Сведочење за 27 април: Запалете ги домовите на Шилегов и на Шеќеринска


Во Кривичниот суд на денешното рочиште за настаните од 27 април во Собранието, обвинетиот Захарие Симовски ја изнесуваше неговата одбрана. Според неговите искази, тој учествувал во настаните од 27 април, како и претходно во протестите со иницијативата „За заедничка Македонија“, по наредба на обвинетиот Александар Василевски-Нинџа на кого му бил личен телохранител од 2015 година. […]

Александар Василевски – Нинџа сам се пријавил во Кривичниот суд


Кривичниот суд денеска потврди дека Александар Василевски – Нинџа, еден од осомничените за насилствата  во Собраниетона 27 април 2017 година, сам се пријавил во судот и оти откако го примил решението за притвор е упатен во истражниот затвор. – Тој сам се јавил во судот, кај судија на претходна постапка. Го примил решението за притвор одреден во […]