Села свика Собрание на АА, ќе се бара одговорност од Таравари


Претседателот на Централното собрание на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, вечерва на прес-конференција во седиштето на партијата во Тетово најави дека свикува седница на ова партиско тело за в сабота на која ќе се бара одговорност за претседателот на партијата, Арбен Таравари. Села изјави дека и покрај одлуката на партиските органи да се оди самостојно […]

Ковачевски: За случувањата во Алијанса одговорите треба да ги дадат нејзините партиски органи


Не би ги коментирал случувањата во Алијанса, бидејќи станува збор за друг политички субјект. Нивните партиските органи, нивните функционери се тие што треба ги дадат одговорите и да излезат со став, рече денеска претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски. Тој потврди дека со Арбен Таравари се сретнал, но со Зијадин Села, како што нагласи, нема разговарано, […]

Арбен Таравари избран за В.Д. претседател на Алијансата за Албанците


Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари е избран за привремен В.Д. претседател на Алијансата за Албанците на денешното централно претседателство на партијата кое се одржува во Скопје. Зијадин Села поднесе оставка по лошите изборни резултати во Тетово. Инаку, пред почетокот на партиското Централното собрание, Зијадин Села изјави дека неговото повлекување од лидерската позиција во партијата не […]

Џонсон предлага нова алијанса како алтернатива на ЕУ


  Италијанскиот весник „Кориере дела сера“ повикувајќи се на неименувани извори објави дека британскиот премиер Борис Џонсон има таен план за формирање на нов економски и воен сојуз како алтернатива на Европска унија. Весникот наведува дека Џонсон својот план првпат го претставил на 9 април при неговата посета на Киев. Според Џонсон, лидер на новиот […]

Села чека Касами и Гаши да се смират, за Тачи не сака да чуе


Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села чека скараните другари од БЕСА – Билал Касами и Африм Гаши да ги надминат недоразбирањата, а потоа сите заедно да влезат во битка за соборување на ДУИ од власта. Во евентуалната коалиција против интегративците би имало место за сите, освен за ДПА на Мендух Тачи, кого Села го […]

Беса му намигна на ВМРО, ама далеку се од љубов


ВМРО-ДПМНЕ и Беса си намигнаа и го воспоставија првиот чекор кон соработка, но дали таа ќе се преточи во коалиција пред или по парламентарните избори e прерано да се разговара. Ова се коментарите во двете партии што доаѓаат по превласта што ја презедоа во собраниската Комисија за избори и именувања на сметка на владејачкиот двоец: […]

Ќе оди ли Русковска курбан за законот?


Законот за обвинителство, кој во петокот го предложи премиерот Зоран Заев, денеска влегува во собраниска процедура. Власта ќе се обиде да стигне до двотретинско мнозинство за да ги протурка измените, со кои СЈО станува дел од новоформираното обвинителство за гонење организиран криминал и висока корупција со надлежност на цела територија на земјата и гаранции за […]

Беса против Законот за обвинителство на Заев: Ваков како што е, не го гласаме


Законот за обвинителство што во петокот го предложи премиерот Зоран Заев, утре влегува во собраниска процедура. Власта ќе се обиде да стигне до двотретинско мнозинство за да ги протурка измените со кои СЈО станува дел од новоформираното Обвинителство за гонење организиран криминал и висока корупција со надлежност на цела територија на земјата и гаранции за […]

Села прифаќа да се види со Заев: Премиерот призна колку сме силни


Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села ја прифати поканата на премиерот Зоран Заев за лидерска средба во петок во 14 часот во Клубот на пратениците. „Мило ни е што премиерот почна да ја чувствува вистинската сила на Алијансата за Албанците. Отсекогаш сме мислеле дека вакви лидерски среби треба почесто да се свикуваат кога станува […]

Села: Сега не влегуваме во Владата и да нѐ викаат


Јас би поддржал закон за СЈО кој нема за цел да амнестира некого, туку има за цел постепено да ги гради правото и правната држава. Нема да поддржам закон кој се крои за да се заштитат големи политички мечки во државава, вели Зијадин Села, претседател на Алијансата за Албанците во интервју за Радио Слободна Европа. […]

Касами: Беса влегува во новата влада, Ахмети им е омилен партнер на СДСМ и на ВМРО


