Оливер Миланов ја презеде функцијата директор на Агенцијата за храна и ветеринарство


Подобрување на квалитетот на услугите во Агенцијата за храна и ветеринарство, засилување на инспекциските контроли во делот на безбедноста на храната и храната за животни, здравствената заштита на животните, нивната благосостојбa и ветеринарното јавно здравство, најавува новиот директор на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов. Како што соопштија денеска од АХВ, Миланов на средбата […]

Македонија и Косово ќе ја официјализираат соработката во делот на безбедноста на храната и здравствената заштита на животните


Со потпишување меморандум за соработка Северна Македонија и Косово ќе ја официјализираат воспоставената билатерална соработка на полето на безбедноста на храната и здравствената заштита на животните. Ова го договорија на денешната средба во Приштина директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски и неговиот косовски колега, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство на […]

Утврдена трихинелоза кај дивите свињи во Македонија


Директорот на  Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Атанасов денеска на прес-конференција соопшти дека е утврдена болеста „трихинелоза“ кај дивите свињи на територијата на речиси цела Македонија. Како што истакна Атанасов, има податоци дека „трихинелоза“ не е присутна само во Македонија, туку ја има и во регионот. Директорот апелира граѓаните да не бидат загрижени […]

Освен за јајцата, засилени контролите и за боите за вапсање


Освен јајцата, чиј увоз деновиве, пред велигденските празници, подлежи на засилени контроли, интензивно се следат и производството и увозот на бои за јајца. Досега не се евидентирани отстапувања во однос на безбедноста на увезените прехранбени бои, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство. АХВ апелира граѓаните да купуваат боја за јајца исклучиво од регистрирани производители увозници, која […]

АХВ: Одземена лиценца за извоз на месо на бразилска компанија


На бразилската компанија Seara Alimentos LTDA, која извезува месо и во Република Македонија, и е одземена лиценцата за извоз и е избришана од регистарот на овластени извозници на месо од Бразил, информира Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Информацијата, како што соопштуваат од АХВ, е добиена преку Министерството за надворешни работи каде пристигнало известување од дипломатско […]