Австралиските новинари стапија во петдневен штрајк


 Стотици австралиски новинари денеска почнаа петдневен штрајк додека траат преговорите за плати. Штрајк има во повеќе австралиски дневни весници – „Сидни морнинг хералд“ (Sydney Morning Herald), „Ејџ“ (Age) и економскиот весник „Острелијен фајненшел ривју“ (Australian Financial Review), кои се дел од групацијата „Најн ентертејмент“ (Nine Entertainment). Во штрајк стапија и новинарите од повеќе весници во […]

Одлуката е донесена: Се зајакнува армијата, се регрутираат странски државјани


Австралискиот министер за одбрана Ричард Марлс денеска изјави дека земјата ќе започне со регрутирање на неавстралиски државјани во армијата. Марлс изјави дека целта на овој потег е да се пополни недостигот од 4.400 регрути во австралиските одбранбени сили, чија цел е да има вкупно 63.400 луѓе во активните сили, пренесува АП. Австралиската влада си постави […]

Австралија и Нов Зеланд испраќаат авиони за евакуација на туристи од Нова Каледонија


Австралија и Нов Зеланд најавија дека ќе испратат владини авиони за да ги евакуираат своите граѓани од Нова Каледонија, француска прекуморска територија каде што летовите се прекинати поради насилните протести по повод измените на изборните закони. „Граѓаните на Нов Зеланд во Нова Каледонија се соочија со неколку предизвикувачки денови и нивното враќање дома беше итен […]

Петмина тинејџери обвинети за тероризам по нападот со нож во црквата во Сиднеј


Пет тинејџери се обвинети за терористички дела за време на истрагата за прободувањето со нож на две лица во црква во Сиднеј претходно во април, соопшти австралиската федерална полиција (ФФП). „Пет малолетници се обвинети бидејќи Заедничкиот антитерористички тим (JCTT) Сиднеј продолжува да ги испитува соработниците на наводниот сторител кој го изврши прободувањето со нож во […]

Австралија го зголемува буџетот за одбрана


Австралија ќе ги зголеми расходите за одбраната за 50,3 милијарди австралиски долари (32 милијарди американски долари) во следната деценија и ќе го модернизира оружјето, пред сè ракетите, беспилотните летала и воените бродови. Најголемиот дел од новите расходи, кои вкупно ќе изнесуваат 330 милијарди австралиски долари во следните 10 години, ќе бидат реализирани во последните пет […]

Силен дожд во источна Австралија, опасни поплави во Сиднеј, спасени 152 лица


Австралиските власти соопштија дека 152 лица се спасени од поплавите во источната држава Нов Јужен Велс по обилните дождови што предизвикаа предупредувања за жителите да се преселат на повисоките места. Властите соопштија дека биле извршени 72 спасувања во најголемиот австралиски град Сиднеј, каде што дојде до опасни поплави во неколку ниски предградија. На сила беа […]

Двојна победа за Ферари во Австралија, неуспех за Верстапен и Ред Бул


Карлос Саинц и Шарл Леклер направија двојна победа за Ферари на трката за ГН на Австралија, а Шпанецот го презеде водството во вториот круг и остана во водство до финишот. Големиот фаворит Макс Верстапен со Ред Бул се повлече во третата рунда поради оштетување на задната десна сопирачка, која се запали. Пред тоа, Макс погреши […]

Околу 700 луѓе останаа заробени, прекинати сите врски – циклон во Австралија


Околу 700 луѓе останаа блокирани на северот на Австралија по минувањето на тропскиот циклон кој ги прекина врските со остатокот од земјата. While #CycloneMegan has been downgraded to a Tropical Low this morning, residents in Borroloola and surrounding areas are advised to brace for heavy rainfall. Rising water levels in Rocky Creek and the McArthur […]

Маж почина откако падна од воздухопловен балон во Австралија


Еден човек почина откако падна од воздухопловен балон во Мелбурн, Австралија, јавија американските медиуми.  Балонот полетал од северните предградија на Мелбурн рано денеска и бил во воздух околу 30 минути пред човекот да падне од кошот. Телото било пронајдено во станбена област која била затворена за сообраќај од страна на државната полиција на Викторија. Балонот […]

Шумски пожари во Австралија, повик за евакуација на 30.000 луѓе


Поради шумските пожари што избувнаа во Викторија на југоистокот на Австралија на 22 февруари, властите повикаа да се евакуираат околу 30.000 луѓе. Властите соопштија дека неконтролираните шумски пожари достигнале „катастрофално“ ниво и дека околу 30.000 луѓе кои живеат во западниот дел на земјата веднаш треба да ја напуштат областа. Веб-страницата „VicEmergency“, која обезбедува информации за […]

Жена во Австралија со години спиела покрај трупот на својот мртов брат


Жена во своите седумдесетти години спиела покрај гнилиот труп на нејзиниот брат во куќа во богатото предградие Џилонг, југозападно од Мелбурн. Просечната цена на куќа во населбата Њутаун во моментот е 1,1 милион долари. На 29 декември 2022 година, полицијата отишла да ја провери состојбата на нејзиниот брат, но кога пристигнала во куќата наишла на […]

Најмалку едно лице загина во невреме во Австралија


Стотици илјади жители низ австралиската држава Викторија останаа без струја откако далноводи беа соборени поради лошите временски услови. Невремето предизвика и пожари во кои беа повредени пет пожарникари, а властите соопштија дека еден маж починал на југот на државата откако бил погоден од отпадоци што летале во воздухот. Половина милион објекти вчера останаа без струја, […]

Австралија ја укина „златната виза“ за богатите инвеститори од странство


Австралија ја укина „златната виза“ која им овозможуваше на богатите инвеститори од странство да живеат во земјата, а главната причина е што таа била злоупотребена од корумпирани функционери. Оваа програма беше осмислена за да привлече странски инвестиции, а е отфрлена откако австралиската влада, по повеќекратни контроли, утврди дека не постигнува задоволителни економски резултати, јави Би-Би-Си. […]

Ел Нињо во Австралија. Температурите достигнуваат речиси 50 степени


Големи делови од Австралија денеска беа зафатени од топлотен бран, соопшти националната метеоролошка агенција, зголемувајќи го ризикот од шумски пожари во веќе ризичната сезона на пожари поради временските услови на Ел Нињо. Предупредувањата за топлотен бран на „екстремно“ ниво, највисоко ниво на опасност, се во сила веќе втор ден за делови од Западна Австралија и […]

Поплави во источна Австралија


Обилните дождови предизвикаа поплави во делови од источна Австралија, поплавувајќи патишта, отсекувајќи градови и оштетувајќи имот, додека властите ги советуваат жителите на ниските места да се евакуираат. Во неколку региони во југоисточниот дел на Квинсленд и северниот дел на Нов Јужен Велс во последните три дена наврнала количина еднаква на најмалку два месеци врнежи. Во […]

(Видео) Поплави во Австралија, градот ќе се евакуира. Крокодил плива низ улиците


Реекордна количина на врнежи е причина за огромните поплави во Австралија, на крајниот север на Квинсленд. Властите наведуваат дека ова е најлошата поплава некогаш забележана во Австралија, а на улиците дури е забележан и крокодил, пишува Би-би-си.   Екстремните временски услови предизвикани од тропски циклон фрлаат годишно количество дожд во некои австралиски области. Фотографиите објавени […]

Топлотен бран во Австралија се очекуваат 46 степени. „Опасноста е екстремна“


Големи делови од Австралија беа преплавени во услови на топлотен бран денеска, што ја натера Националната метеоролошка служба да издаде предупредувања за шумски пожари во неколку држави. Во Нов Јужен Велс, најнаселената австралиска држава, денеска горат повеќе од 50 пожари и воведена е целосна забрана за пожари во многу области, вклучувајќи го и Сиднеј, соопшти […]

(Видео) Паркиран автобус во Австралија се придвижил кон бензинска пумпа, ученичка го спасила денот


Тинејџерка на возраст од 14 години е поздравена како херој откако нејзиното брзо размислување спречи училишен автобус да удри во бензинска пумпа во Нов Јужен Велс. Средношколскиот автобус минатата среда бил паркиран пред училиштето, кога почнал да се движи без возач зад воланот. Изабел Милер, која се качила во автобусот само за да разговара со […]

Десет милиони Австралијци останаа без телефонски и интернет врски


Десет милиони Австралијци денеска останаа без мобилни и интернет услуги, откако целосно беше парализиран системот во вториот најголем провајдер во земјата – „Оптус“ (Optus), јави ДПА. Од раните утрински часови, корисниците на „Оптус“ ширум земјата не можат да се јавуваат или да сурфаат, јавија австралиските медиуми. Според извештајот на радиодифузерот „9Њуз“, (9News) ова е најголем […]

Во Австралија пет лица загинаа кога автомобил влета во паб


Пет лица загинаа, а шест се повредени, меѓу кои и возачот, кога автомобил влета во паб во австралискиот град Дејлсфорд, соопшти денеска полицијата. Момче, двајца мажи на возраст од 30 и една жена на 40-годишна возраст починале на лице место, додека една тинејџерка починала во болница во Мелбурн, каде што била пренесена со хеликоптер по […]