На стопанството му се потребни субвениции за да ги задржи вработените, велат стопанственици


  На работните средби со претседателот на Комората Бранко Азески, менаџментот на компаниите „Кожувчанка“ ДОО Кавадарци и Металопромет – Струмица ја споделиле загриженоста за високите трошоци за електрична енергија кои се неколку кратно повисоки и најавиле дека без поддршка од државата прашање е на време кога ќе затворат, соопшти Стопанската комора на Македонија. И двете […]

„Еуроникел“ ќе ја вклучи електропечката ако државата помогне да најде струја за 150-180 евра за мвч.


„Еуроникел“ (поранешен Фени) веќе трет месец е без производство, а на 30 септември електропечката во целост беше изгасната. Компанијата која вработува околу 1.000 луѓе, што ја прави еден од најголемите работодавачи во државата, од 15 септември ги испрати своите вработени на принуден одмор, при што 25 отсто се на работа, по принципот на ротација. Генералниот […]

Азески со тим од Комората во посета на „Еуроникел“, „Кожувчанка“ и „Маталопромет-Струмица“


  Делегација на Стопанската комора на Северна Македонија, предводена од претседателот Бранко Азески денеска ќе ги посети компаниите „Еуроникел“ (поранешен ФЕНИ), „Кожувчанка“ и „Металопромет-Струмица“. Целта на посетата, како што се наведува во најавата, е Комората да даде поддршка на компаниите кои се наоѓаат во исклучително тешка состојба предизвикана од енергетската криза. Стопанската комора информира дека […]

„Злетово“ и „Тораница“ работат непречено, преземаат мерки да ги намалат последиците од енергетската криза


  „Булмак 2016“, како носител на концесии за експлоатација на металични руди од „Злетово“ – Пробиштип и „Тораница“ – Крива Паланка до овој момент работи непречено, но под вонредни мерки кои се преземени за да се ублажат секојдневните удари од кризата со енергенси и војната во Украина, информира управителот на компанијата Гоце Мојсоски при денешната […]

Рудниците ќе се вратат со производството ако цената на струјата е под 250 евра за мегават час


Доколку цената на електричната енергија биде под 250 евра за мегават час, во тој случај тие се подготвени за десетина дена повторно да го рестартираат производството и да ги вратат на работа сите работници. Во спротивно рудниците нема да почнат со производство до октомври следната година. Ова беше посочено денеска на средбата на делегација на […]

Негативни ефекти кај секоја петта компанија доколку ескалира енергетската криза


  Да се изнесе реалната ситуација и да се промени методологијата на поддршка, побара првиот човек на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, кој денеска беше еден од учесниците на состанокот на владиниот Економски совет во проширен состав, на која околу три часа се разговараше за енергетската криза и мерките, кои Владата би требало […]

Утре во Софија ќе се договара цената на струјата за македонските компании


  Македонска делегација утре заминува во Софија за да ги заокружи преговорите со Бугарија околу обезбедувањето на потребните количини електрична енергија, а тимови од Србија денеска престојуваат во земјава и се прават последните договори за продлабочување на соработката, соопшти министерот за економија Крешник Бектеши. По средбата со претседателот на Стопанската комора Бранко Азески и претставниците […]

Нов пакет мерки за бизнисот ќе се објават на 28 септември


  Нов пакет мерки за бизнисот ќе бидат објавени на 28 септември, соопшти денеска претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, по средбата со министерот за економија Крешник Бектеши, на која присуствуваа и претставници на 10 – те најголеми компании потрошувачи на електрична енергија во земјава. Мерките веќе се финализираат, а нивна цел е задржување на […]

Делегацијата на германското стопанство се приклучи кон Декларацијата на Стопанската комора за економски реформи и мерки


  Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија, како застапништво на Унијата на германските комори за индустрија и трговија (ДИХК) во Берлин, ја потпиша Декларацијата за општествен консензус за економски реформи, политики и мерки, што ја усвои Собранието на Стопанската комора на 14 јули по повод 100-годишнината. Како што соопштуваат од […]

