Американците му се закануваат на Алжир со санкции поради купувањето на руски ловци Су-57


САД размислуваат за воведување санкции врз Алжир поради купувањето на руски борбени авиони Су-57, а Вашингтон размислува за спроведување на законот CAATSA за да ги блокира овие воени договори и да изрази загриженост поради зајакнувањето на алжирско-руските воени врски. Соединетите Американски Држави би можеле да воведат санкции врз Алжир поради купувањето на руски борбени авиони […]

Алжир донесе закон со кој француската колонизација се прогласува за кривично дело


 Алжирскиот парламент денеска едногласно донесе закон со кој француската колонизација на земјата се прогласува за кривично дело, барајќи извинување и репарации. Пратениците, стоејќи во салата со шалови во боите на националното знаме, извикуваа „Да живее Алжир“, аплаудирајќи го донесувањето на законот, во кој се наведува дека Франција сноси „правна одговорност за колонијалното минато во Алжир […]

Се урна ограда на трибина на стадион во Алжир, тројца навивачи загинаа, над 70 повредени


Тројца гледачи загинаа, а повеќе од 70 се повредени откако паднаа од горните трибини на стадион во главниот град Алжир за време на натпревар на локалниот клуб МЦ Алжир, соопштија денеска здравствените власти во земјата. „Универзитетската болница Бени Месус прими 38 повредени лица, а регистрирани се три смртни случаи. Болницата Бен Акноун, исто така, прими […]

Новинар ги спореди француските злосторства во Алжир со нацистичките злосторства, поднесе оставка


Францускиот новинар Жан-Мишел Афатие изјави дека целосно останува на неговите коментари дадени на една радио станица кон крајот на февруари, во која тој ги поистоветува злосторствата извршени од Франција во Алжир со злосторствата на нацистичка Германија во окупирана Франција. Тој најави и дека нема да се врати во РТЛ. „Нема да се вратам во РТЛ. […]

Алжир: Претседателските избори со над 48 отсто излезност


 Излезноста на предвремените претседателски избори во Алжир изнесува 48,03 отсто. Оваа бројка ја соопшти претседателот на Независната национална изборна комисија, Мохамед Шарфи, пренесува Алжирското радио. За највисоката државна функција се натпреваруваат тројца кандидати, меѓу кои и досегашниот претседател Абделмаџид Тебун, кој се кандидираше како независен кандидат. Набљудувачите го оценуваат Тебун како очигледен фаворит во трката. […]

Неочекуваните победници во глобалната енергетска војна


  Некогаш затскриените агли на светот на енергијата – од бреговите на Конго до Азербејџан – сега цветаат бидејќи Европа бара нови извори на природен гас за да ги замени руските енергенси што му помогнаа на континентот во минатото. Ваквите промени со брзо темпо ја преобликуваат енергетската карта на светот. Во нафтените и гасните полиња […]

Во пожарите во Алжир досега 34 мртви, северот на Африка на удар на топлотен бран


 Бројот на жртви од шумските пожари во Алжир се зголеми на 34, додека северноафриканските земји се погодени од топлотен бран, јавува Хина, повикувајќи се на ДПА. Министерството за внатрешни работи на Алжир соопшти дека во пожарите загинале 24 цивили и 10 војници. Околу 8.000 припадници на цивилната заштита се излезени на терен да им помогнат […]

Алжир: За групно убиство 49 лица осудени на смрт


  Алжирски суд осуди 49 лица на смрт за бруталното групно убиство на сликар кој беше осомничен за подметнување разорни шумски пожари – но всушност дојде да помогне во борбата со нив, според адвокатите на одбраната и државната новинска агенција. Убиството во 2021 година во регионот Кабиле во североисточен Алжир ја шокираше земјата откако графички […]

Словенија ќе добива гас од Алжир, потпишан е тригодишен договор


  Трговецот на големо со гас Геоплин денеска во Алжир потпиша договор за снабдување со природен гас со локалната државна енергетска компанија Сонатрах. Договорот е потпишан на три години и предвидува испорака на 300 милиони кубни метри гас или околу една третина од годишните потреби на Словенија. Испораката ќе започне на 1 јануари 2023 година. […]

Италија од Алжир ќе увезува дополнителен природен гас


  Премиерот на Италија Марио Драги во понеделник ќе го посети Алжир во рамки на напорите Италија да ја намали зависноста од руски гас. Според извори блиски до премиерот, Алжир ќе се сложи извозот во Италија да го зглоеми за 50 отсто. Алжир ќе се обиде да го зголеми извозот на гас во Италија за […]

Тридневни антивладини протести во Алжир


Трет ден по ред протестираат граѓаните на Алжир поради намерата на претседателот Абделазиз Бутефлика да добие петти мандат. Полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите. Демонстрантите од петокот бараат власта да се откаже од намерата 81-годишниот Бутефлика, кој ретко се појавува во јавност, да учествува на претседателски избори, што се закажани на 18 април. […]

Ниту еден преживеан на кобниот лет во Алжир


Најмалку 257 лица загинаа при уривањето на алжирски воен авион во главниот град на Алжир во средата изутрина, соопшти Министерството за одбрана во земјата. Ова е најфаталната авионска катастрофа во светот во последниве четири години и најлошата несреќа досега во оваа земја. Авионот се урна во поле непосредно по напуштањето на воената воздухопловна база Буфарик […]

(ВИДЕО) Најмалку 200 загинати војници при пад на воен авион во Алжир


Најмалку 200 војници загинаа во Алжир при уривање на воен транспортен авион од типот Ил-76, јави локалната телевизија „Хадас“. Авионот се урнал набрзо по полетувањето од аеродромот на воената база во Буфарик, на 50 километри јужно од главниот град Алжир. Со него се пренесуваа војници и опрема. Инцидентот се случил утрово околу осум часот. Локалните […]