(Видео) Авион пролета неколку метри над главите на туристите на Скијатос


Авион на „Виз ер“ летал неколку метри над главите на туристите при слетувањето на грчкиот остров Скијатос. На драматичната снимка може да се забележат ентузијасти кои често на приодот до островот чекаат авионот да слета на пистата, која е многу блиску до брегот. Но и искусните во вакви ситуации не биле подготвени за слетување на […]

Во ледник во Швајцарија најден авион што паднал во 1968 година


  Остатоците од авионот кој се срушил во швајцарските Алпи во 1968 година пронајдени се во ледник 54 години подоцна, објави полицијата. Остатоците на леталото се појавиле на ледникот Алеш, во југозападниот дел на кантонот Валис, близу врвовите Јунгфрау и Монх. Полицијата појасни дека авионот е пронајден во четвртокот. „Со истрагата е утврдено дека се […]

(Видео) Драма на аеродром во Сомалија: Патнички авион се преврте на пистата, веднаш се запали


Авион се превртел и се запалил на меѓународниот аеродром Адан Аде во Сомалија. За среќа, сите 36 патници и членови на екипажот преживеаја, соопшти сомалиската управа за цивилно воздухопловство. Станува збор за авион Фокер-50, произведен од холандската компанија „Фокер“, која е задолжена и за сервисирање на авионот. Портпаролот на „Фокер сервис“ изјави дека нема да […]

Дирекцијата за заштита и спасување подготвена за евентуални пожари летово


Дирекцијата за заштита и спасување оваа сезона влегува доста поподготвена од тоа што беше лани. Со првиот авион веќе има интензивни тренинзи, во петок ќе има заедничка активност со МВР за гасење на пожари на отворено, истакна директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути. – Веќе со првиот авион којшто е вратен имаме […]

Украинскиот авион што падна во Грција се изгубил од радарот пет минути откако побарал помош


Пет минути откако ги информирал контролорите на летање дека има проблем со еден од четирите мотори и две минути по разговорот со контролната кула во Кавала и барањето за принудно слетување, украинскиот авион Антонов-12 се загубил од радарите, според податоците објавени од Службата за цивилно воздухопловство на Грција (ИПА), јави дописничката на МИА од Атина. […]

Пронајдени две тела на загинатите во авионската несреќа во близина на Кавала


Портпаролот на противпожарната служба на Грција Јоанис Артопиос попладнево соопшти дека по падот на авионот западно од грчкиот град Кавала, едно тело е извлечено, а уште едно е лоцирано, јави дописничката на МИА од Атина. Осум украински државјани биле членови на екипажот на карго авионот Антонов-12 што синоќа еден час пред полноќ се урна, откако […]

(Видео) Вечерва авион кој летал од Србија се урна во Грција


Авионска несреќа се случи пред кратко време во вечерва во близина на грчкиот град Кавала, јавуваат грчките медиуми. Според првите информации, леталото што се урнало било од типот Антонов и пилотот побарал од него итно да слета во Кавала, но не успеал. Екипите на ЕМАК од Солун и Комотини пристигнале на местото на настанот, додека […]

Грција со два авиона ѝ помага на Франција во гаснењето на шумските пожари


Два авиона од типот Канадер испрати Грција во Франција за да помогнат во гаснењето на големите шумски пожари во југозападниот дел на земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за климатска криза и цивилна заштита на Грција соопштија дека земјата веднаш одговорила на барањето за помош на француските власти, испратено преку Европскиот механизам […]

Авион летал со огромна дупка на трупот од Дубаи до Австралија


Патнички авион „Ербас А-380“ на компанијата „Емирати“, речиси 14 часа летал од Дубаи со огромна дупка на трупот, пред да слета во Бризбејн, Австралија. Се верува дека штетата е предизвикана од експлозија на гума по полетувањето од Дубаи, Обединетите Арапски Емирати. За време на летот, патниците му пријавиле на екипажот дека слушнале силен тресок при […]

(Видео) Авион во САД слета без тркала, се запали на пистата


  Авион со 126 луѓе во него се запали на пистата откако слета на аеродромот во Мајами, пишува Скај њус. Авионот на компанијата „Ред ер“ имал проблеми со предниот дел за слетување, а летал од Санто Доминго во Доминиканската Република. Close-up video of passengers getting off the plane | #ONLYinDADE pic.twitter.com/o3YyMU9mgx — ONLY in DADE […]

Затворен воздушниот простор на Швајцарија


Полетувањата и слетувањата на швајцарските аеродроми се прекинати поради технички проблем во системот за контрола на летање. Ова го соопшти швајцарската агенција која обезбедува услуги за воздушна навигација Skygate. Во соопштението на Skyguide се наведува дека швајцарскиот воздушен простор е затворен за сообраќај до понатамошно известување поради безбедносни причини поради техничка неисправност што се случи […]

САД го укинуваат задолжителниот ковид-тест за патниците во авионите


 САД го укинуваат задолжителното тестирање за Ковид-19 за патниците кои доаѓаат во земјата со авион, соопшти денеска Белата куќа. Соочени со појавата на варијантата омикрон, американските здравствени власти ги заострија процедурите за тестирање за влез во САД во декември 2021 година. Сите патници на возраст над две години мораа да приложат негативен тест за ковид направен […]

Пронајден авионот што без дозвола прелета неколку европски земји, бугарските власти го бараат пилотот


  Бугарските власти го бараат пилотот на авионот кој неовластено прелета неколку евроски земји во средата. Одбранбените сили во земјата ставени се во состојба на готовност во средата навечер кога во бугарскиот воздушен простор откриен е мал авион, јави Еуроњус. „Авион „Бичкрафт“ со две седишта очигледно полетал од Унгарија и прелетал над Полска и над […]

Во Калифорнија се урна воен авион на американската морнарица, загина пилотот


Воен авион на американската морнарица се урна во пустината Мохаве во југозападна Калифорнија. Пилотот загинал, јавуваат агенциите, повикувајќи се на властите. Авион Ф/А-18Е „Супер Хорнет“ од поморската воздухопловна база во Лимор се урна во областа Трона – населба во пустината Мохаве, округот Сан Бернардино, соопшти американската морнарица. Никој на земјата не е повреден. Идентитетот на […]

Лажна дојава за поставена бомба во авион на летот Рим – Приштина


 Меѓународниот аеродром во Приштина синоќа добил закана дека во авионот кој летал од Рим кон косовската престолнина е подметната бомба, меѓуоа се испоставило дека дојавата е лажна, јави дописникот на МИА од Приштина. Полициските власти информираа дека по приемот на дојавата, која стасала во време додека авионот бил во лет, била извршена контрола на авионот […]

Лоцирано местото на падот на авионот во Непал


Непалската армија соопшти дека го лоцирала местото на падот на авионот кој исчезна вчера, а во кој имало 22 лица. – Тимовите за пребарување и спасување го лоцираа местото на несреќата – портпаролот на армијата Нарајан Силвал на Твитер, објавувајќи слика на која се гледа бројот на опашката на авионот. Како што беше претходно објавено, […]

Познати националностите на пилотот и патниците во исчезнатиот авион во Хрватска


Пилотот на спортскиот авион „Цесна“, кој денеска исчезна од радарот по полетувањето од Сплит кон Германија, е швајцарски државјанин, додека двајца патници се германски државјани, а едно лице е хрватски државјанин, покажуваат податоците на полицијата. Шефот на полициската управа во Карловац, Дарко Братиќ, изјави дека оваа информација полицијата ја добила во најавата за летот од […]

Се урна авион кој полетал од Сплит, во кој имало четворица патници


Денеска во 11:25 часот од радарот на хрватските служби за воздухопловна навигација во поширокото подрачје на Слуњ исчезна авион „цесна 182“. Авионот летал од правец на Сплит кон Германија, јавија хрватските медиуми. Веднаш по пријавата, во претресот на теренот се вклучиле 34 полицајци, меѓу кои и припадници на специјалната и интервентната полиција и 28 припадници […]

Задолжително носење заштитна маска на летовите од и кон Германија


Патниците кои летаат кон и од Германија сепак ќе мора да носат маски за време на летот и покрај олеснувањето на мерките за епидемијата во Европската унија, соопшти денеска германското Министерство за внатрешни работи. Според протоколите, „FFP2“ или медицинските маски мора да се реме на целиот лет. Маските може да се симнат само додека патниците […]

Авион во Кина се запали при полетување, повредени неколку патници


На аеродромот во Чонгкинг, Кина, се случи драма кога авион се запали при полетување. Кинеската „Тибет ерлајнс“ соопшти дека сите патници и членови на екипажот се евакуирани и дека никој не загинал, пренесе Ројтерс. Во авионот имало 113 патници и девет членови на екипажот, а пријавени се само полесни повреди, соопшти Тибет ерлајнс. Според Ројтерс, […]