Азески – Мицкоски: Време е за нов економски договор за иднината на државата


На работниот состанок што денеска се одржа во Стопанската комора меѓу претседателот Бранко Азески и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски бил изнесен заеднички став дека е време за обединување и голем договор значаен за иднината на државата. Претседателот на Стопанската комора Азески по средбата изјави дека ги третираат сите прашања кои се од значење за […]

(Видео) Работна средба на Азески и Мицкоски за енергетската криза


Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска ќе имаат работна средба на која ќе разговараат за енергетската криза. На средбата во просториите на Комората ќе присуствуваат и претставници од нејзиното раководство, бизнисмени и градоначалници на неколку општини. Стопанската комора информира дека тема на состанокот е енергетската криза […]

Маричиќ-Азески: Преговорите со ЕУ ќе овозможат сериозни промени во економијата


  Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и главен преговарач на тимот што ќе преговара со Европската Унија оствари работна средба со претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, на која разговараа за соработката и учеството на Стопанската комора во процесот на преговори. – Колку подобро се адаптира македонското стопанство, толку ќе […]

Азески: Четири прашања пред почетокот на расправата за нацрт-концептот за даночни реформи


Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, денеска јавно реагираше на најавените даночните реформи, барајќи надлежните институции да се позанимаваат и со ургентните проблеми со кои што се соочуваат фирмите, пред се високата цена на енергенсите, но и за обезбедувањето ликвидни средства за компаниите. Реакцијата ја пренесуваме во целост:  Деновиве во Комората пристигна […]

Азески – Чадеж: Отстранување на бариерите за водење бизнис до поголема конкурентност на регионот


Отстранување на сите бариери за водење бизнис во регионот, како и меѓусебно признавање на дипломите, звањата и сертификатите, подобра инфраструктура и брзо преминување на границите ќе обезбедат поголема конкурентност на регионот, е заклучокот по денешната средба во компанијата „Костал“ во Охрид на претседателите на стопанските комори на Северна Македонија и на Србија Бранко Азески и […]

Азески: Вечерва средба со премиерот за цената на струјата, ако Владата не помогне ќе има затворања на компании и отпуштања


Ако Владата не му помогне на бизнисот кој е соочен со енормни сметки за струја, ќе има намалување на производството, затворања на капацитетите и отпуштања на вработени, предупреди денеска претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески. Азески соопшти дека вечерва претставници од Комората ќе имаат средба со премиерот Димитар Ковачевски. -Во Комората во овој момент 1 […]

Седница на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум во Охрид


Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески во својство на копретседавач на Коморскиот инвестициски форум (КИФ), утре и задутре во Охрид ќе биде домаќин на членовите на Управниот одбор на КИФ, асоцијација на шесте стопански комори од регионот на Западен Балкан. Во рамки на дводневната посета, како што најавуваат од Стопанската комора, Управниот одбор на КИФ […]

Чадеж и Азески реизбрани на чело на Коморскиот инвестициски форум и во наредниот мандат


Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески и претседателот на Стопанската комора на Србија Марко Чадеж, беа реизбрани да го раководат Коморскиот инвестициски форум (КИФ) за нов мандат од четири години, на денешната седница на Управниот одбор на КИФ, која беше одржана во онлајн формат. На 21 и 22 јули во Охрид ќе […]

Азески: За приоритетите од Комората има дискусии и владина согласност, но затајува имплементацијата


Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, клучните прашања за подобрување на бизнис-климата ги гледа во осум точки и вели дека комората има подготвени приоритети, за нив има дискусии и владина согласност, но затајува имплементацијата. Тој во интервју за Пословсни дневник зборува и за економските последици од војната во Украина, за бизнис климата во […]

Азески: Чичко ништо од бизнисот!


Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, во најновата писмена порака се осврнува на пазарот на електрична енергија и како и на проблемите со кои се соочуваат компаниите кои се обременети со високите цени на струјата. Неговата пораак ја пренесеуваме во целост:  Струјата константно нè дрма вече девет месеци, а ќе нè дрм […]

Азески им додели награда – голема плакета на Вучиќ, Рама, Заев и Ковачевски


  Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, им додели големи плакети на премиерите на Македонија и на Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама, претседателот на Србија, Александар Вуќиќ и на поранешниот македонски премиер Зоран Заев за придонесот на регионалната интеграција.  Како што соопштија од комората, станува збор за признание – награда што […]