АВМУ за заканите кон Ерол Ризаов: Новинарите мора да можат слободно и непречено да ја вршат својата работа без закани


Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги укажува на сериозноста на содржината на коментарите објавени на официјалната Фејсбук страница на новинарот и колумнист Ерол Ризаов, во кои се упатуваат сериозни закани, повици за физичко насилство и навреди по основа на етничка припадност. Во дел од коментарите се содржани повици за физичко пресметување со новинарот, вклучително […]

Втор јавен состанок на АВМУ


Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска ќе одржи јавен состанок на директорот Зоран Трајчевски ќе ги презентира спроведени активности согласно Годишната програма за работа на АВМУ.  Ова е втор јавен состанок на АВМУ за годинава, а ќе биде презентирано и истражување на тема „Жени и мажи пред камерите: Родова (не)рамноправност на националните ТВ […]

Јавен состанок за спроведените активности од Годишната програма за работа на АВМУ


Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска ќе го одржи последниот јавен состанок за 2024 година. Како што е најавено, за спроведените активности согласно Годишната програма за работа на АВМУ, ќе говори Зоран Трајчевски, директор на АВМУ.

Јавниот сервис лани со загуба од 132 милиони денари, а комерцијалните телевизии 140 милиони денари


Во 2023 година вкупните приходи во радиодифузната индустрија изнесувале 2.458.000 денари, а вкупните трошоци 2.708.000 денари. Резултатот од работењето на сите субјекти на пазарот покажува загуба од 261 милион денари, при што  загубата на јавниот сервис изнесувала 132 милиони денари, а на комерцијалните телевизии 140 милиони денари. Добивка оствариле само комерцијалните радија која изнесувала 10 […]

Приватната високообразовна установа Универзитет Скопје доби дозвола за емитување радиопрограма за студенти


Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) на денешната 19-та седница одлучи да се одбие пријавата на Државниот универзитет Тетово (ДУТ) за учество на јавен конкурс за доделување дозвола за радиоемитување програмски сервис на албански јазик наменет за студентите, како непрофитна радиодифузна установа на локално ниво на подрачје на општина Тетово. Констатирано било дека […]

АВМУ ги пречекорила овластувањата, одлучи Уставниот суд


  Уставниот суд денеска го укина член 9 став 6 во делот „и лицата ангажирани врз основа на договор за дело и/или авторски договор” од Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување („Службен весник на Република Mакедонија” бр.172/2014 и бр.76/2015), опфатен во предметот Реферат У.бр.32/2022.  […]

Владата ги утврди предлог-измените на Законот за АВМУ


 Владата на денешната 149 седница го утврди текстот на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Како што соопшти владината Прес-служба, според образложението од предлагачот, Министерството за информатичко општество и администрација, со измените се усогласуваат одредби во Законот со законодавството на Европската Унија. Министерот за информатичко општество […]

Прв јавен состанок на АВМУ за 2023 година


Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска во своите простории ќе го одржи првиот јавен состанок за 2023 година, на кој ќе биде презентиран извештајот за реализираните активности во првиот квартал од оваа година. Како што соопштуваат од АВМУ, на состанокот ќе бидат претставени и наодите од Aнализите на родовите прашања и начинот […]

АВМУ и ЗНМ како спротивна на Законот гледаат на кампањата за ОБСЕ, МНР не се сложува


 Одлуката на Министерството за надворешни работи (МНР) да потроши 100.000 евра за кампањи со цел промовирање на претседавањето со ОБСЕ е спротивна на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, порачуваат од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и потенцираат дека тоа е во спротивност со член 102 од Законот во кој се […]

АВМУ ќе го одржи третиот јавен состанок


Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска ќе го одржи третиот јавен состанок. Согласно агендата на АВМУ, на состанокот ќе се дискутира за спроведените активности согласно Годишната програма за работата на АААВМУ. На дневниот ред се и „Анализата на пазарот на аудио и аудиовизуелните медиумски услуги за 2021 година“, како и „Нацрт за […]

