Тунтев за „Независен“: На Владата ѝ треба нов авион


Искусен политичар, уште поискусен воздухопловец, Томислав Тунтев, по само два месеца на челната позиција на регулаторното тело, вели дека ќе направи пријателска атмосфера на соработка меѓу Агенцијата за цивилно воздухопловство и институциите што ги контролира. И најавува дека е време за купување на нов државен авион затоа што времето на „лирџетот“ што го имаме му […]

Ако ве снима дрон, пријавете го


Во Македонија има над 1.000 дронови. Од нив, само 53 се регистрирани во Агенцијата за цивилно воздухопловство. Ама уште нема центар за обука на пилоти на дронови а ако наскоро не се оформи, во Македонија ќе смеат да летаат само оние дронови чии пилоти имаат странски лиценци. Немањето тренинг центар не чини и од безбедносен […]

Владата се премисли – АЦВ не влегува во зградата карши МНР


Се полни новата зграда за државна администрација карши Министерството за надворешни работи. Службата за општи и заеднички работи на Владата веќе е преселена во новите простории. Таму ќе бидат сместени и Управата за финансиска полиција и Управата за финансиско разузнавање. И за Министерството за животна средина и просторно планирање, одвоени се простории. Извиси само Агенцијата […]

Воздухопловците на заедничка маса


Актуелни и поранешни директори од институциите од воздухопловството и директори на авиокомпании вчера седнаа на заедничка маса на неформален работен состанок по повод одбележувањето на двата јубилеи, 25 години членство во Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ИКАО) и 20 години членство во Еуроконтрол. Каде била, а каде е сега Македонија на воздухопловната мапа разговараа оние […]