Извештај на ОН вели дека нема врски меѓу сириските власти и Ал Каеда


Набљудувачите на санкциите на ОН оваа година не пронајдоа „активни врски“ меѓу Ал Каеда и исламистичката група што ја предводеше привремената влада на Сирија, се вели во необјавен извештај на ОН. Извештајот, кој се очекува официјално да биде објавен подоцна овој месец, веројатно ќе го поддржи очекуваниот притисок на САД за укинување на санкциите на […]

Американската администрација привремено го блокира договорот за признавање вина за 11 септември


Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден привремено го блокираше договорот за признавање на вината за обвинетиот организатор на нападите на 11 септември 2001 година, Калид Шеик Мохамед, што ќе го поштеди од ризикот од смртна казна за нападите на Ал Каеда врз САД. Одлуката на федералниот апелационен суд во Вашингтон уследи по барањето на владата […]

САД: Го убивме водачот на групата поврзана со Ал Каеда во Сирија


Американската војска соопшти дека извршила напад во Сирија синоќа во кој загинал висок лидер на група поврзана со Ал Каеда. Цел на нападот бил Абу-Абд ал-Рахман ал-Маки, висок лидер на Хурас ал-Дин, поврзан со Ал Каеда, се вели во соопштението на американската Централна команда на Х. U.S. Central Command Forces Killed Hurras al-Din Senior Leader […]

Ал Каеда повика да се напаѓаат амбасадите на Шведска и Данска


Ал Каеда повика на напади на амбасадите и да се убиваат шведските и данските дипломати ширум светот откако изминатите месеци беа запалени неколку копии од Куранот во двете скандинавски земји. Советникот за национална безбедност на Шведска, Хенрик Ландерхолм изјави дека има знаци на „зголемена закана“ за земјата и за шведските интереси во странство. И покрај […]

САД го убија водачот на Ал Каеда, Ал Завахири, во напад со дрон


  Соединетите Dржави го убиле водачот на Ал Каеда Ајман ал Завахири во напад со беспилотно летало во текот на викендот, изјавија за американското издание на „Политико“ три лица информирани за операцијата. Нападот го спроведе ЦИА, според двајца од луѓето, а еден од нив изјави дека се случил во Кабул. Ал Завахири беше Египќанец кој […]

Лидерот на Ал Каеда се појави на видео-снимка покрај гласините за неговата смрт


Лидерот на терористичката група Ал Каеда се појави на видео-снимка, со што ги отфрли гласините за негова смрт. Во едно од ретките негови објавени видео-снимки Ајман ал Завахри кој беше заменик на Осама бин Ладен, ја фали индиската муслиманката која во февруари јавно се спротивстави на забраната на властите во југозападната индиска држава Карнатака за […]

Нов „непријател број еден“, САД нудат милион долари


САД нудат милион долари за информација за Хамза бин Ладен, синот на убиениот водач на Ал Каеда, Осама бин ладен. BBC пренесува наводи на неименувани американски официјални лица дека Хамза бин Ладен станува нов водач на оваа екстремистичка исламска организација. Се верува дека тој се наоѓа на подрачјето во близина на авганистанско-пакистанската граница. Се наведува […]