(ФОТО) Нова несреќа во Аеродром: Излета моторциклист


Нова сообраќајна несреќа во скопската населба Аеродром. Моторциклист излета од коловозот на булеварот „Кузман Јосифовски – Питу“ кај Железничката станица, но, за среќа, барем според првичните информации, е  надвор од животна опасност. Брзата помош му укажа помош, а од голема помош е и тоа што носел шлем. И пред неколку дена имаше тешка несреќа речиси […]

Во август нов договор за субвенционирани летови од македонските аеродроми


Нов договор за доделување финансиска поддршка од државата за воведување нови дестинации од македонските аеродроми треба да биде потпишан во август годинава со авиокомпанија што ќе биде избрана на повикот што за таа намена го објави денеска Министерството за транспорт и врски. Со тендерот на кој понуди ќе може да се доставуваат до 27 следниот […]

Првиот авион во скопска Јурија слетал на 28 мај 1928


На 28 мај 1928 година на Скопскиот аеродром, на просторот на некогашна Јурија, сегашна населба Аеродром, слетал првиот авион на Друштвото за воздушен превоз „Аеропут“, вели Ѓорѓи Чачкиров, кој работи на македонската воздухопловна историја. – Авион од типот „потез 29“ , носел 5 патници и 250 кг. товар. Инаку, идејата за формирање на Друштвото потекнува […]

Лисиче, Ново Лисиче и Аеродром вечерва останаа без струја од невремето, дефектот отстранет


Снабдувањето со електрична енергија во општина Аеродром вечерва е нормализирано откако екипи на ЕВН го санираа  дефектот на електричната мрежа што настана како последица на невремето што во текот на денот и повторно вечерва го зафати Скопје.   Дефектот на трафостаницата настана од силните атмосферски празнења во тек на вториот бран од невремето што го зафати […]

Тројца повредени во сообраќајка во Аеродром


Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 13.45 часот нa крстосницата од булевар „Јане Сандански“ и улица „Васко Карангелевски“ во населбата Аеродром. Несреќата се случила кога патничко возило „Пежо 106“ со скопски регистрски ознаки управувано од М.С (30) од Скопје се судрило со возило „Цитроен Ц3“ со кумановски регистарски ознаки, управувано […]

Зеленилото во Ново Лисиче се поднови со јапонски цреши и украсно јаболко


Реонски центар Аеродром, поточно зеленилото долж булеварот „Видое Смилевски Бато“ во Ново Лисиче од денеска е разубавено со 45 листопадни дрвја, како дел од пролетната акција на Град Скопје за зазеленување на градот. Претходно посочениот реон од 2.410 квадрати беше комплетно реконструиран. Поставена е нова хидрантска мрежа во должина од 230 метри и нов систем […]

(ФОТОВЕСТ) Променет натписот на аеродромот во Скопје


Натписот на скопскиот аеродром е променет во „Меѓународен Аеродром Скопје“. Одлуката за промена на името на скопскиот аеродром од „Александар Велики“ беше донесена заедно со одлуката за промена на името на автопатот од „Александар Македонски“ во „Пријателство“.  

Украдени 2,4 милиони денари веднаш по подигање од банка во Аеродром


Украдени се 2,4 милиони денари од Д.К. (38) додека бил паркинг на булеварот „Јане Сандански“ зад експозитура на банка, од каде претходно ги подигнал парите. Оштетениот во полицијата денеска околу 11:15 часот пријавил дека разбојништвото го извршиле две непознати лица кои дошле со моторцикл. Рекол дека му се одземени околу 2.400.000 денари кои претходно ги […]

(Видео) Нов мост преку Вардар за директна врска помеѓу Аеродром и Гази Баба


Градоначалникот Петре Шилегов денеска најави дека најдоцна до септември ќе почне да се гради нов мост преку Вардар кој ќе ги поврзува Аеродром и Гази Баба, поточно тој ќе биде директна врска помеѓу булевар „АСНОМ“ кај хотелот Русија, преку Вардар, низ населбата Ќерамидница, се до раскрсницата кај скопското сајмиште. Проценето е дека од Ново Лисиче […]

Дете повредено во сообраќајка кај Мајчин дом


Дванаесетгодишно дете – велосипедист е повредено во сообраќајната несреќа што се случила вчера во близина на „Мајчин дом“ во скопски Аеродром. Како што е наведено во полицискиот билтен , вчера околу 11:20 часот на ул. „Васко Карангелевски“ во Скопје, во близина на „Мајчин дом“, патничко возило „Нисан Микра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од скопјанецот […]

