Општина Аеродром во контрола на 100 угостителски објекти, ќе се проверуваат и хидрантите во зградите


Инспекциските служби на Општина Аеродром во текот минатата недела извршија контроли на околу 100 угостителски објекти кои работат на територијата на општината. Во тек е обработка на податоците што се собрани од терен и се изготвува анализа за состојбата со исполнувањето на законските одредби и подготвеноста на објектите за вршење на угостителска дејност. Исто така, […]

Меѓународниот аеродром Скопје добитник на награда за најпријатно аеродромско искуство


 Меѓународниот аеродром Скопје повторно се стекна со признание и награда за квалитетот на аеродромските услуги за 2024 година за Најпријатно аеродромско искуство во Европа, зацврстувајќи ја својата репутација како лидер во патничкото искуство при патување преку аеродромот. Како што информираат ТАВ Аеродроми, аеродромите добитници на наградата беа откриени вчера од страна на Меѓународниот совет на […]

Општина Аеродром казни угостителски објект со 6.000 евра за бучава


Општина Аеродром изрече и наплати парична казна во висина од 6 илјади евра на правно лице за надминување на максимално дозволеното ниво на бучава, информираат од Општината. При мерење на бучава од страна на инспекторите за еден од угостителските објекти на териоторијата на Општина Аеродром е констатирано дека правното лице го нарушило мирот на граѓаните […]

Штрајкот на Минхенскиот аеродром приземји 80 отсто од aвионите


 На аеродромот во Минхен почна дводневен штрајк на аеродромските работници, организиран од синдикатот „Верди“ поради спорот за платите во јавниот сектор. Авиокомпаниите откажаа 80 отсто од планираните летови за денеска и утре, објави аеродромскиот оператор FMG на својата веб-страница. Не е исклучено натамошно откажување на летовите, се вели во соопштението на аеродромот. На аеродромот во […]

Почнуваат штрајкови во најголемите германски аеродроми, кулминацијата ќе биде во Минхен


 Вработените во јавните служби на германските аеродроми започнаа штрајкови кои ќе кулминираат со дводневен прекин на работата во Минхен во четврток и петок, соопшти синдикатот Верди. Денеска работата ја прекинаа вработените на аеродромите Келн/Бон и Диселдорф, а според податоците на здружението на германските аеродроми (АДВ), откажани се околу 400 летови, што погоди 48.000 патници. Се […]

Поради снежна бура, откажани повеќе летови од Истанбул


Поради неповолните временски услови, неколку летови ќе бидат откажани во среда на аеродромот во Истанбул (IST), соопшти Туркиш ерлајнс. Компанијата ги информираше патниците дека летовите кои полетуваат и пристигнуваат на овој аеродром се погодени од лошо време. Аеродромот Сабиха Ѓокчен, кој се наоѓа во источниот дел на Истанбул, најави и откажување до 15 отсто од […]

Дел од Општина Аеродром без струја


Без електрична енергија денеска од 8:30 до 12:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Мите Богоевски“ – подулици број 3, 4, 5 и 7 во Општина Аеродром. Прекинот, како што соопшти РЦУК – Скопје, е поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа. 

Данилоски: Општина Аеродром го скрати спонзорството за МЗТ од 24 на 12 милиони денари


Општина Аеродром е во толку лоша финансиска кондиција што почна да штеди дури и на спонзорството за кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје, тврди вели Марко Данилоски, секретар на ОО СДСМ Аеродром. Дејан Митески и ВМРО-ДПМНЕ преку Советот на Општина Аеродром ја преполовија сумата која се доделуваше како спонзорство на најголемата аеродромска гордост МЗТ. Само 12 милиони […]

Општина Аеродром започна да спроведува бесплатен скрининг на тироидна жлезда кај деветтоодделенците


Учениците од деветто одделение од сите основни училишта во Општина Аеродром имаат можност да извршат бесплатен скрининг на тироидната жлезда. Скринингот стартуваше вчера во ООУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче и ќе бидат прегледани сите деветтоодделенци по претходно добиена писмена согласност од родителите или старателите. В.д. градоначалникот, Дејан Митески, посочи дека Аеродром е прва општина […]

„Каде што срцето е дома“: Аеродром прв домаќин на серијата теренски посети на Министерството за локална самоуправа


