Среде ноќ запалена канцеларија на Адвокатската комора во Аеродром


Среде ноќ запалена канцеларија на Адвокатската комора на РСМ. Информацијата ја потврдија и од МВР. – Денеска (25.11.2024) во 03.16 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Методија Шаторов Шарло“ на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил опожарен стан – деловен простор на Адвокатската комора на РСМ. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита […]

Адвокатска комора: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права


Адвокатската комора денеска преку соопштение до медиумите реагира на Членот 368 од Законот за облигациони односи, за кој семта дека е дискриминирачки и спротивен на Уставот. Од комората сметаат дека со измените се наруши правниот ред и поредок, се поттикна финансиска недисциплина, при што должниците се ставија во привилегирана положба, наспроти доверителите, а се наруши […]

Љубомир Михајловски доби нов мандат да ја води Адвокатската комора, избран нов состав и на телата на Комората


Адвокатската комора на Република Северна Македонија го одржа 67-то годишно Собрание во рамки на кое беа избрани членови на новиот Управен одбор на Комората, а за претседател беше реизбран адвокатот Љубомир Михајловски. Како што соопштија денеска од адвокатската Комора, Михајловски, кој по втор пат ја добива довербата на адвокатите за прв човек на Комората, во […]

Ексминистер на СДСМ го замени „адвокатот на фамилијата“. Џанго: „Никогаш не сум бил член на партија“


– Никогаш не сум бил член на која било партија ниту, пак, некогаш во животот сум присуствувал на некој партиски состанок. За министер бев избран по долгогодишен работен стаж во МВР, вели Љубомир Михајловски-Џанго. Тој, по кусиот „излет“ во високата политиката како шеф на полицијата во владата на СДСМ (во периодот 2004-2006 година), а претходно […]

Љубомир Михајловски -Џанго: Од прв полицаец до прв адвокат


Половина час по полноќ, изборната комисија ги соопшти гласовите на сите оние кои влегоа во трка за едно од 17- те места во Управниот одбор на Адвокатската комора на Македонија. Од избраните членови, со најмногу гласови е скопскиот адвокат Љубомир Михајловски -Џанго и тој најверојатно е новиот претседател на Адвокатската комора на Македонија. Имено, Михајловски […]

Адвокатската комора на Македонија утре ќе избира нов претседател


Адвокатската комора  утре во Струга ќе го одржи 63. Годишно собрание на кое ќе  се изврши избор на нови органи на Комората. Откако ќе биде избран нов Управен одбор на Комората, ќе биде избран и новиот претседател, откако му истече четиригодишниот мандат на Никола Додевски. Како што објавија дел од медиумите, во игра за претседателското место на Адвокатската […]

Додевски заминува од челното место на Адвокатската комора


Скопскиот адвокат Никола Додевски, по нешто повеќе од четири години претседателствување со Адвокатската комора на Македонија (АКРМ) си заминува од оваа функција. Заминувањето на Додевски е повеќе од извесно, иако тој се уште ужива авторитет меѓу неговите колеги, но повеќе од извесно е и тоа дека тој нема да се кандидира за уште еден, нов […]