„ТАВ Македонија“ го одбележа додавањето на седмиот авион на „Визер“ на Меѓународниот Аеродром Скопје


ТАВ Македонија, дел од ТАВ Аеродроми и Групацијата АДП, ја поздравува одлуката на Визер да постави седми авион на Меѓународниот Аеродром Скопје, што означува уште една важна пресвртница во долгогодишното партнерство меѓу аеродромскиот оператор и авиокомпанијата, а воедно дополнително ја зајакнува поврзаноста на Македонија со Европа. Додавањето на седмиот авион претставува значаен чекор во континуираниот […]

ТАВ Аеродроми: Над 1,2 милиони патници на Скопскиот и на Охридскиот аеродром во првите четири месеци, рекорден раст од 32,4%


Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, управувани од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата ADP, ги завршија првите 4 месеци од 2026 година, со силен, рекорден пораст на бројот на патници од 32,4%, опслужувајќи вкупно 1,2 милиони патници (1.202.828). Во истиот период, јануари-април, двата македонски аеродрома опслужија вкупно 8.123 […]

Летниот распоред почнува со 10 нови дестинации од аеродромите во Скопје и во Охрид


Од 29 и 30-ти март, Виз ер воведува три нови авиолинии до Милано, Неапол и Будимпешта. Мрежата на авиолинии на скопскиот аеродром се проширува со вкупно шест нови дестинации, додека на охридскиот аеродром – со четири нови дестинации. Летниот распоред на летови од двата македонски аеродроми управувани од ТАВ Македонија, почнува престојниов викенд – во […]

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови


 Поради густата магла која ја зафати скопската котлина, а која предизвика намалена видливост, на Меѓународниот Аеродром Скопје, денеска од 00:00 часот до 18 часот, има 16 откажани и 11 пренасочени летови. Три авиони слетаа и три авиони полетаа после пладне, кога се подобрија временските услови. Слетаа авионите од Дортмунд, Истанбул и Париз, а полетаа за […]

ТАВ Аеродроми: Инвестиравме 3,8 милиони евра во модернизација на патничките услуги на Меѓународниот Аеродром Скопјe во 2025 година (фото)


ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на АДП групацијата, континуирано инвестира во унапредување на инфраструктурата, услугите и современо патничко искуство на двата аеродроми во земјава. Во 2025 година на Меѓународниот Аеродром Скопје реализирани се значајни проекти со инвестиции во вкупен износ од 3,8 милиони евра со една цел – подобрување на ефикасноста и квалитетот […]

На скопскиот и охридскиот аеродром за 6 отсто зголемен бројот на патници и за 3 отсто бројот на летови во првите девет месеци


Од јануари до септември, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид опслужиле 2,6 милиони патници и 20.141 летови, соопшти „ТАВ аеродроми“. Двата македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид во првите девет месеци опслужиле вкупно 2.585.096 патници што е зголемување од 6% во однос на истиот период, минатата година. […]

На гала настан на ACI во Гуангжу, Кина: Меѓународниот Аеродром Скопје ја доби престижната награда за „Најпријатно аеродромско искуство во Европа“


На свечена церемонија, која е дел од годишниот Самит за аеродромско искуство на ACI World, а која се одржа на 10-ти септември во Гуангжу, Кина – Меѓународниот Аеродром Скопје ја доби статуетката која ја претставува престижната награда за квалитет на аеродромските услуги (ASQ) за 2024-та година, овој пат за „Најпријатно аеродромско искуство во Европа“. Оваа […]

Од ноември од Скопје ќе се лета до Мадрид и Стокхолм, а од декември до Прага, Бари и Келн


Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска објави дека ќе бидат воведени пет нови авиолинии од Меѓународниот аеродром Скопје. Од ноември од Скопје ќе се лета до Мадрид и Стокхолм, а од декември до Прага, Бари и Келн. – Утрово потпишавме Договор за пет нови дестинации кои што ќе се оперираат од скопскиот аеродром. […]

Од први јуни до септември авиолинии до уште три градови во Турција, од Скопје до Анкара, Чукурова и Дијарбакир


Меѓународниот Аеродром Скопје од први јуни се поврза со уште три градови во Турција. Авиокомпанијата АJet изминатиов викенд почна да лета до Анкара, Чукурова, Дијарбакир, три нови дестинации за одмор, соопшти аеродромскиот оператор ТАВ Македонија. Сезонските летови од Скопје до Анкара и до Дијарбакир ќе се одвиваат еднаш неделно, летовите на Ajet до аеродромот Чукурова […]