Владата нема план за Александар Македонски


Владата се уште не си го зела споменикот на Александар Македонски кој неодамна го отстрани од скопскиот аеродром. Бронзената статуа веќе неколку дена е во еден од магацините на „Металски завод“ заедно со неодамна отстранетиот споменик на Ќосето, што се гледа и од фотографиите до кои дојде „Независен весник“. Каде и кога македонскиот војсководец ќе […]

Студеното време го затвори аеродромот во Женева


Аеродромот во Женева денеска е затворен поради многу студеното време, што неделава погоди голем број делови од Европа. – Поради многу лошите временски услови аеродромот во Женева во моментот е затворен за сообраќај. Поради тоа им, советуваме на патниците да не доаѓаат на аеродром, соопшти аеродромската управа. Студениот бран во Европа е причина за смртта […]

Александар заминува од аеродромот „Скопје“


Споменикот на Александар Македонски се дислоцира моментно од меѓународниот аеродром „Скопје“. Според веста и фотографијата што ја објави „Слободен печат“, откако и официјално е преименуван скопскиот аеродром, следен чекор е и отстранување на споменикот според кој беше претходно именуван објектот. Пред неколку седмици, Владата донесе одлука за преименување на аеродромот кај Петровец, враќајќи му го […]

„Александар Велики“ си заминува од аеродромот


Почна отстранувањето на буквите на зградата на терминалот на доскорешниот аередром „Александар Велики“. Од операторот на аеродромот турскиот конзорциум ТАВ нема информации што ќе стои на местото на досегашните букви, ниту пак дали ќе се отстранува и споменикот на Александар што  стои во одделот за пристигнување на патници. Владата на 4 февруари донесе одлука да […]

Стапи во сила Одлуката за преименување на аеродромот и автопатот


Деветнаесет сообраќајни табли со сегашното име на автопатот „Александар Македонски“ ќе бидат заменети со табли со новото име „Пријателство“, откако со објавувањето во ЈП „Службен весник“ стапи во сила владината одлука за преименување на автопатот на Коридорот 10 и на аеродормот во Скопје. – Јавното претпријатие за државни патишта ја доби одлука за преименување на […]

Бутарис: Не предложив да се смени името на аеродромот, спиев и ме збунија


Погрешно беа протолкувани моите изјави, никогаш не предложив, ниту предлагам промена на името на аеродромот, вели солунскиот градоначалник Јанис Бутарис, во изјава за медиумите, по реакциите што ги предизвика, говорејќи синоќа на состанокот на општинскиот совет и утрово за грчката телевизија Скај. Бутарис, изрази жалење што, како што рече бил изваден и објавен само еден […]

Родители во одбрана на воспитувачката која наводно тепала дете


Вкупно 42 родители на деца од градинката „Срничка“ во Аеродром се јавија во одбрана на воспитувачката за која пред извесно време беше пласирана информација дека истепала дете. Родителите кои имаат деца во групата што ја води воспитувачката, како и на деца од претходната група на истата воспитувачка, потпишале изјава што ја доставиле до Државниот инспекторат […]

Воспитувачката од Аеродром уште оди на работа (Видео)


Воспитувачката од градинка во скопски Аеродром, која беше обвинета од страна на родителите дека го истепала нивниот син и понатаму оди на работа, потврди градоначалникот на Аеродром, Златко Марин. Инспекциските служби и Министерството за труд и социјала немаат докази за утврдување на вината на воспитуваачката и поради тоа не може да биде прекинат нејзиниот работен […]

Ќе куртулак 56 дрвја на „Коста Новаковиќ“


Оптшина Аеродром одлучи да не ги исече децениските дрвја долж улицата „Коста Новаковиќ“ во стар Аеродром, иако така планирал претходниот градоначалник. „Според проектната документација за проширување на улицата ‘Коста Новаковиќ’ одобрена од претходниот градоначалник Ивица Коневски, 56 дрвја од двете страни на коловозот се мапирани за сечење. Тендерската постапка за овој проект е спроведена и […]

Британец пронајден мртов во тоалетот на скопскиот аеродром


Педесет и две годишниот британски државјанин со иницијали В.М., утринава околу 4 часот утринава бил пронајден мртов на скопскиот аеродром „Александар Велики“. Како што информираше полицијата, тој бил пронајден во тоалет од страна на обезбедувањето на аеродромот. Итната медицинска помош констатирала смрт, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција.