ЈСП ќе ги затвора панорамските автобуси


Новото раководство на ЈСП „Скопје“ одлучи да ги затвори панорамските автобуси. За почеток, два од 15 кабрио-автобуси ќе станат затворени. Проценето е дека за таа намена претпријатието ќе треба да издвои околу 20.000 евра. Одлука за трошење на тие пари веќе е донесена од мнозинството на Советот на Град Скопје, кој е основач на ЈСП. […]

Полицијата приведе 20 лица за тепачката во Ченто


МВР соопшти дека 20 лица се приведени во врска со вчерашната тепачка меѓу две групи малолетници на автобуската постојка на улицата „Алија Авдовиќ“ во скопската населба Ченто. Како што се наведува во полицискиот билтен, околу 19.35 часот во Единицата за информации и команда Скопје, возач во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје пријавил дека на ул. „Алија […]

Автобусите на одмор, граѓаните под напон


Нема автобуси, други што ќе дојдат не запираат, трети возат по стотина патници, дисплеите на постојките не функционираат, за некои дестинации воопшто нема директни линии, повторно се возат старите зглобни автобуси… Ова се генералните забелешки на скопјани во врска со јавниот градски превоз. Како и секоја зима, нивниот револт расте пропорциoнално со студот што ги […]

И викендов на Водно само со автобус


Градските власти потсетуваат дека денеска и за време на викендот граѓаните ќе имаат можност со автобус да се искачат до Средно Водно и да се рекреираат на чист воздух. На располагање им се двете нови пробни автобуски линии 25А и 25Б, како и постојната линија со број 25, кои за време на викендите и државните […]

Пренасочување на сообраќајот во центарот на Скопје


Поради одржувањето на традиционалната Атлетска улична трка во централното градско подрачје, денеска во периодот од 16:00 до 17:00 часот затворени за сообраќај ќе бидат улицата 11.Октомври од крстосницата кај Црвен крст, преку улицата Димитрие Чуповски до крстосницата кај ТЦ „Палома Бјанка“, улицата Филип Втори Македонски од хотелот „Холидеј ин“ до крстосницата со улицата 11.Октомври. Автобусите […]