Симулациска вежба за вонредни состојби на скопскиот аеродром


Во организација на Министерството за внатрешни работи и ТАВ Македонија денеска и утре на Меѓународниот Аеродром Скопје се одржува симулациска вежба за вонредни состојби. -Апелираме до граѓаните кои ќе се најдат во близина на одвивањето на вежбата да ги почитуваат наредбите од полициските службеници со цел безбедно одвивање на сообраќајот или јавниот ред и мир, […]

Над 603.000 патници на Меѓународниот аеродром Скопје, во првото тримесечје од 2024


Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со директорот на БЈБ Сашо Тасевски, и помошник директорот на Одделот за граничи работи и миграции, Сашо Смилески, денеска оствариле работна средба со раководството на полициска станица за граничен проверки „Меѓународен аеродром” Скопје. Како што соопштија од МВР, делегацијата го посетила терминалот на аеродромот, како и […]

Интерпол барал двајца криминалци – фатени се на аеродромот во Скопје


Двајца криминалци од Турција и од Латвија, по кои трагал Интерпол, фатени се вчера на гранична контрола на аеродромот во Скопје, соопшти МВР. Во четвортокот, во 07.50 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода А.М.(48) од Република Турција затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција […]

Богоев: Највисоки заслуги во сузбивање на криминалот за Граничната меѓуагенциска единица


Највисоки заслуги во делот на сузбивање на шверцот на дрога, тероризам, нелегална миграција, како и останатите облици на организиран криминал за Граничната меѓуагенциска единица на Меѓународниот Аеродром Скопје која беше воспоставена во соработка со Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал. Директорот на Царинска управа Стефан Богоев заедно со заменик директорот Муарем Асани оствари […]

Авиосообраќајот за време на состанокот на ОБСЕ ќе се одвива вообичаено, не се очекуваат доцнења


Авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје на 29-ти ноември, 30-ти ноември и 1-ви декември, за време на одржувањето на 30. Министерски Совет на ОБСЕ во Скопје, ќе се одвива регуларно, информираат за МИА од ТАВ Македонија. И од Македонска навигација М-НАВ, националниот давател на услуги за воздухопловна навигација не очекуваат никакви доцнења на редовните авиолинии или […]

Свечено отворен новиот прајмклас бизнис-салон на Меѓународниот аеродром Скопје


Меѓународниот аеродром во Скопје, денеска свечено го отвори реномираниот „primeclass“ бизнис-салон, управуван од ТАВ Оперативни услуги, дел од ТАВ Аеродроми. На настанот присуствуваа министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, како и неколку директори на холдингот ТАВ Аеродроми, Гучлу Баткин, главен извршен директор на ТАВ оперативни услуги, Хакан […]

На Скопскиот аеродром се отвора прајмклас бизнис-салон


На Меѓународниот аеродром Скопје денеска свечено ќе биде отворен primeclass бизнис-салонот. Станува збор за простор со луксузен ентериер со исклучителен избор на храна и пијалаци во кој патниците ќе може да се одморат пред или по завршувањето на летот.

Скопскиот аеродром и уште десетина околни населби во недела ќе останат без струја


Од ЕВН Македонија попладнево информираа дека поради реконструкција и модернизирање на дистрибутивната мрежа, во недела од 04:00 до 07:00 ч. наутро, без снабдување со електрична енергија ќе останат скопскиот аеродром и уште десетина околни населби. – Без електрична енергија ќе бидат индустриска зона Чојлија, аеродром Александар Македонски и објектите околу него, населено место Идзирово, Јурумлери, […]

ТАВ: Од 9 октомври патниците да пристигнуваат на шалтерите три часа пред летот


ТАВ апелира до патниците од 9 октомври да пристигнуваат на шалтерите три часа пред летот, бидејќи авиокомпанијата ќе врши надградба на системот за багаж. – Почнувајќи од 9-ти октомври (понеделник), до крајот на ноември 2023 година, односно во период од два месеци, на Меѓународниот Аеродром Скопје ќе се врши надградба на системот за ракување со […]

Денеска пристигнува првиот авион на „Норвежијан“ на скопскиот аеродром


  Првиот авион на „Норвежијан“ („Norwegian“) од Осло се очекува денеска да пристигне на Меѓународниот Аеродром Скопје во 09:40 часот. На настанот по повод првиот лет од Осло најавено е присуство на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт. ТАВ Македонија организира и церемонија за добредојде за […]

„Виз Ер“ и „Луфтханза“ доставија барања за финансиска поддршка за воведување нови авиолинии


Во Министерството за транспорт и врски се отворија барањата за финансиска поддршка за воведување нови авиолинии од двата аеродроми, Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. На јавниот повик кој што траеше од 1 март 2023 година до 31 март 2023 година документација доставија две авиокомпании:  „Виз Ер“ и „Луфтханза“. Како што […]