АВМУ: Комерцијалните радиодифузери во 2021 година со повисоки приходи од 2020


  Анализата на Агенцијата за аудио и аудиовизулени медиумски услуги (АВМУ) за 2021 година, покажала дека пандемијата од коронавирусот, се одразила на работењето на телевизиите и радијата, но и дека индустријата полека закрепнува. Комерцијалните радиодифузери во 2021 година прикажале повисоки приходи во споредба со претходната година, за разлика од јавниот радиодифузен сервис кој располагал со помалку средства во […]

АВМУ ќе покрие 50 проценти од надоместот на регионалните и локалните телевизии 


Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), на денешната седница донесе заклучок со кој регионалните и локалните ТВ станици – Медиум за 2022 година се ослободени од 50 проценти од надоместот за медиумско работење. Советот, исто така, едногласно донесе заклучок кој ќе биде доставен до Владата за да обезбеди покривање на трошоците за пренос […]

Претседателските кандидати ќе потрошат 10 милиони евра


Секој од тројцата кандидати за претседател на државата ќе може да потроши максимум по 3.3 милиони евра во кампањата. Од буџетот на државата ќе му бидат платени сите трошоци за рекламирање во телевизиите, весниците и интернет-порталите, додека останатите трошоци за митинзи, билборди или изборен материјал ќе бидат обврска на кандидатите, односно партиите што ги поддржуваат. […]

ЗНМ: Медиумските реформи да се вратат во Планот 18


Здружението на новинари на Македонија бара од Владата да ги врати медиумските реформи во Планот 18 и сериозно да се посвети на ветувањата дадени на новинарската заедница и на Советот на Европа за корекција на Изборниот законик, кој летоска беше изменет и дополнет без дебата и нетранспарентно. -Здружението на новинари на Македонија протестира што Владата ги […]

АВМУ констатира неправилности во јавната пропаганда за референдумот


Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во рамки на мониторингот на медиумското претставување за време на референдумот кај повеќе радиодифузери констатираше неколку прекршувања на правилата за емитување платена јавна пропаганда. – Не се почитува дозволеното време за емитување на рекламните пораки „ЗА“ референдумот, вакви реклами се емитуваат и во програми во кои тоа не е […]

АВМУ: Партиите ќе се рекламираат со пари на граѓаните


Измените во Изборниот законик се скандалозни и со нив политичкото рекламирање за време на изборните процеси што политичките субјекти им го плаќаа на медиумите од своите сметки, сега ќе се плаќа од парите на граѓаните, реагира Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Измените на Изборниот законик беа донесени по скратена постапка во Собранието на Република […]

АВМУ со осуда за нападите врз новинарите


Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги осуди вчерашните напади врз медиумските работници, приведувањето новинари, но и непрофесионалното однесување на некои новинари. – Медиумските работници мора да бидат ослободени од секаков вид на притисоци и да им се овозможи непречено да ја вршат својата работа, особено кога станува збор за прашања од посебен јавен […]

Од МРТВ никако да се тргнат рацете на политиката


Марјан Цветковски ќе остане на чело на МРТ сѐ додека не се донесе новиот закон за аудио и аудиовизуелни услуги, а кога ќе се случи не се знае,бидејќи оваа регулатива е заглавена во парламентот. Истото важи и за Советот на МРТ, како и за директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги Зоран Трајчевски и […]

Рез за непотизмот во регулаторните тела


Построги и поконкретни критериуми за избор на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги (АВМУ) и на Програмскиот совет на МРТ предвидува новата регулатива од оваа област, за која моментно сѐ уште тече јавна расправа. Законот за аудиовизуелни услуги, чија финална верзија наскоро ќе почне да се подготвува, најмногу ги заострува критериумите […]

Анкета: АВМУ и АЕК непрепознатливи за граѓаните


За Агенцијата за ауди и аудио визуелни медиуми слушнале нешто помалку од 20 проценти од граѓананите, а за Агенцијата за електронски комуникации околу 30 проценти, посочуваат резултатите од завршниот мониторинг извештај за работата на овие две регулаторни тела. Ова го покажуваат резултатите од анкетатата спроведена од Евротинк – Центар за европски стратегии, НВО Инфоцентар, Транспарентност Македонија […]