасадата на Кралството на Шведска. Наградниот фото натпревар ќе им даде можност на сите […]

Блинкен: САД ја преместуваат својата амбасада од Киев во Лавов


САД денеска соопштија дека ја преместуваат својата амбасада од Киев во западниот украински град Лавов, наведувајќи го како причина „драматичното забрзување“ на распоредувањето руски сили долж украинската граница. – Амбасадата ќе продолжи со својата работа и ќе соработува со украинските власти, изјави американскиот државниот секретар Ентони Блинкен. Тој упати повик до сите останати американски граѓани […]

Велика Британија почна да го повлекува персоналот од амбасадата во Украина


Велика Британија почна да го повлекува персоналот од својата амбасада во Украина, по предупредувањата за руска инвазија, објави Би-Би-Си. Официјални лица наведуваат дека нема конкретна закана за британските дипломати, но дека половина од вработените во дипломатската мисија во Киев ќе се вратат во Британија. Одлуката на Велика Британија уследи откако САД им наложија на семејствата […]

Србија купи удел од Северна Македонија над зградата на Амбасадата во Берн


Српскиот амбасадор во Швајцарија Горан Брадиќ, по овластување и наредба на министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ, потпиша купопродажен договор со амбасадорот на Северна Македонија во Швајцарија, Кенан Рамадани, за купување на косопственичкиот удел на Северна Македонија над зградата на Амбасадата на поранешна СФРЈ во Берн, јави дописникот на МИА од Белград. Во следните 30 […]

Конгресот на САД потврди: Џес Бејли добива наследник во Македонија


Конгресот на САД го потврди именувањето на Кејт Мери Брнс за нов амбасадор во Македонија. Брнс е дипломат веќе 26 години. Како амбасадор во земјава доаѓа по нејзината функција заменик шеф на мисијата на САД во Атина. Претходно беше постојан претставник на Мисијата на САД на ОБСЕ во Виена. Досегашниот американски амбасадор Џес Бејли од […]

По американската и германската амбасада ги осуди изјавите на Мицкоски


Германската амбасада, како и американската вчера, ги осуди изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со кои стави паралела меѓу Нирнбершките процеси  и судењата на Митко Чавков и другите инволвирани во настаните од 27 април. За амбасадата тие споредби се неприфатливи и со нив се минимизираат делата на наци-злосторниците. -Споредбата на постапките на правосудните служби […]

Владата донесе одлука за отворање амбасада во Атина и Генерален конзулат во Солун


На денешната редовна владина седница е донесена одлука за отворање амбасада на Република Северна Македонија во Република Грција, со седиште во Атина (Athens), како и одлука и за отворање Генерален Конзулат на Република Северна Македонија во Република Грција, со седиште со Солун (Thessaloniki), кои ќе започнат да се применуваат со влегувањето во сила на Одлуката […]

Заврши гласањето во македонската амбасада во Атина


Мирно и без проблеми заврши гласањето во Атина, а гласачкото место број 5014 во Канцеларијата за врски на Република Македонија беше затворено во 19 часот по локално време. Како што јави дописничката на МИА од Атина, правото на глас го остварија 13 од 15 македонски државјани пријавени за гласање во грчката престолнина. Веднаш по затворањето […]