Не му дадовме поддршка на Стево Пендаровски во вториот изборен круг, туку целта ни беше да имаме успешен процес со цел земјава да оди напред. Расположението кај албанските гласачи е на страната на опозицијата, така што позицијата на ДУИ е целосно делегитимирана. Сè уште е рано да се каже дали на следните парламентарни избори ќе […]

Алијансата на Села им се налути на Заев и на Ахмети: Пак ќе има избори…


Алијансата на Албанците се налути затоа што банкнотите со новото име на државата, кои ќе бидат испечатени на почетокот од идната година, се само на македонски, а не и на албански јазик. „Оценуваме дека оваа одлука е неправедна и е во спротивност со Законот за употреба на јазиците, односно албанскиот јазик, со кој се предвидува […]

Река ќе се активира во политиката, Села бара предвремени


Кандидатот за претседател, Блерим Река најави дека ќе се активира во политиката доколку на денешните избори добие повеќе гласови отколку што ДУИ оствари на минатите избори, а тоа беа локалните во октомври 2017 година. На тие избори, партијата на Ахмети доби околу 85.000 гласа. Во моментов, на 85 отсто од изброените гласови за претседател, Река […]

Дескоска: Алијансата за Албанците и Беса даваат поддршка СЈО да биде посебен орган во рамки на ЈОРМ


Албанските опозициски партии Алијанса за Албанците и Беса на денешната средба во Собранието со премиерот Зоран Заев и министерката за правда Рената Дескоска изразиле поддршка за опстојување на СЈО како посебен орган во рамки на Јавното обвинителство кое ќе има ефикасни надлежности. -Генерално од денешната средба е поддршката за СЈО како орган кој ќе има ефикасни […]

Aлијанса: Заев има три месеци да се отцепи од практиките на претходниот режим


Алијансата на Албанците смета дека и последниот извештај на Стејт департментот за почитување на човековите права, потврдиле дека продолжува да се соочува со висок степен на корупција и политизација на администрацијата и судството. Од партијата на Зијадин Села велат дека и покрај техничките и законските реформи иницирани од владата на Зоран Заев, земјата и натаму […]

Уште еден професор тргна кон Водно


Универзитетскиот професор и поранешен амбасадор, Блерим Река, влегува во трката за претседател на државата. Тој ќе настапи како натпартиски кандидат, но номинацијата е дело и на Алијансата за Албанците и Беса. Партиите на Зијадин Села и на Биљал Касами на овој начин сакаат да го добијат приматот кај граѓаните од албанска националност, имајќи предвид дека […]

Алијанса за Албанците: Продолжува епидемијата на убивање надеж кај младите лекари


Алијансата на Албанците обвинува дека има енормна миграција на младите лекари од Северна Македонија во последната декада, која добива размери на епидемија во едно општество која поминува од проблем во проблем, од скандал во скандал, ненаоѓајќи крај на проблемите и прекинувањето на овој канцер со несогледливи последици за здравството на населението во блиска иднина. „Почнувајќи […]

Алијанса: Не сте способни да го решите ни загадувањето во болницата во Чаир


Алијансата на Албанците реагира до раководството на болницата во Чаир, како и до министерот за здравство, Венко Филипче поради неуспешниот обид да го решат проблемот со загадувањето што го продуцира оваа здравствена установа. „Изминатите денови голем број загрижени граѓани реагираа за црниот чад испуштен од оџаците на болницата за гинекологија и акушперство ‘Мајка Тереза’, ширејќи […]

Алијансата и Беса ќе одат заедно со Илјаз Кадриу?


Одлуката на Демократската унија за Албанците да не коалицира со СДСМ туку да настапи со самостоен кандидат на претседателските избори, беше дочекан со аплауз во другите политички партии со албански предзнак. Од Алијансата за Албанците иронично апелираат кандидатот на ДУИ да биде Албанец алудирајќи на долгото консензуално договарање со социјалдемократите. „Не би сакале да веруваме […]

Касами до Заев: Барај си други за гласање


Билал Касами се закани дека неговата Беса нема да гласа за уставните измени во Собранието доколку не бидат прифатени нивните барања (заедно со Алијансата на Албанците) во амандманите од Договорот за Преспа да се избрише зборот „македонски“ во графата за државјанство и да пишува само граѓани на Северна Македонија. „Заев ако нема слух за нашите барања, […]