„Алкалоид“ АД Скопје регистрираше ново друштво во Романија


  По неколкугодишното присуство и успешно работење на романскиот пазар, „Алкалоид“ АД Скопје регистрираше ново друштво во Романија, со назив „Alkaloid Bucharest S.R.L.“. Друштвото е 100 % во сопственост на компанијата. Ваквиот деловен потег е дел од долгогодишната развојна, деловна политика на компанијата, во насока на главните стратешки определби што се однесуваат на глобализацијата на […]

Претставници на Американскиот совет на млади политички лидери во посета на „Алкалоид“


Делегација на Американскиот совет на млади политички лидери (American Council of Young Political Leaders – ACYPL), во придружба на претставници од Амбасадата на САД во Скопје, оствари работна посета на „Алкалоид“. Целта на посетата беше претставниците на Советот, преку својата Програма за размена на делегации меѓу земјите, да се запознаат одблизу со начинот и со […]

Пионерскиот тим на „Алкалоид“ го освои ракометниот турнир во Нант


Пионерскиот тим на „Алкалоид“ освои злато меѓународниот ракометен турнир што се одржа во Нант, Франција. „Алкалоид“ денеска во полуфиналето го совладаа шпанскиот тим Понтеведра (23-20), а во финалето кое имаше драматичен финиш беа подобри од уште една шпанска екипа, Хихон 27:26. „Алкалоид“ на овој турнир одигра вкупно седум натпревари и победи на сите средби. Финале […]

Германската амбасадорка во работна посета на „Алкалоид“


Делегација на германската амбасада во Скопје, предводена од амбасадорката Анке Холштајн, оствари работна посета на „Алкалоид“. За време на посетата, амбасадорката Холштајн, чиј домаќин беше работна група на компанијата, предводена од генералниот директор и претседател на УО, Живко Мукаетов, беше запознаена со резултатите од работењето на компанијата, деловните активности, нејзините пласмани и со производственото портфолио. […]

„Алкалоид“ и на јужноамериканскиот пазар, регистриран лек во Чиле


„Алкалоид“ го шири своето портфолио на јужноамериканскиот пазар! Институтот за јавно здравје на Чиле (ISP) неодамна го издаде првото одобрение за ставање во промет лек произведен од „Алкалоид“ АД Скопје. Одобрението за ставање лек во промет се однесува на лек во форма на таблети, кој е наменет за краткотрајно лекување несоница кај возрасни. „Алкалоид“, поддржан […]

Поделени 1.500 витамински сирупи на „Алкалоид“ на децата од градинките во Кисела Вода


Донација од 1.500 сирупи за подигнување на имунитетот кај децата во градинките обезбеди општина Кисела Вода од ,,Алкалоид” АД Скопје. Денеска, преку Секторот за образование и предучилишно воспитување, им беа доставени на сите градинки кои се во надлежност на оваа локална самоуправа. Сирупите, потоа ќе ги подигнат родителите кои се пријавиле дека сакаат ваков суплемент […]

„Алкалоид“ со раст на консолидираните продажби од 11 отсто, со 99 нови вработувања и со инвестиции од 219 милиони денари


Најголемата фармацевтска компанија во земјава, скопски „Алкалоид“ ги објави резултатите од работењето во првиот квартал годинава кои покажуваат раст на консолидираните продажби од 11 отсто, со 99 нови вработувања во земјава и со инвестиции во износ од 219 милиони денари. Приходи од продажби Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – март 2022 година […]

Алкалоид даруваше Бекутан мултивитамински сирупи во сите градинки во Карпош


Алкалоид АД Скопје донираше 2167 производи Бекутан КИДС ВИТС – МУЛТИВИТАМИНИ сирупи наменети за деца на возраст над една година во сите градинки на територија на Општина Карпош. Производите ќе бидат понудени и поделени исклучиво на родителите на децата. Донацијата е реализирана од страна на Секторот за дејности од јавен интерес при Општина Карпош по […]

Алкалоид добитник на наградите за Најтранспарентно котирано друштво и за Акција на годината


Традиционално на крајот на календарската година од страна на Македонска берза АД Скопје се доделуваат награди за најпрепознатливите и најактивните издавачи на хартии од вредност. Алкалоид АД Скопје е добитник на престижната награда за Најтранспарентно котирано акционерско друштво за 2021 година и тоа во две категории, по избор на пазарни учесници и по избор на […]

Мукаетов за „Магазин Бизнис“: Ќе продолжиме да инвестираме во луѓе, во нови технологии и во истражување и развој


Земјите од регионот се наши традиционални извозни пазари бидејќи нашите производи се познати таму веќе 85 години. Извезуваме и во Европската Унија, Русија и ЗНД, Северна Америка, како и во некои земји на Блискиот Исток, додека, пак, Канада, Италија, Австрија, Шпанија, Португалија и Саудиска Арабија се некои од новите пазари што ги додадовме на нашата […]

„Алкалоид“ пушти во употреба сопствен центар за едукација и за обуки


Човечкиот потенцијал има огромно значење за растот и за развојот на „Алкалоид“ АД Скопје, а професионалниот пристап во работењето, просперитетот на компанијата и нејзиниот кредибилитет се должат на децениското инвестирање во компаниското начело „Луѓето пред сѐ“. Во изминативе 15 години бројот на вработени во Групацијата „Алкалоид“ порасна од 1.200 на 2.500. Децениските инвестиции во едукација […]

WOOD & Company со препорака да се чуваат акциите на „Алкалоид“


WOOD & Company, реномираната инвестициска компанија со седиште во Прага, ја објави анализата за најдобрата фармацевтска компанија во земјава ,,Алкалоид”. По оствaрените резултати на компанијата и растот на цената на акциите за 44 проценти годинава , WOOD & Company повторно даде препорака  да се чуваат акциите.Цената на акцијата на Алкалоид кога се правело истражувањето изнесувала […]

АЛКАЛОИД со максимална победа во петтото коло на Европскиот Клупски Куп 2019


Алкалоид со максимален резултат 6:0 ја совлада екипата од Швајцарија „Zurich Schachgesellschаft“. Во овој меч шахистите на Алкалоид покажаа најсигурна игра до сега и на ниедна табла не им дозволија на противниците да одземат некој поен. Мамедјаров повторно демонстрираше висока класа и ја искористи малку пасивната игра на својот противник за да освои цел поен. […]

Хуманитарен пикник на „Алкалоид“: Собрани 1.2 милиони денари


Милион и двесте илјади денари во Фондацијата „Трајче Мукаетов“ донираа денеска вработените во „Алкалоид“ АД Скопје, членовите на нивните семејства и нивните пријатели, за што добија специјално дизајнирана маичка. Средствата ќе бидат донирани за граѓанското здружение „О2 Иницијатива“. Ова денеска го истакна генералниот директор на „Алкалоид“ АД Скопје, Живко Мукаетов на традиционалниот хуманитарен пикник, кој […]

Поп- ѕвездата Тамара со децата позира за „Бекутан“: Нежно уште од првиот допир


Децата Хана (3) и Дарен (7 месеци) ѝ се центарот на нејзиниот универзум. Нема интервју со поп-ѕвездата Тамара Тодевска (34) за нејзината кариера, а да не го спомне семејството, потесното и поширокото, и нивната поддршка во сите убави но и стресни моменти. Тамара со пријателите е несериозна, ама со децата е многу сериозна. Сега потпораснаа, […]

Владина делегација во посета на „Алкалоид“


Премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за здравство Венко Филипче и министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на бизнис климата за домашните претпријатија Зоран Шапуриќ денеска ќе ја посетат компанијата „Алкалоид“ АД – Скопје. Заев и владината делегација ќе има средба со директорот на „Алкалоид“ ад Скопје, Живко Мукаетов […]

Нови 212 вработувања во Алкалоид, раст на добивката


„Алкалоид АД“ Скопје оствари позитивни финансиски резултати во периодот јануари – декември 2018 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех. Според единечниот Биланс на успех, во периодот јануари – декември, продажбите достигнуваат 7.506.114.294 денари, што е за 8% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Добивката пред финансиски трошоци, даноци […]

„Алкалоид“ ќе соработува во програмата за практикантство со уште два факултети при УКИМ: Медицинскиот и Технолошко-металуршкиот факултет


Со цел да се поттикне развојот на креативноста кај студентите, личното и професионално профилирање како и подготвеноста за соочување со идни професионални предизвици „Алкалоид АД Скопје“ потпиша „Меморандум за соработка за програмата за практикантство“ со уште два факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје – Медицинскиот и Технолошко-металуршкиот факултет. Практикантството во „Алкалоид АД […]

„Алкалоид“: Студентите по медицина – нашите идни лекари


Клубот на млади лекари со поддршка на “Алкалоид”, од денеска започна со организација на неделата на студенти по медицина, водени под мотото ,,Студентите по медицина – нашите идни лекари”. Мисијата на проектот е враќање на довербата во медицинската професија и можноста за професионална себереализација на студентите и младите доктори во Македонија. Клубот на млади лекари […]

„Алкалоид“ со раст на извозот, нето добивката, инвестициите и 144 нови вработувања


„Алкалоид АД“ Скопје оствари позитивни финансиски резултати во периодот јануари – септември 2018 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех. Според единечниот Биланс на успех, соопштија од компанијата, во периодот јануари – септември, продажбите достигнуваат 5.517.737.841 денари, што е за седум отсто повеќе споредено со истиот период минатата година. Добивката пред финансиски […]