Општина Аеродром денеска беше домаќин на првата од серијата посети на Министерството за локална самоуправа „Каде што срцето е дома“. Оваа иницијатива има за цел изворно запознавање со предизвиците и реалните потреби на локалните самоуправи и граѓаните, со фокус на изнаоѓање соодветни решенија за нивно надминување и поголем напредок. На посетата присуствуваа министерот Златко Перински, […]

Маж стигнал до контролната кула на аеродром во Рим и подметнал пожар – сите евакуирани


Авиосообраќајот на аеродромот „Чампино“ во Рим беше привремено прекинат поради подметнување пожар во техничката просторија во подножјето на контролната кула. Вработените во оперативната сала биле принудени да ја напуштат просторијата поради чад, пренесуваат италијанските медиуми. Поради оваа причина, појдовните и дојдовните летови се суспендирани. Според информациите, грузиски државјанин бил уапсен поради подметнување пожар. Тој пред […]

Малолетнички се степале во кафуле во Аеродром


Во понеделникот, во 18.20 часот во СВР Скопје, И.К.(40) од Скопје пријавила дека на 19.01.2025 во 20 часот во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од друга малолетничка.  По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 20.01.2025 во 14.10 часот во СВР Скопје, А.Б.(49) од Скопје […]

Сите четири аеродроми во Москва привремено затворени


 Руската служба за управување со аеродромите соопшти дека сите четири аеродроми во Москва, како и оној во градот Калуга, на 160 километри од главниот град, се привремено затворени. Причините за затворањето не се објавени. „Кабинските екипи, операторите на летање и аеродромските служби ги преземаат сите неопходни мерки за да се осигура безбедноста на летовите“, се […]

Мултимедијален инклузивен новогодишен настан „Види ме“ во Аеродром


Мултимедијален инклузивен новогодишен  настан насловен „Види ме“ ќе се одржи вечер во 19:30 часот во „Киндер Кафе“ во скопската населба Аеродром. Организатор на настанот е Коалицијата Менуваме и Пријателите „За насмевка на секој детски образ“. -На настанот, како поддршка и пример за инклузивност, заедно ќе настапат веселиот Дедо Мраз, веселите магионичари, а ќе има и […]

Предновогодишна музичка програма „Аеродром пулсира vol.3”


Четиричасовна музичка предновогодишна програма со настап на домашни музички ѕвезди организира вечерва Општина Аеродром и Џевахир Мол Скопје. Настанот ќе почне од 18:30 часот пред платото на трговскиот центар, а како што најавуваат организаторите, ќе настапат Игор Џамбазов и Гуру Харе, Тони Зен, Пајак и Лара и Каролина Гочева. Покрај музичките настапи, организаторите најавуваат и […]

Кина го гради најголемиот аеродром во светот


Кина го гради најголемиот аеродром во светот сместен на вештачки остров. Dalian Jinzhou Bay International моментално се гради долж североисточниот брег на земјата, јавува CNN. Според соопштението на аеродромот, проектот ќе опфати остров со површина од 20 квадратни километри, со четири писти и патнички терминал со површина од 900.000 квадратни метри. Аеродромските оператори планираат да […]

Протест на родители пред ООУ „Љубен Лапе“ во Аеродром, бараат да се реши проблемот со небезбедната крстосница


 Родители на ученици од ООУ „Љубен Лапе“ и жители на Аеродром утрово одржаа мирен протест пред училиштето со барање да се реши проблемот со небезбедната крстосница на улиците „Васко Карангелески“ и „Коста Новаковиќ“. Тие велат дека е сериозно загрозена безбедноста на учениците, родителите, жителите во оваа област, но и на останатите учесници во сообраќајот.  Поради […]

Аеродромот во Тирана годинава превезе 10 милиони патници, скопскиот три


  Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, во вчерашниот разговор за емисијата „Само вистина“ на Канал 5 најави дека до крајот на годината ќе имало уште шест нови линии од скопскиот и охридскиот аеродром. Тоа ќе значи зголемување на поврзаноста на Македонија со светот. Бидејќи, како што самиот изјави, имал „натпреварувачки дух“, Николоски ги […]

Поради магла и загаден воздух откажани летовите на аеродромот во Сараево


Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево. Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево. „Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските […]

Среде ноќ запалена канцеларија на Адвокатската комора во Аеродром


Среде ноќ запалена канцеларија на Адвокатската комора на РСМ. Информацијата ја потврдија и од МВР. – Денеска (25.11.2024) во 03.16 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Методија Шаторов Шарло“ на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил опожарен стан – деловен простор на Адвокатската комора на РСМ. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита […]